Историја

Димитар Ризов: „Јас бев искрено убеден дека ние самите не можевме да ја ослободиме Македонија, па дури ни да и извојуваме автономија“

17812

17812

Во третиот дел од статијата „Откритие на Димитар Розов“, која ја објавувува белградска „Политика“, на насловната страна на весникот од 1.01.1914 година, продолжува да зборува за двете ноќи во кои се удрени темелите на српско бугарскиот сојуз, обидувајќи се притоа да се оправда пред јавноста за тешкиот пораз на Бугарија кој го претрпе во Втората балканска војна.

И човекот кој претходно вели: „Јас сум Македонец и никогаш нема да го ставам својот потпис ни на било каков документ кој ја дели Македонија“, во последното продолжение на статијата зборува за тоа како е договорена промеморија за основата за преговори со Србија, во која се вели:   „Македонија да биде автономна. Ако тоа од било какви причини не е можно, тогаш на Србија да и се остапи како нејзина граница во Македонија делот кој се граничи источно од Вардар по реката Пчиња до нејзиниот извор, и западно од Вардар да оди по административната граница на скопскиот и призренскиот санџак.“

Сето ова многу наликува на денешните македонските политичари од актуелната власт, кои се со слични убедувања дека сами не можеме. Тие пред јавноста едно зборуваат (божем ги штитат националните интереси), а на маса бараат подршка од бугарските власти притоа ставајќи ги на коцка макединските национални интереси. Со оглед дека на сите им е познато какви беа последиците од договорот за сојуз, Балканските војни и мешањето на големите сили – со поделба на Македонија во Букурепт, август 1913 година – можеби оваа статија на Ризов ќе ги отрезни македонските преговарачи, за да не предизвикаат некоја нова поделба, некоја нова македонска национална катастрофа, па да бегаат или да се правдаат пред јавноста.

Еве што зборува во последното продолжение од статијата Димитар Ризов:

„ Другата вечер повторно се состанавме. И само што почнавме јас го осетив влијанието на г. Хартвиг. Доволен доказ беше тоа што овој пат разговорот го започна мирољубивиот г. Миловановиќ.

Со онаа своја постојана насмевка на лицето тој се сврте кон мене со својата полуозбилна, полушеговита тирада:

– И така, Велес не ни го даваш, бодејќи велиш дека тоа била единствена по име спомената македонска епархија која е спомната како бугарска во султановиот ферман за воспоставувањето на бугарската егзархија; Струга не ни ја даваш бидејќи таму се родени браќата Миладинови; Охрид бидејќи бил столица на бугарската архиепископија и огниште на Св. Климент; Прилеп не ни го даваш бидејќи како што велиш е најчист бугарски град иако е родно место на нашиот народен херој Крали Марко, а Битола не смееме ни да ја спомниме бидејќи ти си таму роден.

Па дај ни го Крушево чије мнозинско население се Власите. И дај ни го Кичевскиот крај каде Србите не се помалку од Бугарите и каде целиот Пореч е српски….  

Познавајќи го многу подобро од моите соговорници етнографскиот карактер на Македонија, нејзината административна поделба, взаемната зависност на поедини градови и историјата на нашата преродба во Македонија мене не ми беше тешко да ги одбранам своите вчерашни позиции и да не отстапам од нив. Имајќи предвид дека не сакав да се ангажирам во било какви преговори по тоа прашање.

Тоа најпосле го натера г. Миловановиќ да го заврши спорот со овие зборови:

– Е па добро! Ќе ви го остапиме Крушево, ама кичевскиот крај за ништо не го даваме.

– Тогаш, шрифатив јас, за да можат да започнат преговорите за сојуз, вие треба да се согласите дека да за сите ваши територијални претензии во Македонија ќе и кажете на Русија која ќе пресуди што ќе и припадне на Србија, а што на Бугарија. 

Моите соговорници во првиот момент се согласија Русија да пресуди само за кичевскиот крај. Меѓутоа набрзо попуштија за своето барање и така заврши нашиот разговор.

За да ја отворам вратата за идни преговори јас му предлпжив на г. Миловановиќ да се состане со г. Гешов, кога овој ќе се враќа од Виши. Г. Миловановиќ веднаш прифати и ние се договоривме таа средба да се одржи на железницата помеѓу Белград и Ниш, кога г. Гешов ќе се враќа во Софија. Јас се обврзав дека за денот на враќаљето ќе го известам г. Миловановиќ со една конвенционална депеша од Ниш, како што подоцна и го направив.

