Историја

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (7 дел)

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА МИСИРКОВ И ЧУПОВСКИ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД 

За македонските национални пројави и за нивната опасност за бугарштината сведочи и писмото на скопскиот егзархиски намесник Неофит упатено до бугарскиот егзарх на 20.06.1910 година:

 „Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во пис­мото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде про­фесор на скопски универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зош­то да ме лажат, тогаш сами­от заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие исто­риски времиња. Замислете си да се здружат заедно мисирковштината на господинот Крсте, сепаратизмот на Неговоро Високопреосвеш­тенст­во Теодосија и автономизмот на господинот Петар Попарсов!“

Дека ова писмо не било случајно, сведочи фактот што во тоа вре­ме и навистина се подготвувало враќање на митрополитот Теодо­сија во Скопје, каде што, заедно со Крсте Мисирков и Петар Попар­сов, тре­бало да следи отворање на првата Висока педагошка школа во Ма­ке­донија,во која наставата требало да се следи на македонски ја­зик.

 Да го спомнеме и Македонското научно-литературно другарство, формирано уште во 1902 година во Санкт-Петербург и неговата чиста македонска нацио­­нална. Тие сосема јасно се залагале за самостојна држава Ма­ке­­­донија со македонска нација и со посебен македонски литера­турен јазик и самостојна црква. На чело на ова Другарство бил најис­так­натиот македонски национален деец од тие времиња Димитрија Чу­повски (заедно со Мисирков и со други истомисленици, меѓу кои и: Г. Константинович, Н. Ничота, А. Димов, П. Ќулафковски, А. Џоло­виќ и други). 

Но, кога зборуваме за илинденци и за членови на ТМОРО, кои јасно се декларирале како Македонци, како таков секако дека треба да го спомнеме и самиот Димитрија Чуповски, кој исто така бил член на ТМОРО. Како член на ТМОРО, Чуповски уште во 1895 година бил и уапсен од турската власт. Меѓутоа, успеал да избега и, по совет од Организацијата,з аминал за Србија,а оттаму и во Русија. Еве што напишал самиот Димитрија Чуповски:

„Во ова епско време од историјата на Македонската револуција, мене не ми се даде можност долго да работам внатре во земјата, бидејќи добро сум им бил познат на турските агенти како активен пропагандист за ослободувањето на Македонија. Затоа, по моето доаѓање во татковината било организирано и мое надгледување. Наскоро дојде до моето затворање. Претстоеше суд, затвор, па за да ги одбегнам последниве, јас организирав мое бегство. По совет на Организацијата се вратив назад во Србија“.

За ставовите на Чуповски кон Македонија и кон македон­ското прашање децидно зборува неговата изјава:

„Во ова време односите на официјална Србија спрема Маке­дон­ците се влошија. Со развивањето на дејноста на Револуционерниот маке­донски комитет, империјалистичките влади на Србија, Буга­рија и Грција почнаа непријателски да се однесуваат спрема Маке­донците… Поради тоа Македонците беа принудени да водат борба на четири фронта – против Турците, Србите, Грците и Бугарите…“

Ова е само една од многубројните македонски национални арти­кулации на Чуповски и на неговите истомисленици.

Конечно, секретарот на Македонското научно-литературно дру­­гар­ството Милан Стоилов од Кукуш (1881-1903) и самиот загинал како учесник во Илинденското востание, што значи дека и тој бил илинденец, кој себеси сосема јасно се декларирал како Македонец. (Подетално за активноста на МНЛД да се види во книгите: „Ди­митрија Чуповски (1878-1940)“ и „Македонското научно-литера­турно другарство во Петроград“ (1-2, Скопје, 1978) и „Димитрија Чуповски и македонската национална свест“ (Скопје, 1996) од д-р Блаже Рис­тов­ски.

Учесник во Илинденското востание, кој се декларирал како Ма­ке­донец, е и македонскиот национален деец Филип Николовски, исто така член на МНЛД во Петербург. Во 1904 година тој во Петер­бург подготвил реферат под наслов: „Кои причини ги тераат Русите и воопшто патешествениците да ги мешаат Македонските Сло­вени со Србите и со Бугарите“, што доволно зборува за неговата нацио­нална определба. Освен тоа, Филип Николовски се јавува како сора­бот­ник и во списанието „Вардар“ (1905) на Крсте Мисирков, каде што објавува записи на македонски народни песни.

Посредни допири со МНЛД имал и познатиот илинденски војвода Пандо Кљашев.

Некои пропагандисти велат дека и Крсте Мисир­ков пред крајот на својот живот наводно се „откажал“ од македон­штината и како „доказ“  за ова даваат некои негови наводни пробугар­ски изјави. Да го об­јасниме и ова.

Точно е дека Мисирков дал слични изјави и во Русија и во Буга­рија, но во време критично за целоста и судбината на неговата татко­вина Македонија, кога ја загрозувало поделба од соседите, или пак кога бил изложен под неверојатен притисок од страна на големо­бугарските шовинисти, кои секаде каде што можеле го навредувале и напаѓале, па дури и му се заканувале со смрт. Но Мисирков не бил толку плашлив човек, уште многу млад го заложил животот на жрт­веникот на својот народ, па фактички никогаш не се откажал од македонската национална идеја. Најдобар доказ е фактот што и кога ги дал тие изјави, продолжил да објавува статии со теми поврзани со македонската национална  посебност, но потпишан под псевдоним (Пелски)! Доказ за ова не се само неговите статии во списанието „Ма­ке­донскиј голос“ („Македонски глас“) објавени во 1914 година под псев­доним, туку и Меморандумот до рускиот министер за надворешни работи на Русија од 14 август истата година потпишан од Д. Чуповски и К. Мисирков, каде што опширно се образлага историјата на маке­дон­ската националноослободителна борба и развитокот на маке­донската национална мисла. Исто така треба да се има предвид дека и непос­редно пред својата смрт (1925-1926), кога и во софискиот печат ги објави своите тестаментални статии, како што пишува д-р Рис­товски, тој тајно, под истиот псевдоним Пелски, соработувал во виен­­­скиот весни­к на македонските федералисти „Македонско созна­ние“. Вака објавените статии под псевдоним, во илегала, многу повеќе збо­руваат за неговите вистински идеи, отколку некои јавно дадени изну­дени пробугарски изјави, дадени  во околности на загрозеност на неговиот живот во Бугарија.

Конечно, мнозина денешни овдешни бугаромани, сосема друго зборуваа во времето на Титова Југосла­вија, а некои од нив дури беа и истакнати експоненти на марксизмот и југосло­венското самоуп­раву­вање. Со ова не сакам да ги „навредувам“ што тие преку ноќ си ја „сме­ниле капата“, па од „југословенски самоуправни пат­риоти“ и станале „бугарски патриоти“ и бугаромани, туку дека едноставно во времето на таа Југославија морале така да си ја заштитуваат својата работа, семејството и сл.

Сличен е случајот и со Мисирков. Дури и кога бил принуден да дава привидно пробугарски изјави, тој смело под псевдоним, изложен и на опасноста да биде откриен и репресиран или ликвидиран, про­должил континуирано да пишува македонски национални тексто­ви. Овој факт има далеку поголема тежина,отколку она што, во одре­дени моменти од својот живот и заради судбината на татковината, бил принуден јавно да го декларира. (ПРОДОЛЖУВА)

cuposkiДимитрија Чуповски (1878 – 1940): Македонците беа принудени да водат борба на четири фронта – против Турците, Србите, Грците и Бугарите

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top