Историја

Од симпозиумот на МАНУ, СТО ГОДИНИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, 2012

1istr12

1istr12

М. Кукубајска, Роберт Каплан, Балкански духови – примери за пристрасно игнорирање на Македонија 

Историјата не ја прават само победници, но и предавници или импровизатори на објективноста. Целта на овој труд е да анализира во Балкански духови, примери на непроверени стереотипи и необјективно прикажување, дезинформирање, изоставање, некоригирање на стари информации и нерешавање на фалсификати во историските податоци за Македонија – пред и во периодот на 1912–1913 година. Трудот ја застапува потребата од транспарентно, одговорно и фактичко известување, особено во документарни книги кои имаат историски аспирации. Проблемот на пристрасност, необјективност, игнорирање и манипулирање на историски вистини во односите на балканските соседи и нивните сојузнички сили кон македонскиот народ, опстојува и пред 100 години, но книгата на Каплан покренува нови историско-културолошки прашања за био-етиката во историската и патеписна литература и во истражувачкото новинарство, особено низ современото одговорно истражување на „Источното прашање“ на Балканот. Во период на правење и растурање на држави од старата Отоманска империја, Каплан тенденциозно ја заменува одредницата македонски (народ) со бугарски, српски или грчки, без да контрастира најнови сознанија од современата историографија. Илустрациите се анализирани како пример за 1. потребата од преиспитување на непроверени, тенденциозно индоктринирани, политички пристрасни видувања и за 2. потребата од професионална и био-етичка одговорност во научната и дипломатската литература, во време на достапност на податоци.

За авторот на книгата Балкански духови: патување низ историјата (Kaplan, 1993, 2005) Роберт Каплан, политички аналитичар, вработен и во приватната разузнавачка фирма Стратфор и надворешен истражувач во центарот за Новата американска безбедност во Вашингтон, слободата на изразување во однос на Македонија е слобода на избор на податоци од антимакедонски извори. Во време на електронска достапност до објективни и легитимни истражувања тоа потешко се оправдува со оглед на фактот што неговата репортерска (не)објективност имале на располагање и аргументи и контра-аргументи, и историски и современи податоци за македонската историја, кои според меѓународните стандарди на непристрасност во медиумите бил должен етички да ги применува. Каплан користи измешан жанр на документарност и слободно патеписно видување, што му обезбедува и дополнителна субјективна слобода. Субјектите и институциите ангажирани во новоистражувани и докажани објективни видувања на македонското прашање од XIX и XX век, не смеат да останат рамнодушни на едностраниот избор на антимакедонски информации и интерпретации. За истражувачите и корисниците на слични новинарски и квази историски записи, Македонската наука е должна да ги разгледува и ваквите видувања. По очекуваната претпоставка дека е заедничка надежта на Балканските соседи да споделуваат слобода, мир и просперитет во своите граѓански и демократски општества денес, и етиката на објективно информирање обврзува на реакција во случаи на политичко-културолошка фабрикација, бидејќи и по 100 дена од еден настан, а особено по 100 години, дезинформациите можат непоправливо да влијаат на тековите на историјата, културата, литературата и на односите во меѓународната заедница. (Niedermuller).

Проучувањето на синдромот новинарска пристрасност и едностраност (медиумите како „платена информациска војска“), посебно во однос на македонската трагедија до 1913 година и потоа, често се соочува со манипулации со вистината. Таа манипулација била во служба на идеологии и политики кои придонеле за непомирливи деформации на историската и научната свест и за кршење на цивилните и военополитичките стандарди за одржување на светски мир, ред и човекови права. Во поглавје 3. од Балкански духови, цинично насловено „Македонија: Желна рака посегнува по ѕвезди“, Робер Каплан и’ дава особен кредибилитет на книгата „Војна на Источниот фронт“, објавена во 1916 година од aмериканскиот комунист Џон Рид.  

