Историја

Во почетокот на 1991 во Република Македонија почнаа подготовките за Референдум за независнос

1Serjoza

Deca

Извадоци од книгата на Серјожа И. Марков: ДЕЦАТА НА ПАРТИЈАТА

По многу преговарања собранието го избра Глигор Киров за претседател на државата, Поетот за заменик на претседателот, а Кљусе Николов за премиер. Иако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите немаше мнозинство за избор на претседател и влада. Неискуството во преговарањето го стори своето и ВМРО-ДПМНЕ речиси остана со празни раце.

Глигор Киров беше комунист и многу одамна беше преселен во Белград каде извршуваше функции на сојузно ниво. Комунистите предводени од СДС и Реформски сили кога видоа дека немаат кадар во Македонија да им го подигне рејтингот по катастрофалните резултати на изборите се насочија истиот да го бараат во Белград. Низ чаршијата се говореше дека се разговарало и со Мојсо Лазаров кој беше еден од најдобрите дипломати во СФРЈ, но тој ги одбил.

Втор избор им бил Глигор Киров кој прифатил и ветил дека ќе стори сѐ да ги врати правните следбеници на КПЈ во политички живот и Македонија да остане во прегратките на Белград. Киров сѐ уште имаше добри контакти во Југославија, а беше и личен пријател со тогашниот српски претседател Милош Слободановиќ и генералите кои раководеа со генералштабот на ЈНА.

Наивноста и неискуството на тогашното ВМРО-ДПМНЕ направи да бидат губитници. Се согласија претседател на РМ да биде Киров, да има експертска влада, претседател на собранието да биде Андон Стојанов од Реформски сили, а Поетот потпретседател на претседателот на РМ. Експертската влада ја предводеше Кљусе Николов, универзитетски професор, а во неа низа истакнати личности.

Интересно во оваа влада беше тоа што речиси сите по потекло беа од Штип, а и Глигор Киров беше роден во Штип. Низ чаршијата кружеа муабети дека по штипска линија се во тесна корелација иако декларативно беа со различни идеологии. Паметам дека само тогашниот министер за правда Наум Горгиев (исто така од Штип) и Лепцо Александров во графата за партиска припадност имаа напишано ВМРО (без ДПМНЕ).

Разочарувањето во членството и кај симпатизерите беше очигледно. ВМРО-ДПМНЕ иако победи на изборите не доби ништо. Неколку месеци по овој политички пазар тоа го увиде и раководството на партијата и Поетот даде оставка на измислената функција која ја доби и никогаш повеќе во историјата на Република Македонија не постоеше. Беше очигледно дека таа беше со намена само за пазар и привидно задоволување на афинитетите на победничката партија.

Партијата ги маргинализира и односите со експертската влада затоа што водеше балансирана политика. Се чувствуваше влијанието на претседателот на државата и нивната политика на калкулантство. Тоа не беше во програмата на партијата, ни во желбите на членството.

Оваа политичка гарнитура го организира и референдумот за „независност“ на Македонија на 8 септември 1991 година. Референдумското прашање во најмала рака беше срамно: „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија.“

Се чувствуваше влијанието на пројугословенските партии и структури, а посебно на Глигор Кирилов. Чинам дека голем дел од нив работеа референдумот да биде неуспешен и ние да останеме дел од остатокот на Југославија. Така беше и поставено прашањето, со умисла, да се откажат вистинските родољуби од излагање на референдум. Да се убијат сите клетки во општеството за независна Македонија и да се намали влијанието и вербата во ВМРО-ДПМНЕ. А Македонија да стане независна и да се приклучи кон сојуз на суверени држави во Југославија.

Каква измама. Македонија го имаше истото и со Уставот на СФРЈ од 1974 кој започнуваше со следната реченица: „Народите на Југославија, поаѓајќи од правото на секој народ на самоопределување, вклучувајќи го правото и на ОТЦЕПУВАЊЕ, врз основа на своја слободно изразена волја…“.

Кој и зошто го дополни референдумското прашање со вториот дел за влез во иден сојуз? Кој се надеваше на некоја нова Југославија? Кој сакаше да го сруши сонот и можноста за независна Македонија?  Кој владееше тогаш во Македонија? Кој сакаше референдумот да не успее на начин што ВМРО-ДПМНЕ ќе го донесе во ситуација да го бојкотира, а со тоа да нема мнозинска излезност? Правеа кампања со силно потенцирање на вториот дел од референдумското прашање. Секојдневно се соочувавме со разочараното членство. Разговаравме во партијата дали да го бојкотираме или да излеземе масовно.

Сепак, на крај одлуката беше да излеземе на референдум, да го поддржиме и понатаму да бараме инструменти за независност. Од денешна перспектива тоа беше мудра одлука. Почнавме со кампања да го убедуваме членството, а тоа веруваше на раководството на партијата.

Овој ден во мојот дом беше поразличен од оној на изборите. Исто така беше недела. Недостасуваше таа возбуда и исчекување. Спиевме нормално. Кога се разбудив ми беше и малку чудно. Зошто татко ми не нѐ разбуди. Отидов во дневната. Таму седеше со мајка ми, расположен, избричен и си муабетеа. Ги гледам и велам: „Денес не ги отвораме изборните места? Или нема бурек во Ванила?“ Ја гледам мајка ми и таа се надоврзува на мене: „Ноќеска спиеше и гледам семејството му е побитно од Македонија. Разбрал дека од него не зависи ништо. Победивме, ама пак други ја водат државава.“ Стариов расположен и ни се обраќа на двајцата: „Процесот си врви. Малку е тешко, не се предаваат овие (мислејќи на пројугословенските структури), ама само си ја продолжуваат агонијата. Ќе се обидат со сѐ, ама народот е со нас и не можат да го придобијат. Ќе се уверат денес на референдумот. А твојот бурек и бурекот на сестра ти се во кујна. Ајде појадувајте и  спремете се. Одиме на изјаснување, кај баба ти во Драчево и потоа ќе ве носам на ручек, уште мајка ти ми префрла дека на изборите не сум ве носел.

