Историја

Писмо до Гоце Делчев, од неговиот народ, Македонците, 2023 г.

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska

Марија Емилија КУКУБАЈСКА

5 emiliu

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев  во Скопје, Република Македонија, 1946 год. 

До водачот на револуцијата за ослободување на Македонија

122 години по твоето убиство, учителе, непријатели на македонскиот народ сеуште не’ соборуваат по предметот ПРАВО НА ПОСТОЕЊЕ. Познавањето за нашата самосвест не се признаени од новите владетели. Учиме дека сонцето има 109 пати поширок дијаметар од Земјата, но самопрогласени господари ни’ засенуваат и сонце и месечина. На нашиот македонски народ му ги забрануваат предметите историја, географија, ревидираат генетика, анатомија, социологија, психологија, и се’ што треба да знаеме за иднината, за минатото, за денес. Нашите верувања во мир, слобода и добрососедство, се злоупотребени против нашиот народ. Анти-македонците фалсификуваат и уништуваат докази, нелегално го купуваат и продаваат македонскиот народ, земја, јазик и култура. Светот знае дека постоењето на Македонците е историски и генетски факт, а го негира. Но фактот е факт.

Учителе Делчев, ти пишуваме од Делчево, Ресен, Струмица, Тетово, од Штип каде беше учител, од денешна Македонија за чија слобода загина од непријателски соседи и нивните налогодавачи. Ти знаеше дека ќе си предаден на турскиот аскер од бугарските антагонисти, Врховисти. После твоето убиство, после тоа анти-македонско, анти-братско искуство, се прашуваме, како денес се дозволија договори за наше целосно елиминирање како народ, за саботирано окупирање како земја? Учевме, разбиравме кои се пријатели, кои непријатели, и верувавме во правда и пријателства. Но, лажните пријатели и денес ни’ забрануваат да веруваме во нашето независно постоење, во развој на себе си, и светот, како што веруваше и ти. Никогаш до сега толку многу народ не бил изневерен од толку малубројни господари. А мислевме минатото е минато, и не може да се освои, ни зароби, но, денес, и минато и иднина ни’ ги заробуваат. Разбираме што значи „Слобода или смрт“. Но, денес, на stealth начини, слободата ни ја усмртуваат, а смртта ни ја претставуваат како нова слобода. Непријатели се устоличија и внесоа неприроден страв кај Македонците. Ни’ ја фрлија слободата во затвори, изврзаа широки мрежи за контрола и тортура на свесните. Љубовта кон нашиот македонски народ ни’ ја затемнуваат со уцени, да не гледаме како ни ја втеруваат во спротивставени страни, ја закопуваат заедно со вистината за праведно и правно одржлива слобода – интелектуална и физичка. Ние, свесните, продолжуваме да го браниме врвното човеково право – да постоиме. Тие ни’ го напаѓаат правотот на одбрана.   

Учителе, како да ги учиме оние кои не сакаат да знаат што е правично, достоинствено, морално, човечно!? Саканите, најдобрите, најумните ни’ ги прогонуваат од татковината,  ги злоупотребуваат нивните капацитети. Тровци со нашите знаења и свест, ни’ го мамат народот, материјално, духовно го оголуваат, му бришат гени. Главна стратегија на овие бришачи е да угушат опозиција на нивната партизирана инквизиција. Во општеството да да ја зголемуваат масата свои следбеници со намалена моќ за рассудување, а со зголемен интелектуален инвалидитет.

Кина е окружена со десет соседни земји, Индија со седум, но секоја од нив го брани своето, кинеско и индиско, население од загрозено постоењето. Република Македонија е окружена со четири земји и сите тие низ историјата војувале за нејзината територија, асимилирале население. Ваквите агенди на соседите и нивните ментори продолжуваат и денес – за конечна поделба на Македонија,за финална забрана на името Македонец.

Сведоци сме, сведок беше и ти, Гоце Делчев – над секоја вредна генерација Македонци се применуваат сите можни ликвидации, манипулации, конфликти, востанија и војни, за систематско уништување на народот. Секој свесен и силен лидер на Македонците бива ликвидиран, народот елиминиран од своите територии. По твоето убиство и по падот на Крушевската Република, завладеа масовен прогон и чистка, потешка и од еврејската. Балкански војни, светски војни – македонскиот народ е жртвуван за туѓи цели. Напалм бомби во Егејска Македонија, свирепи физички истребувања на македонското население, политички и образовни диктатури од владите и црквите на соседите. Свирепи страдања на нашиот македонски народ – документирани, но прогласени за неважечки, а во дигитално доба. Непријателски методи за ново заробување на народот, изведувано со технолошка, дигитална, мобилна, социјална, психолошка, фармаколошка сила. Поробувачите се демократски диктатори, поробениот народ – онеспособена жртва. Ниту Орвел не верувал дека таква неконтролирана тиранија ќе не’ контролира, и тоа ќе го слави и практикува под криптирани имиња на напредок и среќа, се’ навидум дека е во ред, претекува млеко и мед. 

