Историја

“МАКЕДОНЕЦ” – КНИГА ОД 1927

789

789

Леонард Шулце, германски зоолог, географ, филолог. Роден 28 мај 1872 година, почина во Марбург (Германија) на 28 март 1955 година. Леонард Шулце е роден во академско семејство со висок статус во Јена. Од 1918 година го додава и Јена на неговото презиме. Тој започнал со студии по медицина во Лозана, Кил и Jена и се префрлил на биолошки науки и хемија откако го добил првиот медицински степен („Физикум“). Во 1896 година успешно го завршил универзитетското образование со Д-р. по зоологија на универзитетот Јена.

Кариерата на Шулце е исклучителна по тоа што тој последователно работел на четири различни научни полиња, имено зоологија, каде го доби своето прво вработување како асистент на Ернст Хакел [1834-1919] вклучувајќи океанографски студии во јужна Италија и Сицилија, исто така направи и теренски студии во морски риболов и физичка антропологија во Јужна Африка, беше професор по географија од 1908 година, најпрво во Јена, подоцна во Кил, каде исто така беше на чело на етнографската збирка, а од 1913 година до пензија во 1937 година на универзитетот Марбург.
Работел во неевропска филологија проучувајќи ги меланејските и мезоамериканските јазици, од кои последниот ги дал своите најголеми придонеси. Регионите на неговата антрополошка теренска работа беа исто така исклучително разновидни: Јужна Африка (1903/05), Нова Гвинеја (1910/11), Европа (1915/19, 1922, 1951) и Месоамерика (1929/31).

2345

Јасно е дека најголемите антрополошки придонеси на Шулце Јена лежат во изучувањето на јазиците, во запишувањето и преводот на домородните религиозни текстови и етнографското проучување на ритуалите. Оваа склоност се материјализираше најпрво со неговата студија за меланезиски јазик заснована на сопствената теренска работа („Зур Кентнис .. Тумело“), и достигна кулминација во неговата три публикација „Индијана“ каде што тој ги претставува студиите за следниве мезоамерикански јазици: Миксец, Тлапанец, Нахуа, Пипил и Квице и во нив спаѓаат важни етнографски набудувања. По неговото повлекување, Шулце Јена ја продолжи својата филолошка работа со преводи и изданија на рано колонијална мезоамериканска индиска литература, сите објавени како монографии во серијалот „Quellenwerke “ основана од неговиот пријател Валтер Леман [1878-1939] во Институтот Ибероамериканич во Берлин .
Од нив, се издвојува Попол Вух, објавен во 1944 година [2-то издание 1972], поради интуитивното сфаќање на Шулце Јена за текстот на Квице, засновано врз неговото сопствено лингвистичко и етнографско дело на теренот, аналитичкиот речник и одличен германски превод, што не е надминато со подоцна гватемалските и северноамериканските изданија (на пр. Адријан Рецинос од 1953 година, Мунро Едмонсон од 1971 година и Денис Тедлок од 1985 година).

3456

Подоцнежните изданија, главно од корпусот на францисканскиот колега Бернардино де Сахаган [1499-1590], не се толку добри бидејќи на Шулце Јена му недостасуваше искуство од прва рака со тој јазик. Научил нешто само од документи на подоцнежни години. Сепак тие беа единствените модерни изданија и преводи на такви важни извори. Пројавил огромен интерес за лингвистиката и културата на други народи. Тој сметал дека најдобро се учи историјата на други народи преку јазикот. За таа цел пропатувал и во Македонија. Бил импресиониран од пејсажите и направил голем број фотографии.
Неговата антропогеографска студија за Балканот („Македонец“) е исто така важна, бидејќи темелно го документира овој јужноевропски регион во решавачка епоха (1915/22) на политички и социјални промени.
“Mакедонец” е извонредна богато илустрирана и сеопфатна книга чија содржина е заснована врз податоци од 1922 година.
Научното истражување на Шулце Јена е исклучително масивно и стабилно. Во текот на еден активен животен век од 50 години, тој објави 10 монографии со големина на книги.

4567

5678

Macedonian timeline 

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top