Историја

Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина

2.0.0

2.0.0

Лоза е списание на македонската емиграција во Бугарија, што се појавил во 1892 година во Софија како орган на Младата македонска книжевна дружина.

Списанието „Лоза“ се појавува откако во Солун пропаднал уште еден обид на Македонците за создавање на свој културен центар. Дел од соработниците на солунското списание „Книжици за прочит“ се преориентирале во кругот на „Лоза“. Меѓу нив се: Ѓорче Петров, Антон Поп Стоилов, Ефтим Спространов и други. Меѓу соработниците на „Лоза“ се и: Коста Шахов, Георги Баласчев, Петар Поп Арсов и други.

Уште во првиот број на „Лоза“, преку воведната статија е објавена програмата на Лозарите. Мотото на Софокле е ставено во почетокот на воведникот, и гласи:

Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина.

Повикувајќи се на големиот покоен Македонец, баронот Костадин Бели (непознат за нашата историографија), кој во 1838 година од Виена упатил јавен апел до своите Македонци, Редакцијата на списанието цитира еден голем пасус, кој го претставува текстот на тој апел. Потоа Редакцијата продолжува:

Благодарејќи на последните политички настани на нашиот полуостров и географската положба на Македонија, денес таму се изнасобрани севозможни надворешни елементи … Треба значи да се собереме во една општа, моќна сила – сила народна, ако сакаме да ја сочуваме иднината на својата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој Македонец, каде и да се наоѓа тој.

Во петтиот број на списанието, од мај 1894 година, се појавуваат посмртно стиховите на Прличев „До ослободителот на робјето“. Во истиот број објавен е краткиот напис на Ѓорче Петров „Да се здружиме“, во кој отворено ги повикува Македонците на вооружена борба. Ѓорче Петров, потпишан со псевдонимот Николаев, се повикува на оној фамозен член бр. 23 од Берлинскиот договор од 1878 година, со кој Турција се обврзува во Македонија да пристапи кон реформи. Петров пишува:

Положбата за нас Македонците во текот на овие последни години уште повеќе е влошена. Од една страна најинтелигентното население од Македонија се губи чувствително под несносниот ред и се голта од соседните ослободени земји; од друга страна, секоја година со десетици илјади работни раце … си ги напуштаат домовите, оставаат пусто сè и заминуваат во странство; од трета страна, многубројни убиства речиси секој ден се извршуваат таму од незаузданите разбојници… ојни убиства речиси секој ден се извршуваат таму од незаузданите разбојници…

Ѓорче Петров, кој настапувал како теоретичар на македонската револуција, овие свои мисли подоцна ги разработува во својот „Бунтовник“ (1898-1899).

Официјалната бугарска јавност уште по првиот број на излегување на списанието „Лоза“ ја препознала антибугарската тенденција, и фрлила анатема врз Лозарите. Во весникот „Свобода“, официјален орган на бугарската влада, го коментира појавувањето на „Лоза“ и подвлекува дека јазикот што се користи е македонското наречје.

Бугарската влада на Стефан Стамболов, познат бескрупулозен македонофоб и јавен прогонувач на Македонците во Бугарија, е главна тема на брошурата на Петар Поп Арсов „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“. Петар Поп Арсов е еден од уредниците и активни соработници на „Лоза“, кој пишувал под псевдонимот Вардарски.

Ѓорче Петров и Крсте Петков Мисирков на Лозарите им припишале димензија на историска видовитост, кои први проговориле јавно за потребата Македонците, самите со свои сили да си ја извојуваат победата.

Наводи

 „Свобода“, број 744, с. 3, од 18 февруари 1892 година

Користена литература

Гане Тодоровски, Македонската книжевност во 19 век, Наша книга, Скопје, 1990 година

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top