Каплановите цитати од Рид се однесуваат на Македонија само како на територијален eнтитет, но не и како национален идентитет: „Македонија е страшно незамислива мешавина од раси. Tурци, Албанци, Срби, Романци, Грци и Бугари живеат таму едни до други, но не и едни со други“. Роберт Каплан ги брани ставовите на Џон Рид и додава дека по Сан Стефанскиот договор Голема Бугарија се издигнала како принципат изроден од Русија. Америка, од друга страна, во првите години од 20ти век е обземена со социјал-демократски идеи значително актуализирани од претседателот Вилсон. Неговата идеологија била ублажена американската верзија на социјалистичката авангарда, идеи какви што денес кулминираат меѓу медиумските, образовни, државни и невладини „секуларно прогресивни“ агенди за промени кои го исфрлија за претседател и Барак Хусеин Обама. Во почетокот на ХХ век ниту Америка не и’ помогнала на Македонија, ниту Русија, најголемиот поддржувач за поразот на Македонија и за нејзината поделба меѓу Бугарија, Грција и Србија. Познато е дека и кон крајот на ХХ век, Русија, преку својата Академија на науките, објави официјален став според кој сите македонски преродбеници биле Бугари.

Факт е дека Бугарите и пред сто години пласирале дезинформации во светот дека во Македонија живеат „Бугари“, дека македонските револуционери се „бугарски“ за подоцна, врз основа на ваквите артикулации, и западни и руски новинари и публицисти да пишуваат за „бугарскиот карактер на Македонија“. Факт е дека за време на Илинденското востание македонските востаници немале своја информативна агенција, па сите вести за востанието во нивно име ги толкувале бугарски агенции кои востанието го претставувале за свое, а врз основа на тие податоци известувале и странските новинари. Надевајќи се на американската правда, македонскиот народ и тогаш останал неподржан во својата борба за независност – масакриран по бојните полиња, брутализиран, ограбуван, поделен и окупиран од новите соседни покорувачи до 1945 година.

Американските Вилсонови стандарди за демократско само-определување и човекови права, и тогаш не се однесувале на Македонија. Каплан и за овој период, во однос на македонското национално прашање и Голема Бугарија, прави тенденциозно малициозни импровизации со националниот идентитет: „Голем дел од Грчка Македонија е подарен на Бугарија, и тој дел главно е населен со Бугари, покрај значителен број на грчки, турски и еврејски малцинства. Во останатиот дел од Македонија, иако таму тоа денес се негира речиси од секого, бугарскиот национализам беше понапреднат од кој било национализам во Грција или Србија“. (Kaplan, 2005)

Во одбрана на своите ставови за Македонија запишувани во „транзицијата“ од 1990- те години, Каплан пренесува ставови на денешните „соседи“ на Македонија дека ФИРО Македонија се формирала како вештачки Титов производ по Втората светска војна, за да се спротивстави на рускиот Варшавски блок, и на Бугарија во него, и дека Тито промовирал претходно непостоечки посебен етнички и јазичен идентитет за Македонија, со цел да ги раскине сите емотивни врски помеѓу локалното население и населението во Бугарија чија влада била партиско-политички блиска со Москва откако идеолошки и воено била фашистичка во Втората светска војна.

 1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Историја

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк?

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк е прашање што многумина го поставуваат и ги тера на сомнение и дилеми. Алек (Алекс – Александар) Џигеров, Македонец од Канада, кому Македонија му е судбина и преокупација, има видување и аргументи дека Зорба не бил Грк, туку Македонец. Според неговиот текст со наслов „Македонска чорба“, што е напишан […]

Гаврил Радомир – Самоиловиот наследник што загинал од раката на својот братучед

Двапати го спасил својот татко на бојното поле, а животот го загубил од Јован Владислав – човекот за чие спасување самиот се заложил. Гаврил Радомир бил син на цар Самоил и царицата Агата, истакнат војсководец и наследник на Самоиловиот престол. Владеел од октомври 1014 до летото 1015 година, во еден од најтешките периоди за Самоиловата […]

Најнови вести

To top