Историја

ИМЕТО „БУГАРИ“ КАКО ЕГЗОНИМ И НАВРЕДА

67516618 3402474709778395 8293110798037811200 o
67516618 3402474709778395 8293110798037811200 o
Англичанецот сер Хенри Лејард, сведочи дека во 1842 година името „бугарин“ („вулгар“) се користи за ОМАЛОВАЖУВАЊЕ, СРАМ и ПРЕЗИР кон оние што не се Грци и не го говорат грчкиот јазик. 

Покрај тоа, Лејард вели дека сите православни жители на европска Турција, официјално биле заведени како „Грци“, без разлика на нивната етничка припадност. Пред 1870 г., пред Егзархијата, во Отоманска Турција, официјално немало бугари. Ова е јасен доказ дека народноста (националноста) во отоманскиот систем се дефинирала по припадноста кон одредена црква, а не според етничкото потекло. Сер Лејард вели – „со ислкучок на Србија“. Србија, по српските востанија на почетокот од 19 век, имала одредена автономија и практично била австро-унгарски протекторат.(Извор: Sir A. Henry Layard’s Autobiography – Автобиографијата на сер Лејард, издадена во Лондон, 1903)#Бугарин е #навредливо#име .
Bо Македонија во 19. век, името „бугари“ било присутно. Ние Македонците не го порекнуваме тoa. Но, бугарската пропаганда постојано лаже дека македонската историографија бега од тој факт.Македонската историографија укажува дека поимот „бугари“ не бил етнички назив. Тоа се потврдува со стотици историски наводи и е МНОГУКРАТНО ДОКАЖАНО. Но, еве прилика да повториме неколку примери.
Самите бугарски интелектуалци велат дека сѐ до крајот на 19. век називот „бугарин“ немал национално или етничко значење. Александар Теодоров Балан во 1904. пишува: „Нашиот селанец, кога ќе кажеше ’ние сме блгаре‘, мислеше – ’ние сме христијани‘. За него, рускиот цар беше ’бугарски цар‘, НЕ ПО НАРОДНОСТ, туку по православно христијанство.“(Извор: A.T. Балан: „Една македонска теорија“, Периодическо списание, Софија, 1904, стр. 818).
Балан јасно вели дека, во Отоманското Царство, за обичниот селанец, „бугарин“ е еднакво на „Словен христијанин“ и дека тоа нема етничко значење. Фолклористoт Стефан Верковиќ во 1860., исто така сведочи за присутноста на бугарското име кај македонското население. Но, и тој нагласува дека тоа е ПОЛИТИЧКО име, а не народно (етничко).Извор: „Народне песме македонски бугара“, Белград 1860, Предговор, стр. 13.
Грците ги нарекувале Словените – „вулгари”. 3а ова говори и таткото на бугарската нација, Паисиј Хилендарски: „който народ и да чете тия книги, те изобщо се наричат словенски, но гърците, понеже знаели отначало, казват и досега български книги, а не иначе.” (Извор: „История славяноболгарская “ https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/d3/Paisii_Hilendarski_Istoriya_Slavyanobolgarskaya_red_Y_Ivanov_BAN_1914.pdf) „Болгари“ (voulgaroѕ) бил византиски, па грчки политички наметнат назив за словенското население.
Во услови кога Македонците учеле во грчки училишта и кога сѐ словенско било нарекувано „вулгарско“, за нашите предци од 19 век „бугарското“ значело словенско, и секој којшто говорел „бугарски“, всушност говорел – словенски.
Тоа го искористиле руските империјалисти и интелектуалци за свое влијание на Балканот. „Бугаризмот” од 19. век е заснован на пан-славистичкатa идеја. Побугарувањето било обмислено политичко движење, поттикнувано и логистички поддржано од Русија во нејзината империјална политика за влијание на Балканот.
За Григор Прличев и Србите се „бугари“ т.е. Словени. Во средината на 19 век, од словенските народи само Србите имале кодифицирана азбука на Балканот, па затоа и Прличев вели: „Българската (словенската) азбука само на трима беше известна и се наричаше сръбска…“ (Извор: Григор Пърличев: Автобиография, стр. 371).
Јордан Хаџиконстантинов – Џинот пишува дека и во Велика Моравија (денешна Чешка и Словачка) живеат „бугари“ (т.е. Словени). Имено, тој и моравските владетели ги сметал за „болгарски кнезови“ (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147).
И Господин Генадиј, Митрополит Велешки (роден во село Подкожене, Поградец) ни посочува дека во 19. век, во Македонија поимот „бугарин“ означувал чист Словен, дека сите словенски народи се бугари, па тој запишува: „B Европа най-образованите философи са от Бохемия и Моравия и всички те са славяни, наши братя, чисти българи.”(Извор: Симеон Радев: „РАННИ СПОМЕНИ”, „ПОСРЕЩАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА БЪЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ”.
Ново, коригирано и допълнено издание под редакцията на Траян Радев, Изд. къща Стрелец, София, 1994 година) Учителот од Пиринска Македонија Никола Попфилипов вели дека „бугарскиот“ (славјанскиот) јазик е „општ балкански јазик“. (Извор: весник „Maкедонiя”, Цариград, 6. Април, 1868 година).
И Крсте Мисирков го објаснува поимот „бугарин“ како синоним за CИTE словенски народи, синоним наметнат од Грците: „Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени го велеа со презреното име „бугари”…
Грците го употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн’е кон се словенцко… Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн’е не iет iединствено“… („За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“, 1903 ).
Српскиот академик Петар Драгашевиќ, кон крајот на 19. век ја посетил грчката област Тесалија, при што запишал: „Грците ме нарекуваат Бугарин, иако сум Србин од Србија… Зборот ’бугарин’ означува Словен.“ (Извор: Петар Драгашевиќ: „Македонски Словени”, Белград, 1890).
Покрај сиве историски сведоштва за значењето на терминот „бугар“, факт е дека вистинските, етнички Бугари биле турко-алтајски народ од Азија. И тој факт се потврдува од стотици историски извори.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top