Историја

„Бунтовник“

1BUNT

1BUNT

„Бунтовник“ бил весник кој излегувал во Софија во периодот 1898 – 1899 година како неофицијален орган на Задграничното претставништво, односно на Македонската револуционерна организација, преку кој се преставувале целите и намерите на Организацијата во однос на Македонското прашање.

Главен и единствен уредник на весникот бил Ѓорче Петров кој во тој период во Софија, покрај Гоце Делчев бил нелегален преставник на Организацијата и како задграничен преставник ги застапувал и штител нејзините интересите.

Весникот се печател на бугарски јазик и неговото издавање било тајно, нередовно и ненумерирано. Во своите спомени Ѓорче Петров истакнува дека тој издал 11 броеви во ограничен тираж и го растурал на помали групи на лица кој се интересирале за македонското револуционерно дело.

Весникот бил наменет за македонска емиграција како и бугарскиот народ со цел да се придобијат нивните симпатии кон Организацијата, но весникот бил растуран и во Македонија за да се придобие и македонското население кон револуционерното дело.

Од овој весник се сочувани само три броја и врз основа на нив може да се заклучи дека целта на „Бунтовник“ била да се коментира Македонското прашање и да се пропагира револуционерна борба.

Најголемиот дел од текстовите се на Ѓорче Петров преку кој тој агитирал за револуционизирање на населението и за кревање на едно можно идно востание.

Бугарскиот трговски агент Атанас Шопов од Солун во еден свој извештај до бугарскиот премиер истакнал:

Д. Груев… бил училишен инспектор во Солун… негови коресподенти во Софија биле Ѓ. Петров и поранешниот секретар на трговското агентство во Солун, Стаматов, кој работел по негови упатсва.

Овој извештај бил испратен во 1898 година кога Ѓорче Петров го издавал „Бунтовник“ и јасно е дека таквата дејност била во согласност на самата Организација.

Ѓорче Петров поради својата, покрај другото и издавачка дејност дошол во судир со бугарските oпштествени кругови и затоа Димитар Ризов во јули 1898 година до бугарскиот премиер Констатнин Стоилов инсистирал Ѓорче Петров: да се мавне од Бугарија, каде ги брка со својата подземна и весникарска дејност, и да се испрати во оние пунктови на Турција, каде ќе биде безопасен.

Извори

Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 – 1903 година, Табернакул, Институт за историја – Филозофски Факултет, Скопје, 2003

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top