Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – Со авион на ЈНА од Љубљана до Скопје! (3)

1Dragan

Dragan Zadgranicen Komitet na vmro-dpmne 1991g 2

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – Со авион на ЈНА од Љубљана до Скопје! (3)

По извршеното киднапирање во Париз и илегално пренесување преку француско-италијанската и тогашната италијанско-југословенска граница, Драган Богдановски еден од челниците на македонската патриотска емиграција, бил донесен од припадниците на тогашната југословенска Управа за државна безбедност, позната како УДБА, прво во Љубљана, а потоа во Скопје, По неколку поминати дена во Словенија, со авион на ЈНА, тој бил донесен во Македонија. Во својот дневник, пронајден во 2021 година и објавен со помош на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид, Богдановски, кој детално ја опишува својата голгота, а за оваа етапа од неговото киднапирање и пренос во татковината вели: 

„Решението за моето киднапирање било донесено во Белград, а македонските удбаши биле само соучесници во акцијата. Исто така трошковите околу моето киднапирање биле платени од касата на сојузната СДБ.

… Но да се вратиме на моето насилно пристигање во Љубљана. Кога стигнавме на плоштадот пред хотелот, Никола Илиевски влезе во хотелот и телефонираше некаде, веројатно во СДБ за Словенија. По неколку минути дојде еден џип со еден цивилен и четворица униформирани полицајци. Ме качија во џипот и ме однесоа во градскиот затвор во Љублана. Ме воведоа во приемната соба и дежурниот службеник ме праша за името за да ме заведе во книгата на уапсените, но цивилниот полицаец што ме следеше му нареди строго да не ме прашува ништо туку да ме стави во келија, каде што никој да не може да зборува со мене. Затворските службеници се растрчаа, мораа да испразнат неколку келии околу мојата. Ме затворија во приземјето на затворот. Келијата беше со бетонски под, а од малото високо прозорче низ која влегуваше силна светлина, ништо не може да се види надвор. На креветот имаше стар искинат мадрац и едно партал ќебе. Во едниот агол од келијата имаше клозет со клечење, а над него чешма со вода. Се напив вода од чешмата и се испружив на креветот. Главата ми бучеше и инстиктивно се чувствував како што се чуствува некое животно кога го водат на кланица. Заспав но неколку пати се будев после од инекциите. Еднаш затропаа клучовите во клучалката и во келијата влезе стражар со јадење во лимена порција. Не се ни подигнав од креветот јадењето ми го остави до креветот. Си излезе, ја тресна вратата зад себе. Јадењето не го чепнав иако 30 часа не бев ставил ништо во устата.

Ме пробуди светлината од електричната светилка. До креветот стоеше словенечкиот удбаш кој ме доведе во затворот, ми рече да станам зашто ќе одиме, ме праша зошто не сум јал. Ништо не му одговорив.

Напред пред затворот чекаше затвореничката кола “Марица“ и неколку агенти, веројатно удбаши. Ми заповедаа да влезам во “Марицата“, со мене внатре влегоа четири цивилни удбаши, и се распоредија на клупите од двете страни. Уште пред излегувањето од затворот ми беа ставиле белезници на рацете. Автомобилот крена низ улиците на Љубљана. Не знаев кај ме возат а од “Марицата“ надвор ништо не се гледаше. Возењето траеше 15 или 20 минути, потоа колата застана и вратата на “Марицата“ се отвори. По електричната светлина видов дека се наоѓам пред една вила, од сите страни заградена со високи ѕидови. Во широкиот двор имаше неколку плодни дрва, јаболка или круши и многу зеленило и цвеќе. Вилата изгледаше како некоја луксузна резиденција на некој режимски големец. Влеговме внатре во вилата. Се сеќавам дека на долниот кат беше нешто како приемна соба со камин и со кожни фотелји а ѕидовите на собата околу наоколу беа исполнети со рафтови за книги. Рафтовите беа полни со книги, минавме низ приемната или дневната соба и по една внатрешна скала се искачивме на првиот кат. Од двете страни на коридорот имаше по неколку соби. Една од тие соби беше одредена за мој привремен затвор. Собата беше мала и изгледаше на детска соба. Внатре имаше само еден кревет, еден шифоњер и една столица. Од единствениот прозорец надвор се гледаше густа шума по која заклучив дека куќата се наоѓа некаде во шума на периферијата на Љубљана. Веројатно приватна резиденција на некој голем словенечки удбаш или пак летниковец (куќа за одмор) на словенските удбаши… Вратите на собата останаа отворени, а во коридорот останаа да седат двајца цивилни агенти да ме чуваат. За сето време што останав во оваа мистериозна вила моите чувари се менуваа на секои три часа.

