Историја

115 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ ИЗВРШЕН ОД ГРЧКИТЕ АНДАРТИ НА ПРАЗНИКОТ БЛАГОВЕЦ ВО СЕЛОТО ЗАГОРИЧАНИ, КОСТУРСКО

127

127

Беломорска (Егејска) Македонија  има своја иосторија, минато, сегашност и иднина. Општо е познато дека македонскиот народ во тој дел од македонската земја, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист

Грчката буржоазија,меѓу другото, во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн.

Повеќедеценискиот процес на етничко чистење, елинизација, бришење на македонската историја и нејзиното толкување според елинските големодржавни потреби е процес на бришење на македонскиот национален идентитет и постоење. Егзодусот на Македонците од Егејска Македонија како последица од Граѓанската  војна и од елинските (грчките) репресивни режими, спаѓа во редот на најтрагичните етнички чистења направени врз еден народ во најновата европска историја.

Заради остварување на елинските мегаломански идеи, Македонците од цела Беломорска Македонија, особено од 1913 година по поделбата на Македонија, се изложени на физичка и духовна репресија, која низ различни форми, но со непроменети цели, трае до ден-денес. Се обезличува и деноминира македонскиот народ и неговиот национален идентитет низ перманентна елинизација. Затоа, не се дозволи враќање на илјадниците протерани македонски иселеници, со цел да се прикаже македонската историја како елинска.

128 

Според пишаните документи, селото Загоричани (Згоричане) ( на грчки преименувано во Василиада),е познато како место на многу масакри врз македонското население, поради кои селото се споменува во познатата македонска народна песна „Народе македонски“.

Селото Загоричани е едно од најголемите македонски села во Костурската околија. Расположено е североисточно од градот Костур и јужно од Лерин. Одалеченоста од Костур изнесува околу 20 километри. Сместено е на падините на планината Вич, на гребенот наречен Рамна, југозападно под врвот Врбица.

Како едно од најголемите македонски села чии жители се истакнувале со својата македонска национална свест и посветеност кон Македонија, Загоричани претрпело многу страдања, како масовни убиства – колежи на населението, уништување и спалување на куќите и целото село. Тоа наполно било изгорело во времето на Илинденското востание, кога неговите двокатни убави куќи турската војска ги претворила во урнатини, а биле убиени и 25 селани. Подоцна, на 15 март 1905 година, и грчките андарти извршиле голем колеж. Биле убиени шеесеттина селани, а селото повторно запалено. По ова масовно клање, започнало големо иселување во прекуокеанските земји, со што бројот на населението почнал да опаѓа.

Веднаш по добиената информација за масакрот во Загоричани, во селото го посетил жандармерискиот офицер Козма Елилио Манера, а четири дена потоа пристигнала и комисија која бил составена од битолски конзули, италијански и турски офицери. Тие потоа ќе го опишат ужасот кој зад себе го оставиле грчките андарти.

Пред Балканските војни селото имало 300 куќи. На местото на иселените Македонци, грчките власти во 1924 година населиле 25 бегалски семејства од Мала Азија. Загоричани повторно настрадало за време на Втората светска војна и за време на Граѓанската војна, кога биле убиени 62 Македонци, а други 242 биле принудени да побараат засолниште во Република Македонија и во некои источноевропски земји. 

Загоричани по Илинденското востание

Се чини, еден од најмаркантните  датуми  за ѕверствата што ги правеле грчките банди против мирното македонско население е, секако, масакрот во Загоричани во 1905 година. Тој  бил извршен во етнички чистото македонско  село Загоричани, Костурско од страна на грчките андарти. Таа трагедија селото ја доживеало пред 115 години, на христијанскиот празник Благовештение на Пресвета Богородица на 7 април, (25 март  стар  стил) 1905 година. Тој голем празник кај македонскиот народ е познат и како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. Интересно е да се спомене дека црквата во Загоричани го носи името „Воведение на Пресвета Богородица“.

Токму пред 115 години, на празникот Благовец, околу 300 грчки андарти, заборавија дека имаат христијанска вера, се претвориле во ѓавови, го запалиле селото, а населението го масакрирале. На тој голем христијански ден андартите убиле шеесеттина селани (жени, деца, старци), имало многумина ранети и биле запалени повеќе куќи. За жал, трагичниот  масакр на големиот христијански празник  Богојавление на Пресвета Богородица   го организирал костурскиот митрополит  Германос Каравангелис, затоа што наводно еден дел од населението во Загоричани ја прифатило Бугарската егзархија, (немале своја Македонска православна црква).