Така се заврши мојата „сондажна мисија“ во Белград. Сметам дека е мепотребно да се напомене дека во ниту еден од тие два ноќни разговори немаше ни збор за некакво Јадранско Море, ниту за било каква Австрија, како за предмети за нашиот сојуз со Србија. И друго, дека јас сето тоа не го правев позади грбот на г. Тошев, од сосема проста причина што тој во тоа време не беше во Белград, туку во Карлсбад на лечење.

Советување во Виена 

Од Белград отпатував за Виена, каде требаше да го сочекам г. Гешов кога ќе се враќа од Виши за да му поднесам извештај за својата мисија во Белград.  Како и секогаш, г. Гешов стигна на време како што јави. Уште истата вечер се состанавме во хотелот „Краица“, во кој сите бевме сместени. Се состанавме ние тројцата: г. Гешов, г. Станчев (амбасадор во Париз кој само што пристигна одејќи од Софија за Париз) и јас.

После критичките размени на мислењата за еден опортун сојуз со Србија заради решение на македонското прашање – за чија што опортуност сите тројца се согласивме – јас им пренесов за тоа што говорев и што направив во Белград. Најпосле им соопштив за договорената средба помеѓу г. Гешов и Г. Миловановиќ.  Г. Гешив се согласи за тој состанок и ние тројцата составивме една промеморија за основата на која треба да се темели идниот наш сојуз со Србије. Двете точки на оваа промеморија беа: 

– Македонија да биде автономна. 

– Ако тоа од било какви причини не е можно, тогаш на Србија да и се остапи како нејзина граница во Македонија делот кој се граничи источно од Вардар по реката Пчиња до нејзиниот извор, и западно од Вардар да оди по административната граница на скопскиот и призренскиот санџак. 

Гешов и г. Миловановиќ

После два дена г. Гешов тргна за Софија, а другиот ден јас тргна за Рим. Од српските и бугарските весници дознав дека г. Миловановиќ и г. Гешов се состанале. Меѓутоа што решиле на таа средба и воопшто што потоа се случи, не ни се обидував да разберам, плашејќи да и се доверам на поштата, па дури ни на шифрите, за да прашам за тие тајни.

Во Париз

Нешто пред ноември, неочекувано од г. Гешов добив телеграма, во која се вели веднаш да отпатувам за Париз, каде г. Станчев ќе ми каже што треба да направам. 

Се покажа дека јас и г. Станчев добивме мисија да преговараме со г. Миловановиќ за сојуз. (Во тоа време српскиот крал беше во посета на Париз во придружба на г. Миловановиќ)

Се состанавме двапати со г. Миловановиќ во зградата на бугарската амбасада. Преговорите за сојуз наидоа на потешкотии, а беа застанати на мртва точка. Г. Станчев и јас се обидувавме да го убедиме г. Миловановиќ да влијае на останатите сртски фактори бидејќи настаните можат да не изненадат и дека ова е наш последен обид за сојуз. Добивме впечаток дека Миловановиќ ги прифати нашите причини. За време на разделбата тој самиот ни кажа дека ќе направи се што може да се склучи сојузот.

Не знам што потоа се случи и дури кон крајот на мај 1912 година слушнав од г. Гешов во Виена (каде со нас беа Теодоров и Данев) дека сојузот е склучен на истите основи кои ги истакнавме во нашата промеморија.

Тоа е целото мое учество во создавањето на српско-бугарскиот сојуз. Ништо повеќе и ништо помалку?

Г. Ризов сакаше со оваа своја статија да утврди две работи:

– 1) дека Бугарија морала неминовно да ја придобије Србија за да склучат сојуз (иако се држела така надмено во Белград)

– 2) дека тој сам не е виновен за она што потоа се случи.

За да го документира своето прво гледиште, г. Ризов на крајот на статијата вели:

–        Право или не, јас бев искрено убеден дека ние самите (Бугарија) не можевме да ја ослободиме Македонија, па дури ни да и извојуваме автономија. А еден од нашите најозбилни генерали сметаше дека дури ни сите четири балкански сојузни војски не можат да ја победат Турција без поддршка на некоја голема сила. Така исто мислеше и еден од нашите први државници.“

(крај)

Македонска нација

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top