Историја

Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (4)

goce-delcev

goce-delcev

Во Билтенот од март-април 1942 година, отпечатена е цела статија за Гоце Делчев, а по повод на 39 годишнината од неговот загинување. Во нејзе во куси црти е прикажан животниот и борбениот пат на Г. Делчев, при што, посебен акцент е ставен на чистата национална компонента на автохтоноста на македонското револуционерно движење против обидите на бугарската врхушка истото да го стави под своја контрола.

Во тој обид, во статија многу успешно идеалите на Гоце од предилинденскиот период да станат идеали и на народноослободителната војна. Во контекстот на ова, во статијата е запишано следново:

„Идеалот на великиот македонски борец и револуционер Гоце Делчев, денес е идеал на најшироките македонски слоеви, кои пишкајат под јаремот на фашистката окупација. Борбата за тој велик идеал, борбата за една вистинска слободна Македонија, денеска највисоко го поставуе Партијата на македонскиот народ, Комунистичката партија…Ете зошто, на денот на смртта на великиот македонски револуционер и апостол на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, Комунистичката партија смело го издига неговото славно Илинденско знаме и ги кали под него, како македонскиот, така и сите други поробени народи во Македонија за извојување на слободна Македонија, заедничка слободна татковина на сите…Напред, за исполнување на тој завет и слава на великиот македонски револуционер Гоце Делчев“.

Во истиот Билтен, во статијата под наслов:

„Вториот сеславјански митинг“, одржан во Москава на 4 и 5 амприл 1942 година, посебно внимание е посветено на културното минато на Македонците,  со посебен акцент на делото на Кирил и Методиј и на Килент и Наум, кои трајно и достоинствено го издигнаа барјакот на писменоста на целиот словенски свет. Во тој стил, во текстот се укажува дека македонскиот народ треба да биде горд што дал вакви великани од средниот век. Но, притоа, се прави паралела и со делото на Гоце Делчев и другите македонски револуционери, со кои, исто, сите Македонци требало да се гордееме, бидејќи:

„Ние, Македонците не се срамиме од својот род, зашто нашиот народ роди великани како Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Карев, Сандански и го извлече на свои плеќи великото Илинденско востание, а нека германската „виша“ раса ни покаже колку такви востанија има во својата историја“.

Во последната статија од Билтенот на ПК на КПЈ за Македонија, озаглавена како „Целта на фашистичкото оземлуење“, а посветена на аграрното прашање во Македонија, посебно се потенцира дека тоа никогаш за време на турското ропство не било решено во интерес на Македонците. Во статијата се укажувало дека само преку револуција и оружена борба селаните можеле да ја земат земјата во свои раце. Единствено револуционерната организација имала правилен пристап кон ова прашање и настојувала, во рамките на своите можности, да воведе некаков баланс со турските феудалци. Во текстот, во врска со ова, е запишано на следново:

„На кај това решение на аграрното прашање во Македонија водеше и револуционерната борба на македонскиот народ под раководството на неговите велики синови-Делчев, Груев, Сандански и др.“

Со пиетет и доследна почит кон Гоце пишува и весникот на тетовската партиска организација „Неделен Весник“ од јули 1942 година. Во статијата под наслов :

„Животот на македонскиот народ под бугарски фашистички окупатор стануе потежок“, се зборува за наметнатиот фашистички режим на Бугарија во Македонија и тешкиот живот на Македонците кои поради нивниот отпор кон окупацијата жестоко бил казнуван, суден и ликвидиран. Но, во продолжение од текстот, се укажува дека кон сите ови злодела македонскиот народ нема да трае, бидејќи: „тој насекаде се дига на борба за изгонуене на фашистките окупатори. Негојте најарни синови и ќерки нарамија веќе пушки и ја наставуват борбата за идеалите на најголемите македонски борци и герој Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Јане Сандански, Димо Х. Димов, Влахов и др.“.

Продолжува

Goce Delcev1

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top