Референдумот беше слично организиран како и изборите. Истото школо, училница, чинам и истите ликови како комисија. За партијата беше очекувано да биде успешен и целото раководство од пладневните часови беше седнатo во „Дал Мет ФУ“. За владејачката номенклатура беше непредвидлив. Немаа информација дали симпатизерите и членството на ВМРО ќе излезат на референдум. Ги чекаа информациите во своите кабинети или можеби сите седнати во кабинетот на Глигор Киров.

Во попладневните часови резултатот беше извесен. Набрзина почна да се монтира бина на плоштадот. Луѓето што владееја со државатa почнаа да ги подготвуваат своите улоги во новонастаната ситуација, која патем речено за голем дел од нив беше непожелна. Како ќе објаснат и што ветиле во Белград? Дали ќе биде доволен вториот дел од прашањето за оправдување и продолжување на нивната агенда?

Ситуацијата во партијата беше мирна. Според бројките на излезност резултатот беше предвидлив. Се правеа анализи и стратегии како понатаму. Како да се спречи евентуалната одлука на Киров, Стојанов и владата да го искористат вториот дел од прашањето и да отидат во Белград на преговори за здружување.

Размислувањата одеа да се организираат масовни протести. Власта нема да може да го издржи притисокот на народот, а уште повеќе што народот се чувствуваше измамен со поставеното референдумско прашање.

Низ кулоарите на партијата каде што ги минував попладневните часови тој ден проциркулира веста дека власта се затворила во зградата на собранието и била затечена од излезноста. Се шпекулираше, а можеби беше и вистина дека, Киров и Стојанов имале предлог да не се објавуваат резултатите вечерта, со напомена дека можеби ЈНА ќе направи воен удар во Македонија. Кљусе Николов со дел од министрите инсистирал резултатите да се објават вечерта и да се прогласи независност на Република Македонија со образложение дека имал информации од ВМРО-ДПМНЕ дека ако тоа не го сторат народот ќе влезе во собранието.

Никогаш точно не се дозна што се случувало тој ден во собранието, меѓутоа од тој ден односите помеѓу Киров и Стојанов од една страна и тогашната влада се нарушија што резултираше со пад на истата неколку месеци подоцна. Владата која до момент на референдумот калкулираше, не веруваше во моќта на ВМРО-ДПМНЕ и мислеше дека изборниот резултат беше само моментален успех се увери во спротивното и одлучи во последниот момент, а тоа беше моментот на референдум, да си го зачува кредибилитетот пред народот. Морам да нагласам дека имаше и министри кои целосно го поддржуваа ВМРО-ДПМНЕ, но тие беа малку и немаа можност да влијаат на генералната политика на владата која беше под силно влијание на Глигор Киров до моментот на референдумот.

Вечерта резултатите беа објавени. Народот гласаше за независност со огромно мнозинство. Бината беше направена на плоштадот. Раководството на партијата седеше во „Дал Мет Фу“. Колони со среќни луѓе доаѓаа од сите страни. Носеа знамиња со сонцето од Кутлеш, партиски со лавот и пееја и извикуваа патриотски песни и пароли. Оние што поминуваа крај „Дал Мет Фу“ го поздравуваа Поетот и неговата придружба. На сите ни беше јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ја генерирше силата за независна Македонија.

Прославата почна во вечерните часови. Се пееше македонската химна, со сите строфи. На бина излегоа многу македонски пејачки ѕвезди, културно уметнички друштва и др. На крај излезе раководството на државата на чело со Глигор Киров. Покажуваа среќа, ама вистинска среќа имаше само кај дел од нив. Кај поголемиот дел од раководството можеше да се види и страв во очите, страв од неизвесност.

Киров ги објави резултатите. Повторно го прочита референдумското прашање и објави независност без да заборави да го потенцира вториот дел од истото за евентуално здружување во Југославија како независна држава. Народот реагираше со свирежи, јасно покажувајќи ја својата волја. Киров и останатите само лукаво се насмеаја и почнаа да точат од шампањското кое беше отворено во чест на независноста, игнорирајќи ги свирежите на народот.

За вистинските родољуби остануваше уште многу работа и активности. Во тие моменти повторно се вклучија активностите на групациите на кои целта им беше Македонија да остане во прегратките на СФРЈ. Сега се јавија и бизнис-интереси. Големите фабрики и комбинати, и нивните директори, интересите за своето лично богатење и својата позиција ги гледаа преку бизнис-интересите со Југославија и почнаа да ги финансираат СДС и Реформски сили како главни експоненти на југословенството. Медиумите сѐ уште беа под контрола на пројугословенските партии и групации. УДБА, со нелегално снимање, на јавноста ѝ испорача и неколку афери со цел да го девалвира кредибилитетот на партијата. Истите структури веќе го правеа тоа во Хрватска, Босна и Словенија. Тоа беше проверен систем.

Прославата траеше два-три часа. Народот се разотиде. Утрешниот ден беше работен. Никому од раководството не му текна да го прогласи за неработен од причина што тоа можеби и не беше успешен ден за нив.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top