Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Патувањето до Франција не беше авантура“ (10)

Dragan Bogdanovski 2

Dragan Bogdanovski 2

Драги Богдановски останува во Бразил до 1954 година и потоа како слеп патник заминал со брод за Франција. За време на испитувањето во тајниот затвор, агентите на СДБ се интересирале кој бил мотивот на најпознатиот македонски досидент да се врати во Европа, откаде му биле парите и дали бил агент на службите од западниот или источниот блок. Незадоволни од неговиот исказ, тие барале писмено да ја опише својата „авантура“ и да каже за кого работел. Меѓутоа, откако не добиле задоволителен одговор го однеле во собата за мачење. За текот на испрашувањето Богдановски во својот дневник ќе забележи:

„ – Не си го опишал твоето доаѓање од Бразилија во Франција – рече Никола Илиевски – Кои биле твоите мотиви за доаѓање во Франција. Ние знаеме дека од Бразилија во Франција имаш дојдено нелегално, како слеп патник на брод. Да се патува како слеп патник преку океан е голема авантура, нели?

– За мене не беше тоа авантура, туку животна нужност – одговорив. Морав да патувам како слеп патник затоа што немав пасош. При моето заминување за Бразилија јас со бразилската влада имав склучено договор дека во Бразилија ќе останам најмалку пет години. Грчкиот емигрантски пасош со кој дојдов во Бразилија ми важеше само една година, а Бразилјанците не ми даваа нивен пасош додека не измине контрактот од пет години. Затоа морав да патувам како слеп патник.

– Како се вовлече во бродот – ме праша Илиевски.

– Многу лесно. Во пристаништето Рио де Жанејро големите прекуокеански бродови ги посетува љубопитна публика од градот. За посетата мислам се наплатуваше 20 крузероси, тоа е еден американски долар. Така и јас платив 20 крузероси за посета на бродот, но кога преку микрофонот ги повикуваа посетителите да го напуштат бродот зашто по еден час бродот ќе тргне, јас не го напуштив бродот, си останав со патниците. Бев откриен после 8 дена, кога бродот се доближуваше до шпанскиот остров Канарија, не далеку од брегот на Мароко.

– Како те открија – праша Анче Гогов.

– На ручек за јадењето. На бродот петпати се даваше јадење во ресторантот. На утро во 6 часот, пото во 9 часот, во 12 часот (ручек), во 16 часот ужина и вечера во 19 часот. Во 6 часот наутро повеќето од патниците спијат, не стануваат за појадок, тогаш во салата седнува кој каде сака, никој не води сметка за некого. Исто беше случајот и со ужината во 16 часот. Јас ја користев приликата и се хранев во ресторантот како секој патник безгрижно. Но еднаш решив да јадам и на ручек во 12 часот, а не сум знаел дека секој патник на својот патен билет го имал и бројот на столицата на која треба да седи во ресторантот. Седнав на столица но келнерот ме примети дека тоа не е моето место и ми го побара патниот билет. Бидејќи тоа нешто и другпат им се случувало, не можев да го излажам дека билетот ми останал во кабината. Ме пријавија на бродската полиција и ме одведоа на сослушување кај комесарот на бродот. Му објаснив зошто немам пасош и бидејќи имав пари му понудив патот да си го платам. Сега е доцна за тоа, ми рече комесарот, – кога стигнеме во Франција ти ќе одговараш пред суд за илегално влегување во Франција. Кога стигнавме во Бордо, ме чекаше француската полиција и ме однесе во затвор. Утредента по брза постапка бев осуден месец дена в затвор за илегално влегување во Франција и за неплаќање билет во бродот. По излегувањето од затворот бидејќи имав достаточно пари, од Бразилија донесов со мене 20.000 американски долари, веднаш се упатив за Париз, каде побарав политички азил во Франција и го добив само за две недели.

– До вечера да го опишеш твојот мотив за доаѓање во Франција, твојата авантура на слеп патник, а потоа пишувај за твојот живот и твојата дејност во Франција – рече Илиевски – Знаеме дека за твојот француски период имаш цели романи за пишување.

