Историја

Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (7)

1.0.4

1.0.4

Во обемната статија под наслов: „Куклите на германо-бугарските окупатори“, објавена во „Илинденски пат“, весник на Народноослободителниот фронт на Македонија од февруари-март 1944 година“, аналитички е генерализирана борбената активност на македонската војска на целата територија на Македонија, и, воедно, целосно е демаскирана улогата на сите окупатори и нивните слуги кои имале една и единствена цел, Македонија да не биде слободна држава и македонскиот народ да не биде признат како самостоен и независен политички субјект на Балканот.

За да не дојде и до внатрешни поделби меѓу Македонците, во статијата тие се повикуваат и на тоа дека: „Патот е еден. Славниот пат на Илинденските борци, по патот на Гоце Делчев, Јане Сандански и нимниот жив саборец Димитар Влахов. Ако уште денеска ги соединиме сите свои снаги и прстаниме да се цепиме на србомани, бугарофили или пак гркомани и ставиме крај на миналите омрази, брат протв брата, који биле вештачки разгоруени и потплаќани со јудино злато од кралските дворови на Србија, Грција и Бугарија “.

Во истиот весник, но во друга статија под наслов:„Пред свикувањето на народното ослободување“ од април 1944 година, уште еднаш се потенцира значењето на Гоце Делчев како движечка сила и мотивирачки лик за обединувањето на Македонците во Втората светска војна. Поврзувајќи го решавањето на македонското прашање како една од главните внатрешни противречности, во статијата се повикува дека дојден бил моментот народот еднаш засекогаш да го отфрлел националното ропство кое долги години го оневозможувале Македонецот да создаде своја држава и самостојност. Затоа, во статијата, како охрабрувачки елемент се споменува и периодот на Илинденското востание со следниве зборови: „Започнува една славна епопеја на борби, во кои Илинденското востание и Крушовската Република го манифестираат пред очите на цел свет нивниот општонароден и прогресивно-демократски карактер. Длчев, Сандански, Ѓорче Петров, Влахов и др. По својата доследност израснаја од таја епоха како прави и истински народни водачи“.

Многу интересна констатација, поврзана со името на Гоце Делчев околу заедничката борба на Македонците со останатите народности во Македонија, е анализирана во статијата:

„Слободна Македонија во демократска и федеративна Југославија“, објавена во весникот „Братство“, орган на Првата македонско-косовска ударна бригада април 1944 година. Во статијата особено се потенцира дека за успешната борба на Македонците доста можеле да придонесат и другите народности кои требало заеднички да се борат рамо до рамо со Македонците. При ова, како основна оправдувачка алка е земена и мислата на Г. Делчев дека во оружената борба од предилинденскиот период за слободата на Македонија, свој придонес требало да дадат и другите народности. Имено, во врска со ова, во статијата е запишано следново:„Овој идеал и слични мисли имаја и видните раководители на Македонското Илинденско востание. Гоце Делчев, големиот учител и воѓ на македонскиот народ, мислеше дека и една ослободена Македонија, каде ќе царујеше братсвото помеѓу разни народности, можеше да живеје слободна само меѓу слободни комшиски народи на чело со народни влади…“.

Исконското име на Гоце се споменува и во весникот „Народен Војник“, орган на Првата македонска народноослободителна ударна бригада од јуни 1944 година. Во статијата под наслов: „Ролата на народноослободителните комитети во народно-ослободителната борба на Македонија“ во која се зборува за воспоставувањето на првата народна власт во Кичевската околија, се укажува на фактот дека Македонецот: „ја покажа својата свесна воља да е тој останал верен на идеалите на воите големи учители од миналото Гоце Делчев, Јарев, Даме Грујев, Сандански и Димитар Влахов“.

Продолжува

 0102

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски 

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top