Среда, 01 Ноември 2023   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – Со авион на ЈНА од Љубљана до Скопје! (3)

Dragan Zadgranicen Komitet na vmro-dpmne 1991g 2

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – Со авион на ЈНА од Љубљана до Скопје! (3)

По извршеното киднапирање во Париз и илегално пренесување преку француско-италијанската и тогашната италијанско-југословенска граница, Драган Богдановски еден од челниците на македонската патриотска емиграција, бил донесен од припадниците на тогашната југословенска Управа за државна безбедност, позната како УДБА, прво во Љубљана, а потоа во Скопје, По неколку поминати дена во Словенија, со авион на ЈНА, тој бил донесен во Македонија. Во својот дневник, пронајден во 2021 година и објавен со помош на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид, Богдановски, кој детално ја опишува својата голгота, а за оваа етапа од неговото киднапирање и пренос во татковината вели: 

„Решението за моето киднапирање било донесено во Белград, а македонските удбаши биле само соучесници во акцијата. Исто така трошковите околу моето киднапирање биле платени од касата на сојузната СДБ.

... Но да се вратиме на моето насилно пристигање во Љубљана. Кога стигнавме на плоштадот пред хотелот, Никола Илиевски влезе во хотелот и телефонираше некаде, веројатно во СДБ за Словенија. По неколку минути дојде еден џип со еден цивилен и четворица униформирани полицајци. Ме качија во џипот и ме однесоа во градскиот затвор во Љублана. Ме воведоа во приемната соба и дежурниот службеник ме праша за името за да ме заведе во книгата на уапсените, но цивилниот полицаец што ме следеше му нареди строго да не ме прашува ништо туку да ме стави во келија, каде што никој да не може да зборува со мене. Затворските службеници се растрчаа, мораа да испразнат неколку келии околу мојата. Ме затворија во приземјето на затворот. Келијата беше со бетонски под, а од малото високо прозорче низ која влегуваше силна светлина, ништо не може да се види надвор. На креветот имаше стар искинат мадрац и едно партал ќебе. Во едниот агол од келијата имаше клозет со клечење, а над него чешма со вода. Се напив вода од чешмата и се испружив на креветот. Главата ми бучеше и инстиктивно се чувствував како што се чуствува некое животно кога го водат на кланица. Заспав но неколку пати се будев после од инекциите. Еднаш затропаа клучовите во клучалката и во келијата влезе стражар со јадење во лимена порција. Не се ни подигнав од креветот јадењето ми го остави до креветот. Си излезе, ја тресна вратата зад себе. Јадењето не го чепнав иако 30 часа не бев ставил ништо во устата.

Ме пробуди светлината од електричната светилка. До креветот стоеше словенечкиот удбаш кој ме доведе во затворот, ми рече да станам зашто ќе одиме, ме праша зошто не сум јал. Ништо не му одговорив.

Напред пред затворот чекаше затвореничката кола “Марица“ и неколку агенти, веројатно удбаши. Ми заповедаа да влезам во “Марицата“, со мене внатре влегоа четири цивилни удбаши, и се распоредија на клупите од двете страни. Уште пред излегувањето од затворот ми беа ставиле белезници на рацете. Автомобилот крена низ улиците на Љубљана. Не знаев кај ме возат а од “Марицата“ надвор ништо не се гледаше. Возењето траеше 15 или 20 минути, потоа колата застана и вратата на “Марицата“ се отвори. По електричната светлина видов дека се наоѓам пред една вила, од сите страни заградена со високи ѕидови. Во широкиот двор имаше неколку плодни дрва, јаболка или круши и многу зеленило и цвеќе. Вилата изгледаше како некоја луксузна резиденција на некој режимски големец. Влеговме внатре во вилата. Се сеќавам дека на долниот кат беше нешто како приемна соба со камин и со кожни фотелји а ѕидовите на собата околу наоколу беа исполнети со рафтови за книги. Рафтовите беа полни со книги, минавме низ приемната или дневната соба и по една внатрешна скала се искачивме на првиот кат. Од двете страни на коридорот имаше по неколку соби. Една од тие соби беше одредена за мој привремен затвор. Собата беше мала и изгледаше на детска соба. Внатре имаше само еден кревет, еден шифоњер и една столица. Од единствениот прозорец надвор се гледаше густа шума по која заклучив дека куќата се наоѓа некаде во шума на периферијата на Љубљана. Веројатно приватна резиденција на некој голем словенечки удбаш или пак летниковец (куќа за одмор) на словенските удбаши... Вратите на собата останаа отворени, а во коридорот останаа да седат двајца цивилни агенти да ме чуваат. За сето време што останав во оваа мистериозна вила моите чувари се менуваа на секои три часа.

