Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Не постои македонски национализам“ (8)

22 2

1berl3

Својот прв извештај за шестмесечниот престој во грчкиот лого, предаден истата вечер, Драган Богдановски го заврши со перипетијата околу грчкиот пасош. Откако началниците на СДБ го шрочиаат извештајот, тие продолжиле со сослушувањето во “ловџиската соба“. И другиот ден. Со низа прашања тие се обидувале да дознаат за зародишот на  македонската националсепаристичка идеја, кога и каде започнала да се реализира македонска национална организација, каква функција имал и т.н. Во својот дневник идеологот на ВМРО ДПМНЕ, Драган Богдановски го пренесува текот на првиот дел од испрашувањето кое го започнал Тошо Шкатров пред кого стоеше неговиот ракопис:

„ … – Го прегледавме материјалот што си го напишал вчера и од него можевме да заклучиме дека македонската националсепаристичка идеја се зародила за првпат во главите на македонските емигранти во грчкиот логор Лаврион и дека таа идеја после само се дооформирала и созревала преку разните македонски емигрантски националистички организации какви што беа или се Македонскиот национален комитет, Ослободителниот комитет на Македонија и Движењето за ослободување и обединување на Македонија. Од материјалот што го добивме од тебе исто така можевме да заклучиме дека од самата појава на нацоналсепаристичката идеологија на македонската емиграција Драган Богдановски бил човекот што ја оформувал таа идеологија, бил двигател и предводник на македонскиот национален сепаратизам.

– Не е вистина дека македонскиот национален и државен сепаратизам како идеологија се оформил дури во 1951 година во логорот Лаврион – одговорив јас, – Вие изгледа воопшто не ја познавате македонската историја. Уште Мисирков во својата книга за “Македонцките работи“ даде теоретска основа на македонскиот национален сепаратизам а Македонскиот политички или државен сепаратизам започна во 1893 година со создавањето на ТМОРО. Вие и јас зборуваме еден ист македонски јазик, но не се разбираме. Во вашиот југословенски политички речник зборот “национализам“ има негативно значење, тој е синоним за хегомонизам и за империјализам. Во мојот политички речник зборот национализам има позитивно значење, тој е синоним за национална преродба на еден поробен или обесправен народ, тој е синоним за национално ослободителна борба на еден поробен народ. Според моето длабоко убедување вашето толкување на зборот “национализам“ никако не одговара на денешната македонска стварност, зашто Македонците се поробена нација а не нација која поробува или се стреми да поробува други нации. Според тоа не постои македонски национализам, не постојат македонски националисти, постојат само борци за правата и слободата на македонската нација. Македонскиот национализам го имаат измислено југословенските удбаши за да ја оневозможуваат вистинската природна манифестација на македонската нација – да ја кочат и спречуваат борбата на македонскиот народ за неговото ослободување и обединување.

-.Македонскиот национализам е против братството и единството на народите и народностите на Југославија па затоа дејноста на македонските националисти се казнува по Законот – рече Анчо Гогов.

-.Македонскиот народ во текот на Народноослободителната борба со оружје во рака се самоопредели да живее во братската заедница со другите народи и народности на Југославија – рече Никола Илиевски, – Секој оној Македонец кој ќе се обиди да го оддели македонскиот народ од другите народи на Југославија, безмилосно ќе биде уништен од македонскиот народ. Зашто ако македонскиот народ нешто постигнал во текот на својата историја, тогаш тоа го постигнал во оваа наша Титова Југославија. Твоите сепаратистички и националистички теории Драгане можат да палат само кај откочени од умот емигранти, но не и кај народот во нашата република.

– Тогаш не знам зошто се плашите толку од таканаречениот македонски национализам и сепаратизам? – реков јас. Ако таа идеја е мртва зошто се плашите од нас? Или и вие сте ми некои јунаци од народната приказна кои на мртвото куче му ваделе нож да го колат…

– Самото македонство е поим или синоним сепаратизам – продолжив јас, – Сепаратизам национален и политички (државен). Мислам дека знаете дека зборот “сепаратизам“ значи издвојување или одделување. Македонскиот народ за да ја покаже својата национална индивидуалност тој мораше да се издвои, да се оддели од соседните народи. Тоа е неговиот национален сепаратизам и тој национален сепаратизам трае и денеска зашто Македонците се принудени да докажуваат дека тие не се Грци, Срби, Бугари или Албанци. Научно-теоретска основа на македонскиот национализам даде Крсте Мисирков уште во 1903 година во неговата книга за “Македонцките работи“. За мене Крсте Мисирков е најголемиот толкувач на македонската национална мисла, што по вашата удбашка логика би требало да го наречете македонски националист. Ако Крсте Мисирков денеска беше жив, можеби тој како поголем македонски националист ќе седеше денеска пред вас на моето место за сослушување.

