Историја

АВТЕНТИЧНО БУГАРСКО СВЕДОШТВО ЗА НАСТАНИТЕ ВО ПРИЛЕП ОД 11 ОКТОМВРИ 1941 ГОДИНА

Donski111

Donski111 Александар ДОНСКИ

Познато е дека во 1941 година Хитлер го доделил вардарскиот дел на Македонија на своите фашистички сојузници: Бугарија и Италија. Во поголем дел од овој дел на Македонија упаднала бугарската војска, која набргу почнала со обиди за присилна денационализација и терор врз Македонците. Поради тоа Македонците кренале масовно востание против бугарската окупаторска власт. На 11 октомври 1941 година македонските востаници во Прилеп ја нападнале бугарската полициска станица. Истиот ден бугарската полиција и војска жестоко се нафрлила врз мирното население. Граѓаните на Прилеп масовно биле претепувани и затворани, а бугарските полицајци и војници им ги краделе вредните предмети што ги наоѓале кај нив. Од ваквата постапка на полицијата и војската биле огорчени дури и некои службеници на бугарскиот фашистички режим. Еден од нив бил Коста Црнушанов, кој во тоа време работел како службеник во просветата во Прилеп. Практично Црнушанов бил жив сведок на она што се одиграло во Прилеп на 11 Октомври 1941 година. Иако бил во служба на бугарската власт, тој не останал рамнодушен од она што го видел и слушнал од очевидците, па недолго потоа испратил протесно писмо до бугарскиот Министер за просвета во врска со овие настани. Во писмото јасно се гледа неговата огорченост од постапките на бугарските окупатори. Еве што, меѓу другото, напишал бугарскиот службеник Црнушанов до својот министер:           

,,Очевидците и настраданите ми раскажуваа низ плач: Ако некој има видено глутница од волци како напаѓа стадо, тогаш може да си претстави како изгледаше апсењето и претепувањето на прилепските граѓани. Луѓето беа апсени каде и да се наоѓаа: дома, на кино, во кафеана и на други места. Беа водени во участокот, а оттаму во затвор. По патот кон участокот тие беа тепани до бесвест и им беше пцуена „мајката македонска”! Кои беа тепачите? Тоа беа полицајците, војниците и некои од началството, вклучувајќи го и бившиот полициски началник на областа. Тепаа со стапови, маваа со цевките од пушките, удираа со греди и клоцаа со нозете. Удираа каде што ќе стигнат: по главата, по грбот, насекаде… Од околу 300 претепани граѓани, во затворот беа задржани 70… Претепаните се од најразлична возраст: од млади, па се до 70-годишни старци, каков што е случајот со Митре Мазарот… Притоа не било вршено само малтретирање и тепање на лицата, туку истите биле и ограбувани. Им биле крадени парите и другите вредности, пенкала, часовници и друго. Ограбувањето го вршеле полицајците и војниците.” (Извор: Коста Црнушанов: “Принос к’м историјата на ММТРО“, Софија, 1996 год.).           

Ова сведоштво е од исклучителна важност затоа што претставува автентичен бугарски документ (официјално писмо од официјален бугарски службеник) за теророт на бугарската окупаторска власт против македонското население во Прилеп.           

Бугарскиот терор против Македонците, но и против припадниците на сите други народи во Македонија, продолжил така како што се засилувала вооружената борба за ослободување на Македонија.

По војната добар дел од бугарските воени и полициски функционери биле уапсени од новата македонска власт, по што биле судени и осудени на заслужените казни.

Добар дел од нивните  сведоштва се собрани во книгата  “Судењата како последен пораз” од авторот Јован Павловски (Скопје, 1984 г.) каде се објавени повеќе десетици автентични признанија на уапсените бугарски агенти и полициски и воени функционери, кои во детали ги опишуваат убиствата, мачењата и другите тортури што ги правеле врз Македонците за време на бугарската окупација.

Би било добро потресните сведоштва од оваа книга да се прочитаат јавно пред членовите на Бугарската историска комисија, а воедно и да се испратат до бугарскиот политички врв.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top