Во вилата останав до 10 јуни. Храната беше прилично добра, веројатно ми ја носеа од некој ресторант. Двапати доаѓаше лекар да ме прегледа, а еднаш во вилата ме посети и Никола Илиевски… Ја искористив приликата да го прашам што станало со мојот паричник и мојот нотес со адреси. “Не бери гајле затоа, тие се на сигурно место“ ми одговори Илиевски. При моето киднапирање во паричникот од крокодилска кожа имав повеќе од три илјади швајцарски франка и околу пет илјади француски франка. Овие пари повеќе не ги видов. Кога во 1987 година излегов од затворот појдов во СДБ да си ги барам, но од нив немаше никаква трага, Новиот началник на Втората секција на СДБ Крсте Јовчевски отворено ми рече: “Драгане заборави ги тие пари. Од нив нема ни трага. Тие ти биле одземени без никаква потврда и веројатно завршиле во некој приватен џеб“. Заедно со парите ми беше одземен и рачен часовник марка “Сеико“. И него Господ да го прости!

… На 10 јуни околу 5 часот по пладне во вилата дојде словенечкиот удбашки началник и ми нареди да се облечам. Кога се облеков чуварите кои ме чуваа ми кладоа белезници на раце, то беше знак дека ќе ме водат некаде. Надвор во дворот чекаше џип и уште неколку цивилни агенти, Ме качија на џипот и после една половина час возење се најдов на воениот аеродром Љубљански. Заклучив дека се работи за воен авион зашто на авионите кои ги гледав поредени на аеродромот со големи букви пишуваше “ЈНА“ (Југословенска народна армија). Џипот се доближи до еден авион кој поради својата големина ми личеше на помал патнички авион. На него исто така пишуваше “ЈНА“. Пред авионот ме чекаше Никола Илиевски и тројцата удбаши од не македонско потекло кои учествуваа во акцијата за моето киднапирање. Илиевски и тројцата удбаши од Сојузната УДБА се качија во авионот, со мене се качија и двајца цивилни агенти од словенечката УДБА. Кога влегов во авионот видов дека авионот од двете страни имаше вкупно можеби едни дваесетина седишта. Моторите забрмчеа и по неколку минути загревање, авионот се вивна во небото. Заради присуството на удбашите од Сојузната УДБА мислев дека ме носат за Белград, но по летање кое можеби траеше еден час, слетавме на аеродромот Петровец кај Скопје….

Авионот веќе леташе за мене во непозната насока, кога еден од сојузните началници на СДБ гледајќи право во мене, потоа во Никола Илиевски, рече: “Значи ова е тој фамозен Драган Богдановски кој појадува во Париз, руча во Лондон а вечера во Стокхолм во текот на еден ист ден?!“.

Неговиот емигрантски туризам заврши – одговори Никола Илиевски. Сега му дојде времето пред својот народ да положи сметка. Сега ќе треба да ни каже откаде му беа парите со кои се шеташе низ Европа. – Едно е сигурно – одговорив а тоа е дека за моите шетања низ Европа не сум потрошил ни скршена народна пара. На нашите бедни Македонци по светот во потрага по корка леб сум им дал пари а не да сум и земал. Ако некој се шетал со народни пари, и со толку вредните девизи во кои толку оскудува народното стопанство на Македонија, тогаш тоа сте вие господа удбаши. На македонскиот народ некогаш ќе треба да му дадете сметка меѓу другото и колку девизни средства потрошивте за моето донесување во Југославија…“

1Tihomir Подготвил: Т.К. (продолжува)

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top