Среда, 11 Декември 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (34)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (34)

Маноил Мане Јаковлевски секое слободно време го минува со пријателите, со кои често ги споделува спомените и доживувањата. Еден од нив со кого речиси половина век беше пријател   е „роднокраецот Томе Серафимовски, скулптор, академик на МАНУ и надворешен член на САНУ, кој почина на 03.03.2016 година.

Авторот Кири Кипровски во монографијата „Македонија мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски“ ќе ја забележи изјавата на Мане во која вели дека  со скулпторот Серафимовски „ноќи и ноќи минувавме во моите ресторани „Солун“ во Гостивар, „Олимписко село“ и „Ново Скопје - Берлин“ во Скопје, како и во „Ново Скопје“ во Берлин“. Спомените на Мане од дружењето со познатиот македонски академик, ќе ги пренесе авторот во мографијата за Мане во која тој ќе напише:

БОЕМСКИ СО СКУЛПТОРОТ ТОМЕ СЕРАФИМОВСКИ

tome 1Манојил Јаковлески и академик Томе Серафимовски, Зубовце, 19 октомври 2009 год.

„Подготвувајќи ја монографијава, со Манојил се присетивме на дел од незаборавните дружби со нашиот заеднички пријател, академик Серафимовски. На над  десетината негови самостојни изложби бевме почесни гости. Во далечната 1992 година, заедно со Манојил и нашиот добар пријател, Нуфре Јовановски ,м-р по историски науки, бевме гости на свеченото отворање на изложбата на скулптури и цртежи, во галеријата „Криде арт“ во Софија, Република Бугарија. Бевме воодушевени од масовното присуството на видни личности од областа на уметноста и културата, и од општествениоти политичкиот живот на главниот град на Република Бугарија. На отворањето на изложбата, присуствуваа и голем број новинари, меѓу нив беше и колегата Бранко Тричковски, тогаш беше постојан дописник на весникот „Нова Македонија“.

Пред отворањето на изложбата, додека ги поставуваше експонатите, Серафимовски го посетуваа негови колеги и пријатели по потекло од Македонија, инаку видни граѓани на Софија. Имав чест да се запознаам и да разговарам со повеќето од нив, за нивното потекло и нивните македонски корени. По свеченото отворање, Серафимовски како добар домаќин, не однесе на вечера во луксузен ресторан, каде разговаравме на многу теми, а најмногу за историјата и иднината на Македонија. Меѓу гостите беше и Красимир Каракачанов, од ВМРО-БНД, по професија историчар, кој водеше жестока расправа со неговиот македонски колега Нуфре Јовановски, за и околу македонското минато. Серафимовски околу полноќ, предложи забавата да ја продолжиме во ноќен клуб, со музичка програма надополнета со стриптиз. Во добро боемско расположение, во ноќниот клуб останавме до утринските часови. Додека ние уживавме во прекрасната вечер, историчарите ја продолжија полемиката за македонското минато, за Илинденското востание и Илинденците, за македонските просветители, војводи, комити... Навистина, тоа беше незаборавна ноќ, која не може да се опише со зборови, туку треба да се доживее. Посебно впечатлив, беше домаќинот Серафимовски, со своите досетки и шеги.

tome 2Манојил Јаковлески, академиците Ѓорѓи  Старделов, Томе Серафимовски и Владо Камбовски, во манастирската црква „св.апостол Тома“, во с. Зубовце - 2009 година

На 16 октомври 2009 година, нашиот пријател Серафимовски не покани да му бидеме гости на отворањето на самостојната изложба на скулптури и постери во Нови Сад, каде истовремено беше промовирана монографијата посветена на неговиот живот и творештво. Тоа беше несекојдневно доживување за љубителите на уметноста. Галеријата на новосадскиот огранок на Српската академија на науките и уметностите, беше претесна да ги собере големиот број посетители, кои сакаа да присуствуваат на свеченото отворање на изложбата, на триесетина скулптури и уште толку постери. Всушност, тоа не беше ништо друго, туку репрезентативно презентирање на македонската склуптура.

Тоа го потенцира и проф. д-р Станислав Живковиќ, кој рече дека академик Серафимовски е репрезентативен уметник на 20-от век, со неговите монументални скулптури и портрети, а посебно со галеријата на портрети од словенската и македонската духовност. Пред отворањето на изложбата, беше промовирана монографијата„ Томе Серафимовски–споменици и споменобележја“.

Изложбата ја отвори претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, кој истакна дека академик Серафимовски споменичките портрети ги обликува во нивната пластична структура, раководејќи се секогаш со силата на сопствените оригинални изрази, како свој најголем критериум.

По завршувањето на официјалниот дел од отворањето на изложбата, академик Владо Камбовски, предложи, а ние прифативме, да минеме неколку часови во етно ресторанот на Петроварадинската тврдина над реката Дунав, од каде имавме прекрасна глетка на дел од Нови Сад. Заедно со академик Ѓорѓи Старделов, Манојил Јаковлескии Стевче Матевски, поминавме прекрасна вечер. Славеникот Серафимовски, поради тоа што беше преморен, не можеше да биде во друштво со нас, но затоа пак, ни посака добро расположение.

Три дена подоцна, со академик Ѓорѓи Старделов, академик Владо Камбовски, Манојил Јаковлески и Стевче Матевски, заедно со зубовчани и други гости од Скопје и Гостивар, присуствувавме на друга прослава, во Зубовце. На 19 октомври достоинствено, со богослужба, го одбележавме патрониот празник на манастирската црква „Свети апостол Тома“. Притоа, Серафимовски, ктитор на манастирската црква, во зубовската меана, традиционално ја приреди трпезата на љубовта.

„Присуството на свеченото отворање на изложбата на дела од академикот Томе Серафимовски во салонот на МАНУ во Скопје, ќе ми остане во долго и незаборавно сеќавање. Тогашнашиот соселанец, не не заборави и во своето обраќање посебно ја поздрави делегацијата од неговото родно Зубовце. За нас зубовчани тоа беше потег за паметење, бидејќи тој и во оваа пригода, не го заборави своето родно место“, се сеќава Манојил.

Јаковлески има многу доживувања и анегдоти од деновите и ноќите минати со академик Серафимовски. Но, секако, на нас тројцата: Јаковлески, Матески и авторот на монографијава, од големиот број дружби и средби по многу поводи, во посебно сеќавање ни остана учеството на златната свадба на Томе и Иванка Серафимовски, што ја организираа во ресторанот „Воденица“ во Скопје, за неговите стотина најблиски роднини, колеги и пријатели. “

(продолжува)

Целата книга: https://drive.google.com/file/d/1iCYJJXWCxHwU4QBowt7jBymD9VHMuvAO/view?fbclid=IwAR00xUlk9SOLzmKsvkZl0Rw4aDz0xnIwPP2f_Xq0jcku9QapmkdjpGsRtTM

 

На прво место

News image

Заврши времето на криминалната коалиција помеѓу полицијата и подземјето

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес конференцијата на Славјанка Петровска

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Иселеници

News image

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Култура и туризам

News image

ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ  -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.