Историја

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (10 дел)

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

БУГАРСКИОТ ЦАР ФЕРДИНАНД ПРИЗНАЛ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ НИ БУГАРИ НИ СРБИ!

Освен досега наведените, во и околу Илинденскиот период, имало  други  пројави на  маке­дон­ски национални артикулации, но нивното целосно презен­тирање би ни одзело премногу простор. Сепак,  како капак на сето ова ќе ја ци­тираме изјавата од самиот бугарски кнез Фердинанд, кој, во врска со националната посебност на Македонците, во Цари­град изјавил:

„Јас многу добро знам дека Македонија е главната пречка за искрено спогодување и братски живот помеѓу Србија и Бугарија… Во Македонија глав­ната маса на населението не се ни Срби, ни Бугари, туку Словени и хрис­ти­јани. Словени што зборуваат јазик еднакво оддалечен и еднакво близок и на бугарскиот и на српскиот јазик, но јазик што е посебен дија­лект, ако не и посебен јазик“.

(„Историја на македонскиот народ“, книга 2, Скопје, 1969, стр. 212, преземено од автентични документи).

Без разлика што Македонците Фердинанд ги нарекол како чисти „Словени“ и христијани, од извонредно значење е фактот што тој јасно ги одде­лува како посебна нација од Бугарите и од Србите, а истото го вели и за маке­донс­киот јазик.

За македонската национална посебност околу Илинденскиот пе­риод имало и други бројни странски сведоштва. Така, на пример, рус­киот професор П. А. Лавров во 1900/1901 година го вовел македон­ски­от јазик како посебен предмет на Петербуршкиот историско-фи­ло­лошки факултет.

Романскиот учен Замфир Абуре, во својата статија посветена на Борис Сарафов, под наслов „Борис Сарафов си Мацедониа“, објавена во Бу­курешт (1901 година) напишал дека македонскиот јазик е засебен ја­зик, кој претставувал директен наследник на јазикот на светите Ки­рил и Методија. Овде читаме:

„Јазикот на Македонците е единствен од сите словенски дија­лек­ти кој може да биде сметан за директен наследник на словен­с­ки­от јазик на Кирил и Методија и како таков, овој јазик во себе е не­зависен и во се е автономен“.

Виенскиот весник “Die Zeit” (01.10.1903) пишува дека Маке­дон­ците биле засебен народ и дека не барале ништо повеќе од тоа што го имале Бугарите, Грците и Србите. Овде читаме:

 „Во Македонија се работи за еден народ кој го користи пра­вото за самоопределување, она право кое ја измени темелно кар­тата на Европа во 19 век… Македонците всушност не бараат ниш­то друго, туку навистина многу помалку од она што го оствариле пред нив Грците, Србите, Бугарите…“

Во 1903 година и Полјакот Ромуалд Пжевалски пишувал за ст­ре­­межот на Македонците да го одделат својот јазик од бугарскиот, а пишувал и за засебноста на Македонците. Во списанието „Славјански век“ кое излегувало во Виена во бројот 67  (15. 09.1903) Пжевалски, по­меѓу другото, запишал:

 „Слобода или смрт – таква е девизата на Македонските Сло­ве­ни во борбата со денешниот непријател – поробител“.

 Во бројот 71 од истото списание (ноември, 1903), тој напишал:

 „Би можело да се каже дека морални сојузници на Македонски­те Словени би требало да бидат Бугарите и Србите, но тие во тоа време го решавале важното прашање: кому каков дел ќе му при­падне од Македонија“.

Во словенечкиот град Цеље на 01.06.1903 година бил одржан протестен собир во врска со настаните во Хрватска и Македонија. Во Декларацијата што притоа била прочитана во однос на Македонија, повторно Македонците се спомнати како засебен народ  (Д-р Василиј Мелик: „Словенците за Македонија и за Југословен­ско­то прашање во 1903 година“ во: „Илинден 1903“, ИНИ, Скопје, 1970 стр.  414). Овде читаме:

„Неправдите што се прават од страна на Турците над маке­донските христијански Словени, се нечуени… Од Австрија и Русија предлаганите реорганизации, чија цел беше да им се олесни на Македонците барем делумно нивната незавидна положба, останаа без­успешни. Бидејќи турската влада не е во можност човечки да владее над христијаните, единственото решение за Македонците го гледаме во нивното целосно ослободување од турскиот јарем. Значи, изразуаме желби велесилите, меѓу нив и Австрија, да влијаат на тоа Македонија да стане независна“.

 Грчки сведоштва за посебноста на Македонцит

Да спомнеме и неколку тогашни грчки сведоштва за засеб­носта на Македонците.          

Во март 1904 година Павлос Мелас, кој бил грчки артилериски пот­­поручник, а воедно раководител и организатор на андартското дви­­­­­­жење во Македонија, ги посетил македонските села Габреш, Чер­но­­вишта, Руља, Бирма, Желево и Оровник. За посетата на селото Ру­ља во своите Спомени објавени во 1926 година го дал следново све­доштво:

„Сите заедно го посетивме училиштето. Учителот зборува доста лошо грчки. Тој ги натера децата да запеат. Не разбравме дали јазикот беше македонски или грчки… Научив и малку македонски зборови и ги кажувам на жените, на мајките особено…   

Анонимен грчки автор во делото „Историја на македонската бор­ба“ (Атина, 190:, стр. 10), пишувал за активноста на Гоце Делчев и за неговото залагање  Македонија да биде на Македонците. Овде чи­таме:

„Делчев, обиколувајќи ги селата им препорачувал на села­ните: “Вие кога ќе го слушнете сигналот на востанието, нема да правете ништо друго, освен да ги земите своите пушки и да дојдете со нас. Ќе ја раздвижиме Македонија, таа ќе биде окупирана од големите сили и тие ќе ни ја дадат слободата. Лозинката на нашата борба ќе биде: Македонија на Македонците!”

(Цитирано спосед Хрис­то Ан­доновски: „Илинден во некои дела на грчката историографија“, во: „Илинден“, ИНИ, Скопје, 1970!

Грчкиот историчар Кордатос во своето дело  „Исто­рија на сов­ре­мена Грција“ (Атина 1950, стр. 42, цит. според Хрис­то Андонов­ски… стр. 360), во врска со настаните околу Илин­денското востание, конк­рет­но околу целите на Македонската револуционерна организа­ција, пишува:

„Таа (ВМРО, з. м.) имала пошироки цели. Нејзините создавачи биле визионери на една независна македонска држава, во која би владеел принципот на рамноправност, а нивна девиза била: Маке­донија на Македонците!“

 Во продолжение авторот Кордатос пишува и дека ВМРО вооп­што не била под влијание на бугарската  влада.

Гркот Периклис Аргиропулос дури се заложил и за  автономија на Македонија во времето околу Илинденското востание. Во него­вите Мемоари, под наслов: „Македонската борба” (Солун, 1957 годи­на, стр. 11, цит. според Христо Андоновски… стр. 361), читаме:

„Автономијата (на Македонија,з.м.) под меѓународна контрола има многу предности. Ќе ни ја осигура работата во услови на ре­ла­тивна сигурност. Едната или другата политика ќе ни ја наложат настаните и не смееме начелно да ја одбиеме автоно­мијата“.

(ПРОДОЛЖУВА).

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top