Историја

СЕЛЕУКИДИТЕ – ЕЛИНСКИ ПРЕДАВНИЦИ НА ЕТИКАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

1sel11

1sel11

Коине јазик на Коптски фрагмент, 4та Книга за Макавеите, преведена од еврејски

„Ниедно истражување не е неоспорно“, рекол Волфганг Рат (Wolfgang Radt) за грчките градби и за Пергамон, кој Св. Јован во „Откровението“ го нарекува „град на Сатаната“ во паганскиот Елинизам.    

Се знае дека четирите Книгите за Макавеите, кои првобитно биле напишани на еврејски јазик, биле уништени од елинско-сириските и феникиските Селеукидски владетели, за да ги избришат сведоштвата за нивните злосторства низ тиранијата во светата земја и низ Азија.

Од Книгите за Макавеите, зачувани се преводи на македонскиот коине јазик (сликата со Коптски фрагмент). Коине, спрема поновите истражувања, е јазик кој го зборувал старомакедонскиот народ и во 8от век пред н.е. Во Македонскиот Период на владеење на царот Александар III Македонски (356-323), коине јазикот генијално е кодифициран и проширен за омасовена комуникација и разбирање меѓу народите кои Александар ги освојува и ослободува. На старо македонскиот јазик му се додаваат содржини од лексиконот на источниот Медитеран, Египет, семитските и други народи. Коине јазикот продолжува да се употребува повеке од 7 векови, и низ Византиската ера, во региони на Блискиот Исток, Сирија, Месопотамија, Источниот Медитеран, Африка, Апенинскиот полуостров и островите освоени од елинските племиња.

Освен Книгите за Макавеите, огромен е бројот на дела преведени на коине јазик во тој период, меѓу кои и  делата на апостолите Павле, Петар, Јован, Лука, Марк и Матеја, Келнскиот Кодекс, Тестаментот на патријархот на трите вери, еврејска, христијанска и исламска – Аврам, како и Тестаментите на Исак и Јаков, преводи од Арамејски, Коптски и Етиопски библии и житија. Познати се 72 преведувачи од еврејски на старомакедонскиот коине јазик, кои биле ангажирани од најверната династија што го наследила царството на Александар Македонски, Птоломејската.

Четирите книги за Макавеите сведочат за страдањата на Израелците под окупаторска власт на азиско-елински племиња кои ја наметнувале својата незаконска анти-народна тиранија во рамки на првобитното македонско царство преземено од династијата Селеук по смртта на Александар.

Елините ја злоупотребуваат Селеукидската власт, вршат морбидни злодела особено во периодот од 175 – 134 година пред Исус Христос, период на владеење на корумпираниот сириско-елински тиранин, царот Антиох IV Епифан, кој елините насилно и лажно го претставувале како „просветлениот“ за подоцна од народот и историјата да биде наречат Епимен, што значи „безумниот“. Ваквото анти-демократско, варварско владеење на еден од четирите „наследници“ на азискиот дел од македонското царство, било во спротивност со системот на верска и етничка толеранција и општочовечки морал поставени од Александар III Македонски.

Генијално мудриот и мирољубиво бестрашен Александар Велики Македонски ја имал околу себе најлојалната македонска фаланга со благородни вредности, но останал свесен за вроденото предавништво, пакост, завидливост и ароганција кај елинските припадници во неговата војска, како и кај некои блиски и подалечни соработници и соборци од немакедонски сојузници. Александар бил отруен токму од таквите. Елинските племиња славеле кога починал Александар.

Судирот меѓу генералите и меѓу нив и верните македонски ветерани отпочнал веднаш по смртта на Александар и траел четири децении, по што Македонската империја била поделена на повеќе територи. Од неа најголем дел зазеле четирите завојувани генерали кои елините цинично ги нарекуваат наследници: 1. Старото Македонско царство на Балканот, со претходно освоените грчки градови-држави, го владеел македонскиот генерал Касандер; 2. Македонската династија со генералот Птоломеј завладеала со Египет, Силиција, Петра и Кипар; 3. Лизимах ја задржал Тракија и делови од Мала Азија; 4. Селевкид заграбил најголем дел од империјата на Александар: Персија, Месопотамија и Вавилон (сегашен Ирак и дел од Иран), Либан, Сирија, Јордан, Израел со Палестина, Индија, Авганистан, Пакистан и делови од Туркменистан.

Најдоследни на македонскиот космополитски дух и автентична култура останале Птоломеите во Египет и нивниот последен  македонски владетел до Римската окупација, македонската кралица Клеопатра VII. За моќта на Фараонската власт преку Македонските Птоломеи сведочи и коине текстот на Каменот од Розета. Елините не знаеле да го преведат зашто јазикот и буквите не биле нивни, туку Старо Македонски.

Спрема старомакедонските зборови постари од 2.500 години од табелата на научниците, кои го дешифрираат текстот на Каменот од Розета, Бошевски и Тентов, поетесата Марија Емилија Кукубајска, составува спацијално-темпорална мета анализа во стихови, со контекстуална интерпретација на старомакедонски зборови.

Ова продоложение објавува зборови на буквата И. Реден бр. 160-177

160. И … И. Прв. Врховен. Жив господар си. Твое писмо Македонско – Птоломејско единство поврзува.

161. еЃИ…  Иже јеси… Нивен си. Наш си. Тајни открива сонцето ти: Војни идат, мрачни зраци, микро прав.  

162. ееТШИ … Иште. Бара од вас самостоен раст, самодоверба. Непријатели духовна моќ ќе ви растргаат,

163.  ьЈаПаН И … И потоа? Пак, од историја на природата учете: Војни со бактерии/вируси против името се. 

164. оМИ … Име. Името ви е ИМОт. Имотна листа на кОДот. ПарЦела, посебна припадност во целото дело.  

165. уЊ оМИ …  Имоти ќе полнат со вас – канаринци во рудници гасни, ако сте без име, без имунитет сте. 

166. аЦНеМИ… Именец. Името ви го чува, порачува: додека име имате, и имање свое, и земја и народ имате.

167. НИ … ИНостран. Странец. Туѓ – вешт(ер) крадец ќе владее со вас, и со имовина на татко и дете ваше.

168. еНИ…  Туѓинци. Над врв на пирамидите, со ЕМП ќе ве сторат песок. Негативна вредост сте им биле. 

169.  оРИ … Херој на нивното време ќе бил тој што уништува од подземја и надземја. Ваши херои ќе ништат.

170. аЃоРИ … Воен Херој ваш, со ум и срце ви чува раса и род непроменливи. Но анти херој ќе го прогласат.

171.  аЃоРИ аЦеД … Деца на Херој божји – од вас ќе немала корист вештачката војска-вештер трансхуман. 

172.  еМееСИаН … Најсемејство сте. А нај анти-семејство ќе ве сотира: Cancel cultura vs човечна низа/генеза.

173.  ееЦИаН … Најценет. Тој суштината ја носи за иднината. Но, светот за анти-луѓето ќе е само воен плен. 

174.  АИаН … На земја. Во воздух, во вода – се’ отров ќе е. Ниедна интерпланетарна фУрна остров не ќе е. 

175.  ИееЈееСьМаНАИаН … На сите мои земји денес: Природата владее од вечноста, од рамнотежата Божја.

176. аНаН(врп)И … Водачот со симболи: вода, сонце – сега. Богови со рогови утре: старо нови симболи, зло.

177.  аТаНаН(врп)И … Водачот наш без сомнеж/без страв во петти димензии ве штити од бездушни машини.

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top