Среда, 29 Јануари 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (41)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (41)

Манојил Јаковлевски постојано е во акција со цел македонскиот народ да ја зачува својата традиција, култура и обичаи. Тој не само што се вложува во обновата на духовниот живот, туку гради и подржува изградби на духовни и световни објекти, кои ќе го збогатат и олеснат животот на македонскиот народ.Мане тоа го прави не само меѓу македонските иселеници воЗ. Берлин, Германија, каде помина неколку децении, туку и во своето родно место, во својата татковина Македонија, по која неизмерно копнее.

Една од целите на Мане Јаковлевски била и сеуште е, неговото родно место Зубовце да стане современа, урбана населба. Во соработка со своите пријатели Јаковлевски целосно се вложува да го оствари и овој свој сон, притоа не жалејќи ни труд ни пари.

Неговиот ангажман, надобро го отсликува Киро Кипровски авторот на книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, во која ќе го забележи следното:

НОВА ЦРКВА „СВ. АПОСТОЛ ТОМА“

n

од лево на десно: Томе Серафимовски, митрополит г. Кирил, поглаварот г.г. Стефан и митрополитот г. Горазд

„Академик Томе Серафимовски, изрази желба во родното село Зубовце да изгради манастирска црква и конаци. Неговиот драг пријател Манојил, не само што ја поздрави идејата, туку и се вклучи во реализацијата. Се ангажира во изнаоѓање на погодна локација, место каде ќе се гради црквата. Негова беше организацијата на положувањето и на осветувањето на темелот, осветувањето на манастирската црква и учествуваше во организацијата на празнувањето на патрониот ден на манастирската црква „Св. апостол Тома“, на 19 октомври.

nnпо осветување на манастирската црква „св.апостол Тома“ се одржа голем народен собир

Осветувањето на темелите на новата манастирска црква „Св. апостол Тома“ го извршија: поглаварот на МПЦ -ОА, Неговото блаженство г. г. Стефан и митрополитите г. Кирил и г. Горазд, на 30 јули 2004 година. Пред овој свет чин, беше осветена новоизградената камбанарија, на гробјанската црква „Св. Никола“, чиј ктитор, исто така, беше академик Томе Серафимовски. Во употреба беше дадена и реконструираната Зунина чешма, а беше откриена и спомен плоча на загинатите зубовчани во НОВ.

Во чест на започнувањето на изградбата на црквата, а и по повод селската слава Марена, во салонот на куќата на Манојил, ктиторот Серафимовски за гостите приреди свечен ручек, на кој покрај црковните велико достоинственици, присуствуваа повеќе академици на МАНУ, на чело со тогашниот претседател, академик Цветан Грозданов; градоначалникот на град Скопје, Трифун Костовски; претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и други видни гости.

По четиригодишна изградба со делкан камен, манастирската црква „Св. апостол Тома“ беше живописана и беше поставен иконостасот што го изработи самиот ктитор. На 30 јули 2008 година, на селската слава Марена, бше осветена манастирската црква, а ктиторот – академик Томе Серафимовски, клучевите свечено му ги предаде на Црковниот одбор. Порака гласеше да ја чуваат црквата и да ја користат за убави прилики, за литургии, крштевки и венчавки.

ОБНОВЕНА ПРОСЛАВАТА НА СВЕТИ ТРИФУН

nnnпред светиот крст на мал камен, на св.Трифун

Неколку денови пред 14 февруари 2008 година, со Манојил разговаравме како да се возобноват обичаите и ритуалите во празнувањето на црковните празници и на прекинатите традиции, да покренеме иницијатива за вознобовување на празнувањата на Св.Трифун. За таа цел на денот на празникот, го посетивме Мал Камен, место кое што се наоѓа во непосредна близина на месноста Стражник, каде што некогаш се наоѓале зубовските лозја, и скромно да го одбележиме празникот. Се собравме 7-8 души, зедовме ракија и вино, туршија, сирење, и се разбира, зубовски колбаси и месо. Го расчистивме снегот, запаливме оган и во добро расположение прикажувавме досетки, што сме ги слушале од повозрасните зубовчани. На ова место некогаш тие го празнувале Св. Трифун, ден на виното и лозјето и на боемите, а зубовчани уште го нарекувале празник на мажите, на бекриите и на љубителите на добрата капка вино и ракија.

nnnn1свештеникот Александар Јанкоски го изврши обредот закројување на лозата

Секоја година, на 14 февруари друштвото се зголемуваше. Манојил како главен организатор и двигател со неколкумина зубовчани, во месноста Мал камен, изградија видиковец. На 14 февруари 2011 година, беа осветени икона со ликот на свети Трифун и чесен крст. На тој ден беше договорено традиционално кумот од Зубовце и на кумот што не зубовчанец, наизменично, да ги менуваат иконата и чесниот крст. Кумовите ќе ја организираат прославата на Св. Трифун, а по делењето на погачата кому ќе падне паричката ќе биде следниот кум и цела година во куќата за здравје ќе ја има иконата или пак чесниот крст.