– Ова нека ти биде последен пат што си го кажал изразот “удбашка логика“! – налутено ми подвикна Шкатров. – Што сме ние удбашите глупи и тапи полицајци, тоа ли сакаш да кажеш?…

– Когито ерго сум! Мислам, значи постојам! – вели францускиот филозоф рационалист Декар. Јас мислам на мој начин, затоа и во политиката постојам како Драган Богдановски. И Драган Богдановски сакам да останам, не сакам со никој од вас или со било кој друг да се заменам.

– Заеби филозофирање, не се наоѓаш на Сорбона! – рече Анче Гогов. Твоето разбирање на поимите национализам и сепаратизам ти ќе им го објасниш на судот, ако ние, како што ти веќе кажавме еднаш, ти дадеме шанса да излезеш на суд. Твојата судбина е во наши раце, ние одлучуваме за твојот живот и за твојата смрт. Затоа биди посериозен со нас. Ние се оддалечивме односно ти со твоето филозофирање не одвлече од предметот на разговорот. Идејата која се зародила во вашите глави во логорот Лаврион да се создаде во емиграција македонска национална организација кога почнавте да ја реализирате, и на кое место, мислам во која земја?

– Идејата практично почнавме да ја реализираме во 1956 година во Франција, поточно во Париз. – одговорив.

– Како почнавте да ја реализирате? – праша Никола Илиевски.

– Во Париз тогаш имаше околу триесетина души македонски студенти, емигранти од трите дела на Македонија. Од Вардарска Македонија поактивни бевме јас, Стеван Ѓавочанов од Богданци, Томе Настев од Струмица, Сребре Давидовски од Маврово, од Пиринска Македонија Иван Јанев, Богомил Шопов, Владимир Димитров и Панде Милев, од Егејска Македонија мошне активни беа братот и сестрата Поптрифунови, од селото Вишени, Костурско. Ова македонска младина беше загрижена што македонската емиграција сеуште не е организирана под свое македонско знаме, што е оставен слободен простор на бугарските ванчомихајловистите да шпекулираат со македонското прашање во полза на бугарскиот национализам. На другарските собранија и состаноци што ги имавме се укажуваше на потребата од создавање на една македонска национална организација, се даваа предлози како таа да се вика, каков да биде нејзиниот статут и нејзината политичка платформа. Во месецот март 1956 година во ресторантот на Никола Поптрифунов, во близината на Градскиот хотел, се одржа основачката конференција на новата македонска организација која беше наречена Македонски Национален Фронт. По Францускиот закон за странците бевме должни организацијата да ја пријавиме на француските власти и од нив да добиеме одобрување за работа. Без одобрување од полицијата организацијата се сметаше како нелегална и нејзините членови кривично се прогонуваа. За пријавувањето на организацијата требаше да се исполни специјален формулар што го добивме од полицијата и кон него да се приложи уставот и програмата на организацијата. За таа цел една комисија од пет члена состави устав и политичка платформа која беше усвоена од членството на организацијата и кои беа приклучени кон формуларот (молбата) до полицијата. Истовремено во една печатница која печатеше и со кирилски букви го дадовме првиот број од списанието “Македонска мисла“ да се печати како орган на Македонскиот национален фронт. Меѓутоа, француската полиција верна на старата француска политика, не покажа никакво разбирање за македонската национална кауза, туку на студентите Македонци во Париз им се закани “ако ни си го гледаат само учењето“ дека ќе направи да им се одземе француската државна стипендија тие што ја имаа како емигранти. Бидејќи организацијата Македонскиот национален фронт не доби одобрување од француската полиција, списанието “Македонска мисла“ остана неподигнато отпечатено од печатницата. Дваесетина примероци од ова списание јас подигнав од печатницата и ги раздадов на пријателите. Но идејата која што француската полиција ја загуши во Париз, две години подоцна готово истите луѓе, ја остваривме на друг крај на Европа, во Скандинавија. Тогаш ја создадовме организацијата Македонски национален комитет.

– Каква функција имаше ти во Македонскиот национален фронт? – ме праша Анче Гогов.

– Бев секретар на Организацијата – одговорив.

– А кој беше претседател? – пак праша Анче Гогов.

– Иван Јанев, од Пиринска Македонија, сега лекар во Швајцарија одговорив.

– А во Македонскиот национален комитет каква функција имаше – праша пак Гогов.

– Истата, секретар на Организацијата одговорив… “

(продолжува)

1Tihomir Подготвил: Т.К.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top