Историја

Oд симпозиумот на МАНУ, СТО ГОДИНИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, 2012

8909

8909  

Oд симпозиумот на МАНУ, СТО ГОДИНИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, 2012.  М. Кукубајска, Роберт Каплан, Балкански духови – примери за пристрасно игнорирање на Македонија                      

Во однос на „непостоечкиот македонски народ“ на територијата на Македонија, Каплан одново пристрасно верува без да проверува; вметнува неточни гледишта од друг патеписен пропагандист. За својата анти-македонска пропаганда Каплан одново го цитира американскиот бољшевик Рид: „…најголем број од населението во Македонија се Бугари… Tие, додека Македонија беше турска провинција, беа првиот народ кој основаше национални училишта, и кога бугарската црква се побуни против грчкиот патријарх … Tурците (на Бугарите) им дозволија да основаат свои епархии, зашто беше толку очигледно дека Македонија беше бугарска“. Каплан ја опишува Република Македонија со цинично деформирана диоптрија и анти-културна омраза против историски различните идентитети и легитимната македонска борба за слобода: „Затворив очи да го замислам зачаденото табло по кое секое расно и линвистичко барање е и различно толкување на историјата“.

Со сарказам во својата гео-политичката едностраност, Каплан се потсмева на историската реалност и националните идеали на другите. Вербално атакува и продоложува да вози (drive-by shooting) низ македонската територија од поранешна Југославија. Спрема Каплан, Македонија е изгубена во илузии за својот идентитет и култура: „Буквите беа мали, речениците долги и конфузни… Кога превезот со ѓубре се поврати, затворив очи. Скапоцената убавина на земјата се зголеми кога не беше повеќе реалност, туку само загубен идеал: Tогаш видов зошто нејзините поети имаа горчина во својот израз и тоа во хипербола.“

Без должна почит кон јазиците и литературите на светот, Каплан го потценува и македонскиот јазик како некаков одново откриен јазик. Ја исмева и македонската литература: Богомил Ѓузел – за неговата фантазмагоричност, Гане Тодоровски – за поетската тема за Вардар кој без достоинство низ вековите влечел ѓубре, Блаже Конески – за дефинирање на потрагата за идентитет и љубов кон Македонија како некакво движење на една рака желна за ѕвездени простори, Анте Поповски – за неговата изјава дека „Остатокот од Европа во 1989 ги постигнал своите национални права, но сеуште не и Македонците во Грција и Бугарија, кои се под окупација“.  

Каплан го обезвреднува и инсистирањето на македонскиот црковен лидер, архиепископот Михаил кој му укажува на Каплан да обрати непристрасно внимание кон македонската вистина. Со непрофесионалност, провинцијализам и нечесност Каплан ги омаловажува легитимните обиди и на д-р Орде Ивановски; го дисквалификува како ФИРОМ историчар, додека тој се обидува да му препорача на Каплан македонски научни публикации и докази за Македонија поинакви од Каплановите анти-македонски лаги и полувистини. Отворениот шовинизам на Каплан кон патриотизмот, христијанството и кон Османлискиот елемент во македонската историја, е видлив и во овие дискриминаторски скици: „Ѕидовите на црквата беа сосема поцрнети од чадот на свеќите, како и врелиот здив на патриотите… Ова беше свет инспириран од чудесна темнина… свет од каде Турците сеуште не заминале“.

Индикативен е податокот што за рецензент на Балкански духови Каплан го употребува Портер Гос, тогашен директор на ЦИА: „Во Југославија, Каплан го согледа колапсот на нации држави и подемот на Хобсовата џунгла на гангстерски војни, племенски колежи и идеолошки џихад. Каплан, секако беше во право“ (цитат од П. Гос). Споредбата на бившите југословенски републики со Хобсова џунгла е дополнително антагонизирање на критички потребното, конструктивно политичко, економско и научно инвестирање во македонски и балкански демократски дијалог за коригирање на историските неправди и неточности наметнати и нерешавани токму од надворешните сили кои ги прекројуваат мапите на светот со леснина на десензитивизирани или калкулативни „деконструктивни уметници“.

За такви тековни гео-стратешки глобални промени во светските влијанија, Каплан дава свои проекции во најновата книга Одмаздата на географијата: Што ни кажува картата за претстојните конфликти и битки против верата (“The Revenge of Geography: What the Map Tells Us About Coming Conflicts and The Battle Against Fate“, Kaplan, 2012). Негативната пропаганда за Македонија Каплан во Балкански духови ја поткрепува и со антимакедонскиот став на британскиот про-бугарски хагиограф Марша Макдермот во нејзината книга „Смрт или Слобода: Животот на Гоце Делчев“. (MacDermott, 1978). Каплан го цитира нејзиното реторичко прашање кое труе од дефетизам, дисторција и дистопија: „Кој друг освен самиот ѓавол би ја претставил така убава мртовечката куќа“ (Македонија). Каплан импутира произволни импровизации – дека Гоце Делчев, од таа мртва Македонија, бил всушност герилец – Бугарин, дека Македонија била Западна Бугарија, фантазмагорично тврдејќи дека „Македонската крв и почва се легенди“ – поткрепувани со приказни за мнозинско население сочинето од Африди и секакви други народи чии траги се губеле во измислени приказни за поврзаност со Авганистанци – од времето на Александар Македонски.

Балкански Духови на Каплан протежира стари хегемонистички тези на Бугарија дека по Санстефанскиот договор бугарскиот принципат станал „…храбро и независно оживување на средновековното Бугарско кралство… кое ја вклучува не само денешна Бугарија, туку и целосната географска Македонија… Југословенска Република Македонија, делови од Албанија на запад и огромен дел од грчката земја околу градот Солун, со што на Бугарија и’ се обезбедил излез и на Егејското Море“. Каплан за денешна Македонија го дава и следното историски и научно неточно објаснување: „Македонија е област која денес вклучува делови од северно-централна Грција, југозападна Бугарија и од југоисточната поранешна Југословенска Македонија“ (СХС). Можеби и поради вакви известувачки книги, многумина фулбрајтови кадри и „добронамерници“ од американски организации, денес пристигнуваат во Македонија индоктринирани со предрасуди дека Македонија не е жртва, туку е причина за жртви на Балканот, дека Македонија не е окупирана во 1913 година, туку дека е совладан „окупатор“!?

Продолжение II од IV     

1Marija Kukubajska Проф. д-р  Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top