Во вилата останав до 10 јуни. Храната беше прилично добра, веројатно ми ја носеа од некој ресторант. Двапати доаѓаше лекар да ме прегледа, а еднаш во вилата ме посети и Никола Илиевски... Ја искористив приликата да го прашам што станало со мојот паричник и мојот нотес со адреси. “Не бери гајле затоа, тие се на сигурно место“ ми одговори Илиевски. При моето киднапирање во паричникот од крокодилска кожа имав повеќе од три илјади швајцарски франка и околу пет илјади француски франка. Овие пари повеќе не ги видов. Кога во 1987 година излегов од затворот појдов во СДБ да си ги барам, но од нив немаше никаква трага, Новиот началник на Втората секција на СДБ Крсте Јовчевски отворено ми рече: “Драгане заборави ги тие пари. Од нив нема ни трага. Тие ти биле одземени без никаква потврда и веројатно завршиле во некој приватен џеб“. Заедно со парите ми беше одземен и рачен часовник марка “Сеико“. И него Господ да го прости!

... На 10 јуни околу 5 часот по пладне во вилата дојде словенечкиот удбашки началник и ми нареди да се облечам. Кога се облеков чуварите кои ме чуваа ми кладоа белезници на раце, то беше знак дека ќе ме водат некаде. Надвор во дворот чекаше џип и уште неколку цивилни агенти, Ме качија на џипот и после една половина час возење се најдов на воениот аеродром Љубљански. Заклучив дека се работи за воен авион зашто на авионите кои ги гледав поредени на аеродромот со големи букви пишуваше “ЈНА“ (Југословенска народна армија). Џипот се доближи до еден авион кој поради својата големина ми личеше на помал патнички авион. На него исто така пишуваше “ЈНА“. Пред авионот ме чекаше Никола Илиевски и тројцата удбаши од не македонско потекло кои учествуваа во акцијата за моето киднапирање. Илиевски и тројцата удбаши од Сојузната УДБА се качија во авионот, со мене се качија и двајца цивилни агенти од словенечката УДБА. Кога влегов во авионот видов дека авионот од двете страни имаше вкупно можеби едни дваесетина седишта. Моторите забрмчеа и по неколку минути загревање, авионот се вивна во небото. Заради присуството на удбашите од Сојузната УДБА мислев дека ме носат за Белград, но по летање кое можеби траеше еден час, слетавме на аеродромот Петровец кај Скопје....

Авионот веќе леташе за мене во непозната насока, кога еден од сојузните началници на СДБ гледајќи право во мене, потоа во Никола Илиевски, рече: “Значи ова е тој фамозен Драган Богдановски кој појадува во Париз, руча во Лондон а вечера во Стокхолм во текот на еден ист ден?!“.

Неговиот емигрантски туризам заврши – одговори Никола Илиевски. Сега му дојде времето пред својот народ да положи сметка. Сега ќе треба да ни каже откаде му беа парите со кои се шеташе низ Европа. – Едно е сигурно – одговорив а тоа е дека за моите шетања низ Европа не сум потрошил ни скршена народна пара. На нашите бедни Македонци по светот во потрага по корка леб сум им дал пари а не да сум и земал. Ако некој се шетал со народни пари, и со толку вредните девизи во кои толку оскудува народното стопанство на Македонија, тогаш тоа сте вие господа удбаши. На македонскиот народ некогаш ќе треба да му дадете сметка меѓу другото и колку девизни средства потрошивте за моето донесување во Југославија...“

1Tihomir Подготвил: Т.К. (продолжува)

 

На прво место

News image

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови и штетни ...

Историја

News image

Христијанската црква во Македонија до појавата на светите Кирил и Методиј

Христијанството во Македонија почнало да се проповеда уште во апостолско време. По своето обраќање в...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД БАЛКАНСКИОТ ФОЛКЛОР НА ЏОРЏ (ГЕОРГИ) ТОМОВ (34)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

За празниците во Велес

Од книгата „Така се зборува во Велес“, приредила Снежана Петрова – Џамбазова, Скопје 2007. За праз...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.