Историја

Неканонското укинување на Охридската архиепископија од страна на турскиот султан

povardarski

povardarskiМИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ

Неканонското укинување на Охридската архиепископија од страна на турскиот султан

Цариградската патријаршија лукаво ја искористила немаштијата и немоќта на Македонската православна црква и настојувала пред Високата Порта да докаже дека единствено таа може да ги врати долговите на Охридската архиепископија, доколку оваа биде укината и приклучена кон неа. Дури успеала да постави и свој човек, Ананиј, на чело на Македонската православна црква. Но, македонските епископи, со цел да ја сочуваат автокефалноста на Архиепископијата, не го прифатиле Ананиј и на негово место, на својот редовен архијерејски собор за архиепископ го избрале Пелагонискиот митрополит Арсениј, Македонец, што ќе биде и последен македонски архиепископ до укинувањето на Архиепископијата со султанското иреде.

Тогашниот цариградски патријарх Самоил решил да ì зададе конечен удар на Македонската православна црква, односно Охридската архиепископија. Ја убедил турската власт дека македонските архиереи се непријатели на турската империја и побарал власта во Цариград да го повика Арсениј во врска со долговите на Архиепископијата. Таму Арсениј, под притисок на турската власт, дал писмена оставка на 17 мај 1767 година. Со неговата оставка е укината Охридската архиепископија – Македонската православна црква. Патријархот Самоил со помош на влијателни Грци и Турци издејствувал султанско иреде, со кое била укината Македонската православна црква, а нејзините епархии се присоединиле кон Цариградската патријаршија. Султанското иреде забранувало да се примат какви и да е жалби против укинувањето на Архиепископијата, а со тоа биле оневозможени протестите од секој вид. На крајот демонската лукавост и алчност на Грците победила, со што на православието воопшто му бил нанесен тежок пораз, со несогледливи последици во вековите што претстојат.

Длабокото и сестрано христијанизирање на македонскиот народ и неговото духовно и културно издигнување преку апостолската дејност на славната и древна Охридска архиепископија, заснована врз мисионерското дело на светиот наш духовен отец и учител Климент Охридски, родила многубројни благородни плодови. Светите евангелски вистини ги просветувале и осветувале нашите далечни дедовци и прадедовци, ги облагородиле нивните души и срца, а истовремено вдахновувале многубројни и благоверни творци за создавање духовни и уметнички вредности ширум нашата света татковина Македонија. Како резултат на тоа постојат и многуте наши цркви во градовите и селата и безбројните манастири и манастирски цркви, изградени на најживописни места, покрај бреговите на нашите езера и реки, во нашите планини и рамнини.
Особена убавина и привлечност преставуваат немалиот број пештерни цркви и манастири. Сите тие се преполни со фрески и икони од нашите врвни мајстори, чии ремек-дела предизвикуваат восхит и кај најголемите познавачи на средновековната уметност. Голем број од нив се на страниците на светските уметнички енциклопедии. Нашата резба, која ги украсува црквите, била негувана повеќе векови, а таа својот врв го достигнува при крајот на XVIII и во првата половина на XIX век. Резбата во скопската црква „Свети Спас” во манастирите „Свети Јован Бигорски”, „Свети Гаврил Лесновски” се врвен домет во светското резбарство. Ова наше црковно-народно творештво продолжувало со векови, а продолжува и денес.

Православниот Македонец бил градител на великолепни цркви и манстирски конаци, кои денес, по осамостојувањето на Македонија повторно се полнат со благочестиви монаси и монахини, кои целосно му го посветуваат својот живот на својот Спасител и Господ Исус Христос. Тие и тогаш, но и сега се нашите учители на вера и родољубие. Тие ја пазеле и запазиле светата порака на основоположникот на Светата Македонска православна црква, ги запазиле светите евангелски вистини и основните христијански принципи, за доследен и доблестен христијански живот. Затоа е толку и силна љубовта на народот кон црквите и манастирите, кон свештенството и монаштвото. Затоа тој и денес ги чува и обновува старите и гради нови светилишта, особено во текот на овој наш слободен и преродбенски период.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top