Историја

Името по Првата светска војна Македонија, а денес!?

Ilustrovani list Belgrad 1920 бр. 7. str 8 10.V - 25.V 1920. 1 jpg

Ilustrovani list Belgrad 1920 бр. 7. str 8 10.V  - 25.V 1920.  1 jpg

Името по Првата светска војна Македонија, а  денес!?

Во периодот кога Македонија се соочува со тешка борба со невидливиот непријател познат како Коронавирус или Covid 19, континуирано  на прес конференции или на разни дебатни емисии по повод состојбата, преставниците на власта од социјалдемократскиот сојуз наместо да се фокусираат на актуелниот проблем, тие се такмичат кој повеќе ќе го изговори нелагално наметнато име на земјата, спротивно на вољата на граѓаните изразена на референдум – Република Северна Македонија.  

Во историјата воопшто или многу малку е познат терминот Северна Македонија. Така да дури и по поделбата на Македонија по Балканските и Првата светска војна, територијата која била окупирана од српската армија била од нив нарекувана Македонија. Белград во првите години по Првата светска војна, пред да биде санкционирана поделбата на Македонија и да ја нарекува Јужна Србија или Вардарска бановина, пишува за настани во Македонија, како свдба во Македонија, за Македонскиот фронт, за враќање на македонски бегалци и т.н.

1is1 4

Белградскиот двонеделник „Илустровани лист“ („Илустровани лист – Ilustrirani list“ Година I у Београду, 10. V  – 25. V 1920 број 7.) на страна бр. 5 обајавува две фотографии од Македонија. Првата „Од Македонија: враќање на бегалците во урнатото село Ивени“ која ја снимил г. Драг. Глишич и втората фотографика „На Македонскиот фронт: српски логор под котата 1212“ исто така снимена од г. Драг. Глишич, академ. Сликар.

1is1 3

Од описот на самите фотографии се гледа дека дека белградскиот „Илустриран лист“ без проблем го употребува името Македонија и дека за т.н. Солунски фронт го користи вистинското има кое го употребувале и српските војници, а тоа „Македонски фронт“.

Во истиот двонеделник на страна бр. 7  можеме да видинме каква ќе биде тогашната летна мода, но и низ фотографии како изгледала свадба во Македонија.

Под наслов „Сватови во Македонија“ дадени се шест фотографии на кои се гледа: 1 Со музичари на чело сватовите одат во црква; 2. Невестата на коњ поаѓа на венчавање; 3. Сватовите стигнаа пред црква, а жените слегуваат од запрежните коли; 4. Пред куќата на младоженецот, децата го чекаат враќањето на сватовите; 5. Веселба по венчавањето – женско коло: 6. Машко коло.

1is1 2

Од ова може да се види дека ни со војна, окупаторите не можеа така лесно да ни го сменат името, ама затоа Заевистите во време на мир им го дадоа името на Грците само за да се влезе во НАТО. Но кога веќе еднаш си дал нешто некому, сега ќе треба да им го дадеш јазикот и историјата на Бугарите за да можат да добијат влез во ЕУ, која патем стои на климави нозе и ако не се справи со Корона вирусот и економската криза може да се распадне.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top