Всушност, селата во Егејска Македонија како Загоричани кои активно зеле учество во Илинденското востание и се откажале од Цариградската патријаршија, станале пречка за остварување на грчката мегали идеја.  Поради тоа, андартот Георгиос Цондос, познат како капетан Вардас, решил да го казни селото. Според Стаматис Раптис, кој пишува за активностите на грчката пропаганда, на андартите им било наредено да ги убијат сите жители на селото над 16 години. Дури и самиот Германос Каравангелис признал дека обезбедил список на истакнати поединци кои Капетан Вардас морал да ги убие.

Инаку, Германос Каравангелис бил истакнато грчко „духовно лице“, патријаршијско костурски митрополит, еден од пионерите на грчката воружена пропаганда во Македонија. Роден е под името Стилианос Каравангелис во селото Стипси на остров Лезбос. Во 1900 година Каравангелис бил поставен за патријаршиски митрополит во западномакедонскиот град Костур.

130 133

Германос Каравангелис                          Грчки војник

По создавањето на андартските чети Каравангелис започнал да врши насилен притисок врз 30 егазрхиски села со македонско православно населени во Костурско како што биле селата  Апоскеп, Бобишча, Вишени,  Дреновени, Загоричани, Д’мбени, Косинец, Мокрени, Орман, Смрдеш и многу други.

Таму Каравангелис станал еден од пионирите на Грчката воружена пропаганда во Костур и почнал да соработува со Елиномакедонскиот комитет како и со фашистите Павлос Мелас, Јон Драгумис и Ламброс Коромилас и други. Каравангелис ги организирал првите андарски грчки и прогрчки чети во Македонија составени од грчки воени офицери.

Тврдењата се точни дека Каравангелис е еден од главните организатори на крвавата свадба во Зелениче и масакрот во Загоричани. За овие случувања самиот митрополит напишал дека во 1905 година во Зелениче имало една свадба. За тоа дознала четата на Каудис, влегла во куќата и бидејќи згаснале светлата, истрелале во темнината и убила петнаесет или шеснаесет „Бугари“ (Македонци м.з). Но, невестата и зетот не биле убиени. Ова го сториле затоа што мислеле дека на свадбата присуствувале и членови на „бугарските банди“.

Според пишувањето на Каравангелис, една „бугарска чета“ отишла еден ден и го изгорела манастирот во Цирилово… По неколку дена „Бугарите“ изгореле и друг манастир во Сливени и го убиле и монахот кој се наоѓал таму. Бидејќи во опожарувањето на овие манастири учествувале  и многу „Бугари“ (Македонци.м.з) од селото Загоричани, Вардас решил да ги казни…

134 

Носии од Егејска Македонија

Кога Вардас решил за нивното казнување, тој му испрати писмо на Каравангекис, а тој му ги испратил имињата на неговите (шпиони.м.з) луѓе, за да не ги гибне. И така спроти 7 април (25 март по стар стил) 1905 година се сокрил во шумата наспроти селото со околу 300 борци меѓу кои биле и војводите Каудис, Макрис и Булакас, еден разбојник по име Гудас со својот син и многу други.

Сите што се спротиставувле во селото ги убивале, а нивните куќи ги запалувале. Тој ден биле убиени шеесеттина македонски жители на Загоричани и неколку гркомани (шпиони).Од гркоманите не беа убиени многумина, затоа што Каравангелис му имал дадено список со нивните имиња на Вардас, и самите се погрижиле да се скријат, додека македонското населени („Бугарите“, како Каравангелис ги нарекувал) се бореле жестоко. Но во таа голема бркотница не било лесно да се разликуваат кој биле „Грците“, а кој  се „Бугарите“ (Македонците).

Масакрот на недолжното македонско население во селото Загоричани, Костурско, во Егејска Македонија се случил токму на христијанскиот  празник Свето Благовештение, или Благовештение на Пресвета Богородица. Овој ден се вбројува во постојаните празници и е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар.

Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица  и тн. Поради тоа што Благовец е благ ден тогаш, се верува дека и раната не боли па на малите деца им ги дупат ушите за обетки.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. За кукавицата се вели дека и таа радувајќи се на овој благословен ден отвора уста и кука но никогаш не кука пред Благовец како што пупал пупунецот.

Горните верувања и дејствија за Благовец кај притиците, за жал, станале дел од животот само на грчките андарти на чело со митрополитот Германос Каравангелис, кој во масакрот на Македонците во селото Загоричани, Леринскобил, пред 115 години била  раководна личност на „христијанската“ Грчка православна црква, кој  заборавил дека една од најголемите христијански заповеди гласи: “Сакај го ближниот како што се сакаш себе си”.

 Katin6

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top