Историја

Александар ДОНСКИ : МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ НА БУГАРСКАТА КУЛТУРА

Donski111

1Donski Александар ДОНСКИ

(ВО ГОЛЕМ БРОЈ ДРЕВНИ ДОКУМЕНТИ, ЗНАЧАЈНИ СЕГМЕНТИ ОД БУГАРСКАТА КУЛТУРА СЕ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО – МАКЕДОНСКИ!) 

Наспроти денешните артикулации на бугарската анти-македонска пропаганда, според која наводно ние Македонците сме биле „потомци на бугарските турко-монголски ханови“ (кои припаѓале на жолтата раса и од кои мнозина од нив немале ни стапнато во Македонија), во нашата јавност е малку познато дека постојат древни документи и сведоштва во кои значајни сегменти од бугарската култура, се претставени како – македонски!            

Така, на пример, англискиот пате­писец Џон Барбари во 1665 година го посетил градот Пловдив (тогашен Филипо­лис), за кој запишал:

„Градот, што порано се викал Пенерополис, сега се вика Фили­полис, според името на Филип Македонски, кој го основал овој град. Овој град се протега близу до една голема рамнина и се мие од познатата река Хеброс, која сега се нарекува Марица“. (Марија Тодорова,„Англиските патеписци за Бугарија, Софија, 1987).          

Интересно е да се спомне дека од времето на Третата крсто­нос­на војна (крајот на 12. век), на крстоносците градот Пловдив им бил при­кажан како град во – Македонија! Во „Историјата на крсто­нос­ците“, во врска со североисточната граница на Македонија, пишу­ва:

„Филипол (Пловдив, з.м.) е богат и познат град, кој е распо­ложен на самиот почеток на Македонија“.         

Спо­ред бугарскиот средновековен учен Григориј Цамблак (14 в.), кој бил ученик на бугарскиот патријарх Евтимие, Плов­див исто така се наоѓал во границите на Македонија (С. Параос, „Народна Вол­ја“, Благоев­град, мај, 1998,с. 3; цит. според автентични извори).           

Францускиот патешественик Де ла Брокиер, откако престо­ју­вал во Пловдив во 1493 година, запишал дека Пловдив е „престолнина на Маке­донија“.          

И францускиот патешественик Вертрандон во својот труд „Voyage d’outrement“ го пишува истото, а така е и со Бенедето Рамберти во „Libre ella cose de Turchia“. (Христо Андоновски, „Јужна Македонија од античките до денешните Македонци“, стр. 54, цит. според постари извори).          

Но тоа не е се во врска со детерминирањето на некои сегашни бугар­ски градови како македонски. Патеписецот Хенри Блаунт во 1634 година ја посетил Софија. Како резултат на сознанијата до кои дошол таму, овој патеписец запишал дека Софија е македонски град! Овде читаме:

 „Софија, според овдешната административна поделба, е главен град на Бугарија, но географски овој град се наоѓа во Македонија, близу до границата со Тесалија“. (М. Тодорова, цит. дело).      

Во продолжение тој дава опис на убавините на овој град – сакрал­ни и духовни објекти, убеден дека тие се дело на Македонци (штом Софија се наоѓала во Македонија).      

Софија била сметана како македонски град, не само од стран­ци­те, туку и од самите Македонци. Познатиот македонски културен де­ец Јаков од Камена Река (16 век), кој печател книги во Венеција и ги донесувал во Македонија, исто така сметал дека Софија е маке­дон­ски град. На крајот од објаснувањето за местото на своето потек­ло, Јаков запишал:

„…И јас Јаков, од македонските краишта од местото викано Софија, Крајков син, и од господина Јеролима назначен на оваа ра­бота, ве молам сите вас да ми простите“. („Одбрани четива за историјата на Македонскиот народ“, Скопје, 1951, стр. 166).     

И за Рилскиот манастир постојат сведоштва дека се наоѓа во-Ма­кедонија. Самите негови монаси во 17 век тврделе дека Рил­скиот манастир е дел од Македонија. Во 1627 година тие напиша­ле писмо до рускиот цар во кое меѓу другото се вели:

„Писмото е на­пи­­шано во Македонија во братството на препо­добниот отец Јован Рилски“.       

Во повеќе географски карти од самиот почеток на 19 век и гра­дот Ќустендил (со околината) е сместен во границите на Маке­донија. Таков е случајот на географските карти на Балканот објавени во Вие­на (1812  и 1822), потоа на географската карта на Балканот обја­вена во Париз (1814), Белград (1853), Италија (1855) и други (Илија Петрушевски, „Маке­донија на старите мапи“, Скопје, 1992 год.).             

Постојат сведоштва според кои и градот Самоков е маке­донски град. Зографот Захарие од Самоков, на иконата “Свето Преоб­ра­же­ние” („Преображенски манастир“, Бугарија) запишал де­ка иконата е насли­кана од: “рукоју Захариа зографа от македонски Самоков 1851  (година, з.м.)…“

(Д-р Коста Балабанов: „Галерија на икони“, Штип, 1988, стр. 27).

Арапскиот писател Идризи во својот познат спис „Географија” (1153) како македонски градови ги опишува: Видин, Разград, Шумен и други

(Д-р Стјепан Антолјак „Средновековна Македонија Прв дел“, Скопје, 1985 год.).         

На една минијатура под ликот на бугарскиот цар Иван Алек­сандар (1331-1365) стои напишано: „Sanctus Johannes Alexander de Macedo“.

(Стјепан Антолјак, цит. дело според постари извори, стр. 176)        

Конечно, авторот Винко Прибоевиќ во своето дело „О подријетлу и згодама Славена“ (16 век), пишува дека Бугарија порано се викала Македонија.

(С. Антолјак, цит. дело, стр. 176).

(Од книгата „Етногенетските разлики помеѓу Македдонците и Бугарите“ од Александар Донски, а во рецензија на академик Блаже Ристовски, која можете да ја нарачате на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или преку фејсбук).

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top