Историја

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЛОТО „ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ“ (31)

lshsl1

1isx1

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ 

Публикацијата „Од Панонија до Егеј“, чиј автори се академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин е дело на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, издадена во 2007 година, на 196  страници и е објавена на македонски јазик. Рецензенти  на ова дело се: Александар Донски и м-р Мартин Треневски.

Публикацијата е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации.

Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја.

Инаку, Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во XVIII век, заради изучување на општествено-политичките, културно-историските, филозофските, фолклорните и други особености на овој дел од светот.

Во предговорот на публикацијата се вели дека свеста за себе и за творење се основни карактеристики како на поединецот индивидуално, така и на човечкиот род како целина. Најзначајни иновации на луѓето, како основа за формирање на историјата. Најзначајна одлика на човечкиот род е свеста (индивидуална и колективна) која има универзално значење во сите духовни активности. Затоа феноменот на свеста е еден од најстарите проблеми и централна тема на расправите од самиот почеток на филозофските мисли на Исток и Запад, кој до денес се третира низ разни митолошки, мистични и филозофски системи.

Првиот научен обид за објаснување на феноменот на свеста (како најкомплексна мозочна функција) е даден од страна на Обединетите нации, каде последната деценија на XX век се означува како деценија токму на истражувањата на мозокот и свеста.

Во услови на модерна информатика и будење на регионалните национализми, желбата на авторите на ова истражување е, со понирање во палеобалканскиот свет, да укажат на значењето на низата најнови археолошки, лингвистички и историски информации за едно културно наследство, кое се злоупотребува за обликување на свеста.

Покрај тоа, целта е да се истакне како е родена и именувана Европа на овие меридијани и да се покаже дека палеобалканската култура претставува прапочеток, „архетип” на светската цивилизација. Овие разгледувања се комплементарни со теориите за етногенезата на разни народи на Балканот, а ја намалуваат исклучивоста на многу теории, што е предуслов и залог за опстанокот на идните генерации на овие простори.

Моделот на основачот на комплексната психологија д-р Јунг, за архетипското колективно несвесно, ни послужи како парадигма во разоткривањето на таа палета на архетипското колективно несвесно по прашањето на археологијата, лингвистиката, праисторијата и митологијата од палеобалканологијата. Пишаната историја е главниот дел кој архетипски допира длабоко наназад, до појавата на човечкиот вид на Земјата. Археолозите, лингвистите и историчарите ги проширија нашите знаења за минатото за повеќе илјади години.

Публикацијата од „Од Панонија до Егеј“ е поделена на четири дела. Во првиот дел се дадени географски карактеристики на Балканот и археолошки наоди од праисториските културI на Балканот. Вториот дел е насловен како „Историска реконструкција на палеобалканските и егејските популации“. Во него се дадеди материјали за: Хиперборејците (Северците) и нивните современици, потоа за народите: Бриги, Traкијци. Енхелеи, Пелагонци, Пеонци, Македонци, Еолци или Еољи, Минијци, Лапити, Тирои, Пелазги, Јонци, Минои – Крит и Киклада, Ахејци во Пелазгија, Лелези или Лелеги, Карци, Ликијци Лувијци, Лиѓани, Хетити.

Во третиот дел се поместени материјали за палеоглосологијата на Балканот, ономастиката на Грција, ономастиката на Централен Балкан, како и материјали за хидронимите, хоронимите и оронимите.

Во четвртиот дел е пренесена реконструкција на античкиот митолошки систем на Балканот на основа на панонските хидрономи од митолошки содржини, потоа материјалите „Олимписки Пантеон во Панонија“, „Хераклитовите патувања по Дунав“, „Еволуција на палеоглосологијата на Балканот“, “Историскиот развој на грчкиот јазик“, „Посебност на јазикот на Македонците“ и „Улогата на Скитите-Прасловените во континуитетот на палеобалканската цивилизација“.

Инаку, Академикот проф. д-р Антоније Шкокљев – Дончо е еден од доблесните Македонци кој својот живот го посветил на науката, на здравјето на луѓето, на напредокот на новите генерации во областа на медицинските науки, на палео­лингвистиката и на древните корени на народите на Балканот, со особена нагласка на Античка Македонија, како и на македонскиот народ и Македонија. 

На крајот ќе нагласиме дека публикацијата „Панонија до Егеј“ е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја. Посебна значење на публикацијата е тоа што таа е дел од историјата за Македонија.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top