Историја

Во Александрија, Птоломеј ја воспоставил новата македонска династија

Sphinx Alexandria

1Alexandria

Таму тој се зафатил со изградба на библиотека и повторно го вовел македонскиот систем на владеење, со македонскиот јазик како официјален јазик во царството. Македонскиот јазик станал јазик на трговците, дворците и наследниците, кои се стремеле да стануваат владетели на одделни кралства во евроазиската империја.

Набргу потоа дошло до неизбежни промени меѓу луѓето верни на Александар. Придружниците и гардистите, раштркани низ новото владеење, се издигнале на власт како благородници со сопствени права. Тие ја вратиле професионалната војска и системот кој го научиле од Александар. Така светската евроазиска империја се поделила на четири делови: Македонија, Мала Азија под Антигон, Египет под Птоломеј и Сирија до Хиндокуш под Селеукидите, слободна Ерменија и независното кралство на Евреите.

Сe тоа било поврзано со заедничка македонска култура во тогашниот таканаречен македонски свет.

Таа нова движечка сила по градовите и кралствата ги терало луѓето да бараат нови вредности и зачекорување на новите апостоли кон новата универзална религија – Рисјанството и не само таа.

Бранот на селење кон Исток, кој го започнал Александар, мора да се поврзе со неговата мисионерска улога. При тоа, мора да се смета за еден од најуспешните истражувачи бидејќи покрај ослободителната мисија, тоа биле патувања на кои се вршеле географски откритија.

Неговите истражувачи откриле нови земји и мориња, нови видови животни и растенија. Тие ја откриле внатрешноста на Персија, Индија, Персискиот залив и Индискиот Океан. Македонските трговци сe повеќе се движеле по караванските патишта, кон внатрешните пазари на Азија, за да разменуваат производи од Исток и Запад.

Александар се сметал за еден од најмоќните светски владетели и државници во светската историја, меѓу другото и заради успешното меѓусебно поврзување на Истокот и Западот. Второ, македонската уметност преку јазикот, обичаите, уметноста и науката ги пренел на Исток.

На Македонската култура и` ја вратил светската слава, а македонскиот јазик повторно станал светски јазик.

Доказите се среќаваат и денес од Индија па сe до Кина.

Градби кои сведочат дека македонските учители на тогашните уметници биле познати во светската империја на Александар, која се протегала од долна Италија преку Египет и подалеку во внатрешноста на Азија. Во целата империја владеел македонскиот начин на живеење и културниот дух на Александар.

Александар сакал да им послужи на Македонците како пример. Тој имал благородно однесување и изглед и ги победувал (освојувал) луѓето со неговите човекови, научни и воени постапки.

Со храброст, знаење, логика, демократија, слобода и човекови права го возобновил македонското царство. По големите напори тој не знаел за замор; самиот лично се грижел за повредените и давал наредби за грижа за нив. Не е никакво чудо што истражувачите и војниците го сакале како идол.

Во секоја тешка ситуација царот владеел со сигурен поглед. Знаел да избере точно време за секоја работа. Благодарение на неговиот несекојдневен талент тој успеал да ослободи голем дел од тогаш познатиот свет.

Тој одел спроти сонцето барајќи ја вечноста.

Светите патишта му шепотеле за илјадагодишните македонски мудрости, а бескрајните земни и водени пространства се отворале пред неговите воодушевени погледи.

Знаењето, логиката и храброста биле негови водители. Тие му ги отворале светите порти на откровенијата и ја уништувале грижата, стравот и тагата.

Неосвестените му се поклонувале, а останатите му ја осветлувале победата и среќата.

Со сe она што го направил и што имал намера да направи Александар Македонецот покажал дека се издигнал над своето време, па не е ни чудо што со векови им бил инспирација на уметниците, писателите и на скулпторите во разни средини и епохи.

Александар, кој бил сe во едно и кој го остварил херојскиот сон на Македонците, бил инкарнација на млад Бог, голем ученик на големиот Аристотел. Тој бил цар над царевите, во негово време градовите доживеале најголем процут.

Во духовен и економски поглед македонизмот доживеал најголем подем.

Персиско-медиското кралство под Селеукидите и египетското кралство под Птоломеј доживеале голем културен подем под македонска управа. Благодарение на непроценливите папируси ние знаеме за сите поединости од времето на Птоломеј.

Со производството се развила трговијата и се пружиле големи можности во мала Азија со нејзините градови Ефес и Милет.

Македонија цветала.

Пела и Вавилон биле средишни трговски точки и централни престолнини на македонскиот свет. Епикур и Зенон ги поставиле темелите на големите филозофски школи.

Учењето на Стоа, како и на подоцнежните Киникијци, било сосема космополитско.

Македонскиот дух се гледал во ориенталните култови и мисла, во астрологијата, во славењето на анадолиската “голема мајка”.

Размените со Персија и Индија биле поголеми. Постоела македонско-сириска, македонско-персиска, македонско-египетска, македонско-бактриска и македонско-индиска култура, кои биле силно поттикнувани од двете страни.

Од светско значење останува следното: македонскиот дух ја зачувал својата оригинална форма; културното мешање било најсилно со персиската култура; хуманистичката мисла под влијание на Стоа во македонскиот свет се проширила и имала македонско ориентален карактер; преку неа се вршело обид да се помират постојните раси и мешани народи, конфликтите и тешкотиите, за да се рашири убедувањето дека заедништвото е посилно отколку убивањето, дека тоа е заедничка вредност за неслободните, робовите и варварите. Таквиот идеал овозможил севкупен развој на науките и уметностите.

МН

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top