Во 2015 година, пред прославата на Св. Трифун, неколкуметарскиот чесен крст на Мал камен, кој го обележуваше местото на вечната традиција на прославата на празникот, беше дислоциран десетина метри подолу и повторно беше осветен и осветлен. По осветувањето на водата, свештеникот Александар Јанкоски од гостиварското архиерејско намесништво на Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, изврши закројување на лозјата. Оттука, присутните заминаа во црквата „Св. Огнена Марија“, запалија свеќи и се помолија за здравје и успех. Кумовите за гостите приредија ручек во конаците на црквата. Така, секоја година во Зубовце, на овој начин се празнува празникот на лозарите и на добрата капка ракија и вино.

ЗУБОВЦЕ СО СПОРТСКИ ЦЕНТАР

nnnn2забавно катче за Зубовчани

Манојил постојано е во акција со цел неговото родно Зубовце да стане современа, урбана населба. Во таа насока покрена и реализира повеќе потребни и функционални инфраструктурни и други објекти за населението во селото. Во договор со Црковниот одбор и Месната заедница, го вложува авторитетот и познаствата и успева да се реализираат неколку проекти со што се разубави селото. Во 2007 година, беше уреден просторот околу манастирската црква „ Св. апостол Тома“, чиј ктитор беше академик Томе Серафимоски, роден зубовчанец. Беше изградено камен окорито на селската рекичка, а двете страни на кејот беа уреден со зеленило и беа засадени овошки и украсни дрва. Проектот го финансираше Министерството за екологија на Владата на Република Македонија.

Во 2009 година активностите продолжија со уредување на просторот „Збирало“ во Долно маало, наспроти манастирскиот комплекс „Св. апостол Тома“. Пред да се уреди беше обраснат со трње и со високи жбунови, па затоа во деновите за и по врнежите на дожд и при топењето на снегот, просторот беше покриен со кал и движењето на луѓето особено на децата им беше отежнато. На целиот простор со доброволна работна акција зубовчани поставија бекатон плочки. Напоредно со овој зафат беше изграден видиковец и детско игралиште, кое масовно се користат од најмладите зубовчани и нивните родители.

Во 2016 година, во употреба беше дадено повеќе наменскиот спортски центар, финансиран од Агенцијата за млади и спорт, кој секојдневно за рекреација се користи од зубовчани.

КУМ НА ВОДИЦИ ВО СКОПЈЕ

nnnn3богојавленското кумство на Манојил во Скопје низ микс на фотографии

На Манојил Јаковлески му припадна честа, да биде кум на манфестацијата „Водици-2005“, во Скопје. Затоа, како дошло да се зафати со оваа благородна задача, тој вели: „Потекнувам од чесно, православно, македонско семејство, а со МПЦ сум поврзан од самото раѓање. Мојот прадедо по мајка ми Рафаелка, бил свештеник. Во 1991 година со неколкумина Македонци во Берлин ја формиравме МПЦО „Св. Климент Охридски“, бев првиот претседател на Црковниот одбор и успешно раководев два мандата, од почетири години. Донатор сум за изградба на многу црковни храмови во Македонија и Германија. Па, затоа не бев изненаден, кога официјално ја добив поканата за кумство на Водици и без двоумење ја прифатив“.

nnnn4кумот Манојил Јаковлески со роднините и учесниците на „Водици - 2005“ се движат низ центарот на Скопје,  придружувани од македонската фаланга

Јаковлески на празнувањето на Водици во Скопје внесе елементи од античката историја. Од црквата „Св.Димитрија“ до Камениот мост, поворката беше придружувана од група момчиња, облечени во облека од времето на Александар Македонски. Откако поглаварот на МПЦ-ОА, г. г. Стефан, од Камениот мост го фрли крстот, во водите на Вардар се фрлија шеесетина скопјани. Таа година најбрз и највешт беше 42 годишниот Раде Илиевски, од населбата Карпош. Откако го фати крстот, кумот Манојил на среќниот и храбар скопјанец, му подари домашно кино. Потоа, сите кои се фрлија по чесниот крст, предводена од Илиески, се движеа во поворката која тргна од Камениот мост, низ плоштадот и по улица „Македонија“ и пристигнаа во ресторанот „Ново Скопје – Берлин“, што се наоѓаше на јужниот булевар, каде кумот Манојил им приреди ручек.“

(продолжува)

Цела книга: https://drive.google.com/file/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.