Дојде време, учителе, кога народот ни’ го умираат за леб, за да нема сила за отпор на новото прогресивно ропство. Народот постанува жител на хибриден логор, граѓанин на генерички камп, пример за современо самооткажување до уништување, онеспособен за анализа, под насилна анестезија – безволен да се докажува во културен натпревар со своите автохтони вредности. „Непријателски пријатели“ го совладуваат со глобална измама по која барањето правда постанува злочин за кој следува казна – погубување.

Римскиот метод „Раздели, па владеј“ се применува и во овој замав на Вештачката Интелигенција, умен, храбар учителе наш. Новиот Рим и денес дели и антагонизира,  соседи и браќа, парламентарци и планетарци. Манипулира, експлоатира, гради заштитни ѕидови и самољубиви Вавилони, руши стари, копа и краде археологии, гази држави и нивни докази, растура постоечки народи и јазици… Процесот најбрутално се спроведува токму против твојот македонски народ, учителе! Извршителите постигнуваат највисоко неморално задоволство додека ги банкротираат и анулираат Македонците, насекаде.

Но, ние свесните, и покрај сите изневери, предавства и загуби, преку новата анти-македонска ера, ти соопштуваме: не сме безнадежни. Ја препознаваме новата „нормала“, и одбиваме да ја познаваме. Таа, со сите свои насмеани пропагандни злочини, наметнува абнормална тортура како нормална процедура, како најдобро за општеството, како  материјално и морално задоволство да се јадат живи луѓе, жив народ, македонскиот.

Ние, луѓето на твојот, нашиот, македонски народ, не губиме волја за верност кон човековите идеали кои ти суштински ги познаваше, Гоце Делчев наш. Не губиме волја за почит кон законите на физиката и духовноста на вистината. Деца сме на сонцето, на живата светлина во човекот. Знаеме дека светот знае, иако одбива да признае – дека сме дел од човековата планетарна фамилија. Светот не дозволува послабите да се хранат од заеднички колач. Тоа е новата био-етичка еугенетика на хуманизмот. Но, ние остануваме да сме Македонци, мирољубиви борци за правото да се биде ЧОВЕК. Иако разликата меѓу човек и пост-човечни уништувачи расте, како разлика меѓу метален и природен мозок, како разлика меѓу човекољубивост и ѕверство. Учителе македонски, светски, наш – новото време води нови војни против свеста за свој идентитет. Не е дозволен слободен натпревар меѓу народите. Снемува доблести и одговорности. Се корумпираат и учители и ученици, и судии на натпреварите. Завладеа монопол на Лагата и лажните победници на стероиди.

Од твое до наше време, водачу чесен и силен, пост-човечни владетели галопираат кон светски колективизам, со идеолошки варијации на иста тема: доминација. Од  колонизација, либерализација, назад до нова ретро-колонизација, новиот глобализам планира(л) да ја исклучи Македонија, земјата на Македонците, да им ја префрли на лажни сопственици, вулгарни хиени и холограмски елени. Да ја снема со прераспределби на влијанија, со апсолутен нихилизам да го поништи македонското милениумско битие. Ова не требаше да е решение на Македонското прашање, Гоце Делчев наш! Но, каде да ја афирмираме вистината. Власта веќе не го претставува народот, насилно одзема се’  народно. Сега веќе и Уставот не и’ служи на власта за правно и праведно владеење.

Крајно време е да се знае што им се спрема на Македонците. Но, секој крие и трае. Извојувавме слобода, а стануваме плен на она што и Рузвелт го сметал за Фашизам.  Постануваме сопственост на неизбрана власт, приватни моќници, финансиски и етнички групи. Не мора да одиме 26 века наназад кон атинската фарса за „демократско“ гласање на различните племиња – фрлање камења и пристрасно манипулирање со нив. И Шекспир пред 5 века знаел за постоење на ужасни времиња кога идиотите ги владеат слепите.

Самоизбрани идиоти систематски и слободно ја заробуваат слободата и на македонскиот народ. Ние, верните Македонци, не сме ниту идиоти ниту слепи. Крајно време е да сме будни, повеќе од секогаш, дека добрососедската тиранија е перверзно зло за Балканот и Македонија. А тиранијата е глобална пандемија; да учиме да се чуваме. Да градиме, не само летувалишта туку и лекувалишта. Во срцата и во татковината, да лекуваме заразени од сегашната неконтролирана моќ за контрола на другиот, а немоќ за контрола на себе си. Победниците против доброто на народот се само привремени. Природата го знае тоа,

https://youtu.be/rUUVnJjkcAM

Лажни богови издигнувале свои Вавилони. Умоболни императори владееле со Рим и Крим и… А во 21 век, владетелите се силат и со лажните и со болните за тоталитарна моќ, за тиранија на малцинството над мнозинството, за кршење на духот на човекот и народот. Најтрагичното уништување доаѓа со откажување од борбата против темната моќ, домашна и надворешна. Но, народот секогаш е посилен од владетелите сопственици на виртуелни трилиони и квадрилиони. Народот е побогат од нив, народот сеуште има срце, а не рогови.

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top