… По ручекот во мојата келија пак почнав да пишувам… Два листа наполнив со текст за мојата прекуокеанска авантура ко слеп патник на францускиот брод “Клод Берар“ од компанијата “Пасажер маритим“. Им ги напишав на удбашите и мотивите за моето доаѓање во Франција. Тие беа два: прво да студирам во Франција и второ да бидам поблиску до Татковината и да сторам нешто за организирањето на една нова македонска национална револуционерна организација или движење, врз Илинденскиот идеал на македонскиот народ и под знамето на македонската национална индивидуалност. За мојата политичка дејност во писмениот текст го повторив она што пред пладнето им раскажав на иследниците. Но утредента пред пладнето кога се најдов пак пред нив на сослушување во “ловџиската соба“ двајцата удбашки началници останаа незадоволни од она што сум го напишал за мојата политичка дејност во Франција. Тие наоѓаа дека сум бил површен дека многу работи немарно сум избегнал да ги напишам.

– Кои се тие работи? – прашав.

– Како студент во Парис ти живееше на богата нога небаре беше син на некој петролски магнат од Иран или од Соединетите арапски емирати. Тоа ни го кажуваа нашите луѓе кои за тоа време престојуваа со државна стипендија во Париз, како со историчарите од Институтот за национална историја и други научни работници. Тие ни кажуваа дека си бил со пари, не си мислел кога си ги трошел. Откаде ти беа тие пари, која служба ти ги даваше, француската разузнувачка служба или ЦИА.

– Со стипендиите кои им ги дававте на научните работници од Македонија не ме чуди дека сум им изгледал богат како син на некој петролејски магнат – одговорив. – Но јас во Франција од Бразилија дојдов со 20.000 американски долари, а освен тоа како емигрант добив француска стипендија за емигранти и плус стипендија од Американската фондација Колеж Слободна Европа.

– Тука те чекавме, тоа да ни го кажеш – рече Анче Гогов – Никој не дава стипендија за црните очи на некого, па и Французите и Американците не ти ја дале стипендијата без да се ангажираш да работиш за некоја нивна служба. Ти си станал француски и американски шпион, затоа ти дале нивна стипендија.

– … Во времето кога јас студирав, Запад од хуманитарни причини им даваше стипендии на студентите избегани од комунистичките земји. Ни Американците ни Французите давајќи ми стипендија од чисто милосрдие, од благородната побуда, не се барале од мене да бидам нивен шпион.

– … Престани да не лажеш ..! Викна Гогов. Време е да прозбориш, доста си играме жмурка со тебе! За тебе е поубаво да признаеш се убаво, инаку ќе бидеме принудени да употребиме сила.

– Немам што да признавам, не сум бил ни француски, ни американски шпион, може можете да ме заколете ако сакате, но она што не било не можам да го признаам.

– Си бил ти не само француски и американски, туку си бил и советски шпион, но за твојата работа за Советите ќе зборуваме подоцна, се на свое време – рече Никола Илиевски.

При споменувањето дека сум бил и советски шпион, јас се само иронично насмеав,

– Што се смееш… – рече Гогов и стана од столицата и нервозно почна да врти околу мене. Пото пак викна: “Ќе зборуваш ли ти или не?“.

– Не можам да ви кажам дека сум ничии шпион, кога тоа не сум бил – одговорив.

– Милиционери, водете го во келија број 2 – викна Анче Гогов.

Милиционерите влегоа во “ловџиската соба“, ме фатија под раката и ме слегнаа по скалите во подрумот. Ја отворија вратата на една друг келија, а не на мојата. Со мене заедно долу слегнаа и иследниците Гогов и Илевски.

Милиционерите ме втурнаа внатре во келијата број 2. Тогаш по опремата на келијата видов дека тоа е келија за мачење, за тортури на затворениците…“

(продокжува)

Подготвил: Т.К.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top