Историја

Американскиот весник Савана морнинг њуз (Savannah Morning News) во 1904 година пишува дека Борис Сарафов бил главен водач на македонското востаничко движење

1tur1

1tur1

Американскиот весник Савана морнинг њуз (Savannah Morning News) во 1904 година пишува дека Борис Сарафов бил главен водач на македонското востаничко движење и селаните со восхит раскажувале приказни за неговaтa смелocт и подвизи.

Весникот пишува дека Сарафов долги години ги предизвикувал Турците да го фатат, иако честопати одел меѓу нив преправен како свештеник или како селанец, дури и како турски офицер.

Следбениците на Сарафов, пишува весникот, раскажуваат за еден настан во кој само неговата брза и смела реакција спасила цела чета комити да не бидe заробенa.

“Скоро стотина востаници стационирани во еден стар манастир свртен кон планините беа опколени од Турците. Одеднаш, среде пукањето, еден Турчин со ознаки на виш офицер јавајќи се појавил пред баталјонот од страна на планините.

Тој му наредил на трубачот да прати сигнал за да се изведе маневар со што баталјонот отишол надесно при тоа создавајќи голем јаз во борбените линии. Опсадените Македонци ја увиделе можноста да избегаат, направиле очаен продор и се пробиле кон планините.

Турскиот офицер кој ја дал погубната команда тргнал во потера по нив, наредувајќи има на Турците да го следат. Бидејќи тие не немале коњи, не можеле да го следат. Но, турскиот офицер не се вратил. Подоцна, збунетите Турци се сетиле во описот на неговото лице дека се работи за Борис Сарафов.”

ИЗВОР: “When the Sword Flashes in the Balkans,” Savannah Morning News, April 3, 1904, pg. 29

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top