Историја

„Роден во Македонија, место Москополе – natus in Macedonia loco Moszcopolii“ (4)

Tihomir Karanfilov-001

1Tihomir Тихомир Каранфилов

Меѓу австроугарските благороднички семејства со потекло од Македонија, покрај имињата на Баичи, Думба, Џика, Иконому, Калинович, Нако и др., се спомнуваат и семејствата Сина и Спирта.  За последнотоп семејство останало забележано декаимало на Дунав повеќе дрвени бродови, фабрика за свила, банки, шпедитерски фирми и т.н. Златниците кои ги заработувале со лопати ги уфрлале во буриња и посебни вреќи, а откако ќе ги запечателе ги носеле во банка.

Српскиот писател, новинар и генеолог Александар Бачко на крајот од својот труд „Белешки за поедини семејства со влашко потекло“ во Австроунгарија, не запознава со  благородничките семејства Сина и Спирта кои се со потекло од Македонија. (А. Б. „Белешки за поедини семејства со влашко потекло“, Белград, 2018 година), Тој меѓудругото за нив ќе напише:

„Сина – Сина е едно од најимотните и највлијателните семејства од влашко потекло. Поедини нивни семејства носеле баронска титула. Семејството Сине воделе потекло од Москополе, од каде претците им се доселиле во Сараево во 1750 година. Во тој град во 1753 година се родил Симеон Ѓорѓи Сина. Од таму семејството се преселило во Славонски Брод, а потоа во Виена, каде во 1782 година се родил Ѓорѓи синот на Симеон.  

Симеон Сина бил угледен, спосебоен и имотен трговец и банкар. За време на континенталната блокада, набавувал памук за европскиот пазар преку Турција од Индија и го зголемил своето богаство.  Во тој период отворил и банка во Сараево. Во 1818 година купил два спахилаци. Тогаш се стекнал со благородничка титула „од Ходош и Кишдија“, по имињата на спахикуците. Симеон Сина починал во 1822 година. Имал два сина Јован и Ѓорѓи.

Јован Сина (1804 – 1869) не бил способен како неговиот татко, меѓутоа сепак бил директор (гувернер) на Австро-унгарската народна банка, претседател на Друштвото за градње железници, Дунавското парабродско друштво и на други поголеми претпријатија.

Братот на Јован, Ѓорѓи Сина (1782 – 1851) бил сопственик на една од наголемите банки на тоа време. Целата трговија со памук и тутун била во негови раце. Јован и Ѓорѓи добиле во 1822 година унгарски, а во 1832 година австриски баронат. Во 1838 година, Ѓорѓи на свој трошок ја  помогнал изградбата на познатиот Ланчен мост меѓу Будим и Пешта, а подоцна станал и основач на претпријатието  Ланчен мост. Тој бил првиот постојан премин преку Дунав во Будимпешта.

Спирта – Семејството првично се презива Спирта, а подоцна Шпирта по се изгледа под влијание на германскиот или унгарскиот јазик. Семејството има потекло од Македонија, од  Сачишта или од Катраница. Постои мислење дека можеби потекнуваат од Влахоклисура во Македонија. Гранки на ова семејство се населиле во Рума, Земун, Сисак, Виена и Русија. Поедини членови на ова семејство биле истакнати трговци. Работеле со трговски куќи во Виена, Цариград и Трст. Во 1778 година во Земун се спомнува името на трговецот Коста Спирта.

На почетокот на 19 век на глас била шпедитерската и банкарската фирма на семејството Спирта. Еден член на ова семејство стално престојувал во Виена, а друг во Земун. На тој начин ги одрживале својите разгранати бизниси помеѓу Земун, Цариград, Трст и Виена. Со губењето на трговската важност на Земун исчезнувале и шпедитерските фирми.

Забележана е сторија дека наводно „куририте кои писмата и парите ги примаа и носеа од Цариград за Виена и обратно, престојуваа кој Спирта (во Земун). Тука ги чекала голема писмена пошта и пари, кои се пакувани во мали буренца, потоа завиткани во вреќи, со многу печати запечатени и сместен во кола. Сите пари, кои биле златни, биле пространи на асури, добро испрани, а потоа откако ќе бил измерени на кантар (не ги броеле парите) со лопати биле сипани во буриња. Така семејство Спирта ги испраќале и исто така ги примале парите.

Истакнати биле три брата од семејството Спирта кои живееле во 19 и почетокот на 20 век. Тоа биле Петар, Павле и Димитрије Спирта. Се мисли дека имале уште еден брат Ѓорѓи кој живеел и работел во Виена.

Царот Франц Јозеф на 18 март 1853 година донел одлука да му додели австриско благородништво на Павле Горги Спирта од Земун. Благородничката повелба царот ја издал во 1856 година.“

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top