Историја

МАКЕДОНСКИОТ ХЕРОЈ ГЕОРГИ ХРИСТОВСКИ – МАЛКУ ПОЗНАТ КОМАНДАНТ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

8903

8903

Во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј неодамна излезе од печат книгата „ДНЕВНИК – Мојата борба во егејскиот дел на Македонија (1946 – 1949“ во која е објавен автентичниот дневник од еден од командирите на ДАГ Георги Христовски од село Турје, Леринско. Книгата е подготвена и целосно финансирана од страна на неговиот брат Сотир (Сем) Ристовски од Мелбурн.

Дневникот од Георги Христовски претставува материјал од голема историска вредност. Тоа е еден од ретките дневници со толку детални автентични записи од случувањата во егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција, но и извесен период од пред и потоа. И тоа дневник пишуван од сведок и учесник во важни историски собитија од тоа време. Георги Христовски како командир и комесар на македонските единици во егејскиот дел на Македонија бил сведок и лично учествувал во голем број вооружени судири  на Грамос, Вичо, Олимп и други делови од Македонија, каде неколку пати бил и ранет. Држел и говори на македонски јазик на митинзите во македонските, комуницирал со клучните функционери од тие собитија села и нуди вредни податоци за случувањата и секојдневнието на македонските и грчките борци во редовите на ДАГ.

Практично се работи за сведоштва од македонски херој кој досега не беше доволно познат во македонската јавност. Во неговиот Дневник во детали се опишани најзначајните воени судири на планината Вичо и на други места во кои Георги лично учествувал, но и податоци за внатрешната организација на македонските единици, за нивната соработка со грчките демократи, за голготата по поразот на ДАГ и сл.

Сигурни сме дека отсега па натаму овој Дневник ќе биде незаобиколна историска литература за сите идни истражувачи на периодот на Граѓанската војна во Грција кога се случи последната вооружена борба на Македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија со цел обезбедување основни национални права.  Овој Дневник автентично бил пишуван на грчки јазик, а во 1988 година од страна на авторот е преведен на македонски. Една година пред својата смрт (1992 година) Георги го дал ракописот на својот брат и  приредувач на оваа книга  Сотир Ристовски, кој пред извесно време го ставил во компјутер, а за потребите на ова издание се направени ситни лекторски интервенции со цел текстот да биде претставен на македонски литературен јазик без да се наруши неговата содржина. Да се надеваме дека овој Дневник  ќе придонесе  за заслужено валозирирање на улогата на херојот Георги Христовски во македонската историја.

АВТЕНТИЧНИ СВЕДОШТВА ЗА БОРБАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 1946 – 1949 ГОД. ЗАПИШАНИ ОД УЧЕСНИКОТ ВО ТИЕ БОРБИ

ГЕОРГИ ХРИСТОВСКИ

(Извадоци од книгата „ДНЕВНИК – Мојата борба во егејскиот дел на Македонија (1946 – 1949“)

25.9.1946

Една банда полицајци го нападна село Блаца под Вичо планина и почнаа да го малтретират и тепаат народот. Едно овчарче ни кажа за ова додека бевме на Вичо и веднаш нашите два одреда (мојот и на Калко Карапера),  го заобиколиме селото.

Борбата почна околу 12 часот. По првите рафали од нашите пушкомитралези полицијата прсна да бега по патот. Ние влеговме во селото и најдовме три шинели обесени во собата на еден селанец.

Се собравме во селото двата одреда и направиме мал митинг. Прв пат јас зборев на македонски јазик. Се радуваа младите и веднаш тројца од нив од село Блаца се јавија како доброволци да дојдат со нас партизани.

 (…)

22.11.1946 

Едно одделение од 15 души ги поставив како заседа во местото Дауло.  Добивме информација дека злогласниот команеир на полицијата Делис со неговата група ќе оди во Екши су. Борците се поставија од сите страни. Јас, Лефтер, Цавела и Галани бевме близу до мостот на џадето. Околу десет часот се појави жандармеријата облечени во униформи.

Ние не можевме да разбереме кој од нив е Делис командирот. Се движеа внимателно на 10-15 метри еден по друг. Еден полицаец викна: „Командире гледај горе во шумата има еден со пушка.“ Тој го извади автоматот и почна да пука по партизанот, но во тој момент Галани пукаше во него со шмајзерот и полицаецот падна во нивата.

Пукавме и ние со Лефтери и ранивме друг полицаец, кој избега во нивата и се сокри. Командирот Галани отрча по него и го фати жив ранет. Кога го извади на џадето видовме дека тоа е Делис. Тој почна да вика: „И јас сум демократ“, но Галани го покоси со еден рафал. Дојдоа и останатите партизани, го соблекоа, зедоа сѐ што имаше и тргнавме.

(…)

1Donski Пишува Александар ДОНСКИ

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top