Историја

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (9 дел)

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

ФЕЉТОН: МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (9 дел)

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

БУГАРСКИ АГЕНТ ВО 1903 ГОДИНА ТВРДЕЛ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СО МАКА ГО УЧЕЛЕ БУГАРСКИОТ ЈАЗИК!

           По задушувањето на Илинденското востание бугарската влада сфатила дека нејзината кауза е загубена во Македонија. Во врска со ова редак­торот на угледниот софиски весник „Дневник“ бугарскиот публицист Николов,  обраќајќи им се на Србите, меѓу другото рекол:

            „Ние треба што побргу да се спогодиме, па со економско-трговските врски да ја опфатиме Македонија, која и вам и нам ни се измолкна од раце. Тоа ние подобро го чувствуваме од вас. Се оддели Македонија, верувајте! Македонците воопшто не се искрени во ра­ботата со вас и со нас. Додека да се ослободат, тие ќе бидат и со вас и со нас, но кога тоа ќе стане, тогаш и вам и нам (а особено нам) ќе ни речат да си ги прибереме рацете… Да не мислите дека тие се луди за да се согласат вие или ние да ги присоединиме или да ги поделиме? Не, решително ќе бидат против тоа“.  (Подетално кај Блаже Ристовски: „Крсте П. Мисирков…“, стр. 383-384).

           Во продолжение ќе наведеме и други документи што сведочат за маке­дон­ските национални артикулации околу илинденскиот пе­риод. Се работи за писмата што егзархискиот агент Ефтим Спространов му ги упатил на бугарскиот министер-претсе­да­тел (премиер) Р. Петров во времето непосредно по Илинденско востание. Веќе рековме дека Ефтим Спространов бил во дослух со бугарскиот поли­тички врв и во писмата во врска со македонското де­­ло јасно ги  опи­­шувал состојбите околу пројавите на македонската на­­ци­о­­нална свест кај припадниците на нашиот народ од почетокот на овој век. Така, на пример, во писмото до бугарскиот премиер Петров во врска со зачестените манифестации на македонското национално самосоз­на­ние во ноември 1903 година Спространов, меѓу другото, пи­шува:

            „Како што гледате господине Министер-претседателе, вак­вите идеи што веќе нашироко се прифаќаат од македонското насе­ление, не се ни малку за потценување за да не им се посвети големо внимание. Ако притоа додадам дека пропагаторите на македон­скиот сепаратизам се зафатиле мошне студиозно и со ентузијазам да печатат книги, речници, читанки, историски учебници и гра­матика на македонски јазик, тогаш можете да ја сфатите пореално опасноста за бугарштината во Македонија. Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интели­генција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугар­скиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мај­чиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го пра­ви тоа со бугарскиот јазик .“

         Веќе на 24. 11. 1903 година Ефтим Спространов упатил друго пис­­мо до  премиерот Петров, од чија содржина, не само што се гледа фак­тот дека во екот на Илинденското востание се правеле подго­товки за списанија и весници на македонски (а не на бугарски) јазик, туку Спространов отворено изја­вува дека т. н. македонски сепара­тизам незапирливо продолжува да се шири наспроти волјата на бу­гарската влада и пропаганда. Така, тој на бугарскиот премиер меѓу другото му напишал:

          „…Но ме чуди и Вашиот став бескомпромисно да се борите про­тив секаков македон­ски сепаратизам. Веројатно имате и држав­нички план за не­говата ликвидација… Вашите забелешки дека не сум и служел чесно на држа­вата од која сум примал плата, посеб­но ме жалостат. Што се однесува за моето пишување во списа­нијата и вес­ниците на македонско наречје, тоа го правев од еднос­тавна цел да им се приближам на сепаратистите за да можам поподробно да се запознаам со нивната дејност. Ако притоа резул­татот од таквата моја дејност го оценувате како штетен за бугарското дело во Ма­кедонија, јас не сум виновен, бидејќи тие списанија и весници ќе изле­гуваат на македонското наречје и без мои статии и творби, ка­ко што и сепаратистчкото движење и натаму ќе се шири, го сакале ние тоа или не“.

         Во продолжение на истото писмо Спространов напишал нешто што слободно може да претставува одраз и на подоцнежните односи помеѓу Маке­донија и Бугарија:

         „Ваквиот развој на настаните во врска со македонското нацио­нално движење не треба да Ве чуди, господине министер-претсе­дателе… Затоа кога Ви пишував дека е можмби подобро за Вашата влада да ги има  предвид опасностите што се јавуваат од маке­донското национално движење и да биде прва, а не последна, што ќе ја сообрази својата државна политика со нацио­налните тенденции на Македонците, мислев пред се на идните односи меѓу двете земји. (Подетално за овие писма кај академик Блаже Ристовски: „Историја на македон­ска­та нација“, Скопје, 1999, стр. 310-314).

         Освен децидната содржина на овие писма, кои јасно сведочат за масовното постоење на македонско национално чувство во Илинден­скиот период, малку е познато и дека во времето од пред крајот на Илинденското востание во Македонија биле направени обиди  за от­во­рање маке­донски училишта. Како доказ за ова ќе посочиме еден извадок од напис обја­вен во весникот „Автономна Македонија“ од 16 ноември 1903 година:

         „Имало пријава и за отворање македонски училишта, заради што, со знаењето на австрискиот и рускиот конзул, била подгот­вена граматика и други учебници на македонското наречје…“

         Со сигурност се знае дека барем 34 македонски села од тоа време по писмен пат пројавиле желба да им се воведе мајчиниот македонски јазик во училиштата. Секако тоа биле села на кои ваквата понуда им била доста­вена од македонските национални дејци каде што тие прес­то­јувале и кои, поради тогашните услови во Македонија, не биле во состојба да ги посетат сите македонски градови и села за да им го поднесат истиот предлог.

         Овде би сакале да потенцираме дека не станува збор за никаков „македон­ски сепаратизам“, како што тврди Спространов во неговите писма, или како што тврдат застапниците на тогашната бугар­ска про­паганда (па и некои македонски дејци), туку дека македонската на­ционална свест кај нашите слав­ни илинденци претставувала само кон­тинуирано продолжување на иста­та таква македонска национална свест наследена уште од нивните предци – учес­ниците во Разло­веч­кото, Кресненското, па дури и во Карпо­шевото вос­та­­ние и пред тоа.

         Учесниците во времето околу илинденската епопеја и подоцна давале изјави за македонското национално чувство. Така, на пример, легендарниот гемиџија Павел Шатев во 1926 година изјавил:

        „Идеалот на Македонецот е создавање на една татковина, оддел­­на македон­ска држава, со македонска нација, со своја историја и свој самостоен политички и културен живот“.

           Белки некој нема да каже дека во 1903 година Павел Шатев бил „Бугарин“, а дваесетина години подоцна – Македонец.

          За декларирањето на илинденците како Македонци сведоци се и десетиците преживеани учесници во настаните во и околу Илинден­ското востание, кои ја дочекаа националната слобода на Маке­дон­ците во 1944 година. Од добар дел од нив снимени се или запишани нивни сеќавања, главно  во четириесеттите и во педесеттите години, во кои тие самите кажу­ваат како се чувствувале и за кого се бореле.

(ПРОДОЛЖУВА)

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top