Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Шкатров ми ја стави цевката од пиштолот на челото“ (18)

1XL5

1XL5

Драган Богдановски со хеликоптер бил доведен од тајниот затвор на Удба во Скопје, во канцеларијата на тогаш најглавниот шеф на УДБА за Македонија Тошо Шкартов. Додека бил во канцеларијата иследниците се обиделе да го испијанат за да добиат повеќе информации за престојната конгресот на ДООМ. Иако алкохолот лесно го совладал неговиот истоштен организам, сепак не бил пијан, но јазикот како што вели Богдановски, му бил премногу “одврзан“ и самиот чувствувал дека е полу пијан. Во својот дневник Богдановски за испрашувањето во канцеларијата на шефот на УДБА пишува:

„Моите иследници веројатно имале цел да ме поднапијат и кога видоа дека во тоа успеале, Шкатров рече: “Знаеш ли дека твоите другари што се собрани за конгресот сите тебе сега те знаат дека се наоѓаш интерниран на островото Сан Ре во Нормандија во Франција. Ние ги доведовме до таа заблуда, им пишавме писмо од твое име и го имитиравме твојот потпис. Им пишавме дека француската полиција те интернирала на островото поради немање на паспорт т.е. за илегален боравок во Франција и поради тоа не можеш да дојдеш на конгресот. Знаејќи те дека навистина немаш пасош, тие многу лесно поверуваа во нашата махинација. Сега ќе ѕвониме кај Исаковски во Бремен и ти ќе размениш неколку зборови со Исаковски и со делегатите од Австралија. Прашај ги што ќе стане со конгресот, и кажи им дека не можеш да дојдеш на конгресот, зашто не можеш да побегнеш од интернацијата. – Во тој момент Шкатров од фиоката извади револвер, на чија цевка беше натакнат пригушувач….

– Ќе го завртиме бројот на Исаковски и ти ќе зборуваш, како што ти кажавме, но само ако се обидеш да кажеш дека се наоѓаш во рацете на УДБА, јас ќе те застрелам и ништо нема да се слушне во Бремен.

Телефонскиот апарат го ставија на масата пред мене. Шкатров ми ја стави цевката од пиштолот на челото, а Илиевски го вртеше бројачникот на телефонот. Врската со Бремен автоматски беше воспоставена, и слушалката ми беше ставена на увото.

Од другата страна на жицата се јави познатиот на мене глас на Исаковски. Повеќе од љубопитство, колку од страв, а може би и само благодарение на дејството на алкохолот, реков: “Здраво Јоване, што правиш, тука Драган“.

Понатаму дијалогот вака течеше:

Исаковски: од кај се јавуваш?

Јас: од Нормандија, од Франција.

Исаковски: Ќе дојдеш ли за Конгресот?

Јас: Многу жалам, ама не можам да дојдам. Ви пожелувам успех во работата и остварете го она што јас го имав планирано во конгресните документи.

Исаковски: Да не си болен, гласот ти е некако многу изменет, ми се чини дека не е твојот глас?

Јас: Нешто сум настинат.

Исаковски: Сега насред лето!

Јас: Дај ми го Шариновски и другарите од Австралија да разменам збор со нив.

Исаковски: Еве ти го Шариновски.

Шариновски: Здраво живо, како си?

Јас: Како можам да бидам добро кога не сум во состојба да дојдам на конгресот. Мојата желба лично да се запознам со тебе, со Ристета и Донета Димов пропадна во вода.

Шариновски: Ние мораме да се видиме макар и после Конгресот.

Јас: Тоа ќе биде многу тешко, но јас ти го предавам ДООМ во рацете и мислам дека не грешам. Поздрави ги сите другари на конгресот.

Во таа смисла изменив и неколку зборови со Ристевски и Димов. Ристевски ми се тажеше дека авионската компанија им ги изгубила куферите на патот од Перт до Париз. Погрешно ги испратила на некој на некој друг авион и во некој друг правец.

Наеднаш Илиевски ми го прекина разговорот, плашејќи се да не кажам нешто што би го открило моето заточение во УДБА на Македонија. Шкатров си го прибра пиштолот.

Колку што се срамував од моето учество во ова нова удбашка махинација толку се радував што конгресот на ДООМ ќе се одржи.

По лицата на удбашите се гледаше дека беа задоволни од начинот и од излезот на разговорот со Бремен.

– Сега заслужуваш еден добар ручек во најдобриот ресторант во Скопје, но се плашиме некој

да не те препознае – рече Шкатров. Затоа, ти Митко скокни до некоја ќебапчилница и за нашиот гост донеси 20 ќебапи. Освен тоа купи леб, пиперки и патлиџани, пиење имаме тука. Нека руча тука во канцеларијава, па после ќе го носите на хеликоптерот во Идризово.

Половина час подоцна порачаното јадење го донесе Николовски а јас јадев сам во канцеларијата. Удбашите продолжија да пијат виски. По ручекот пак седев во лимузината полициска, ескортиран од двете други коли во кои имаше вооружени милиционери. По истиот пат се вративме до факултетот на државната безбедност во Идризово. Но овојпат штом се качив во хеликоптерот, веднаш ми ги врзаа очите за да не видам на која страна ќе сврти хеликоптерот. Назад со мене на Караџица се врати само иследникот Никола Илиевски…“

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top