Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Македонските интелектуалци со симпатии гледаат на работата на ДООМ“ (19)

1XL5

1fon6

Откако заврши испитувањето на Драган Богдановски во седиштето на СДБ, тој повторно со хеликоптер бил вратен во тајниот затвор на Службата во близина на Македонски Брод.  За време на летот од агентот му било предочено што Службата им направила на делегатите за конгресот од Австралија.  Во својот дневник Богдановски пишува дека агентот му рекол за акцијата со француската полиција, заедничка акција во склоп на меѓународната соработка за борба против тероризмот, при која на австралиските делегати им ги задржале куферите и ги претресле за да се запознаат со материјалите за конгресот. Во текот на летот агентот особено се интересирал за целите и задачите на Воениот комитет на ДООМ што требал да избере на конгресот. По враќањето во тајниот затвор, веќе утредента луѓето на СДБ го насочија својот интерес и на списокот со стотина македоински интелектуалци кои имале контакти со Богдановски за време на посетата на Париз. Во својот дневник Богдановски за ова ќе напише:    

„… Утредента веднаш по појадокот ме одведоа во “ловџиската соба“… Откако испивме по едно кафе и ракија, Анче Гогов ја отвори својата ташна и од неа извади неколку на машина чукани страници.

Ова е списокот на интелектуалците на нашата република кои престојувале во Париз и во други западноевропски градови да учат јазици за да бидат искористени за професори после усовршувањето или пак за научно истражувачка работа, рече Гогов. – Ние знаеме дека со многумина од нив ти си се состанувал, па дури и дека некои од нив ти станале сомисленици, те насрчувале во твојата антијугословенска работа, соработувале во твоите весници и списанија. Повеќето од нив кога се вратија во земјата сами дојдоа во Службата и ни раскажаа за средбите што ги имале со тебе. Сега јас ќе ти ги читам од овој список имињата на сите интелектуалци кои престојувале за одредено време на Запад, а ти кажувај да одбележиме во списоков со кого си се среќавал.

Списокот содржеше имиња на повеќе од сто македонски интелектуалци, мислам 120 и читањето траеше се до 1 часот попладнето. При секое мое потврдување дека со некого сум се сретнал, настануваше кратка дискусија кога сум се сретнал, колку време траело нашето дружење итн. Признав дека сум се среќавал со повеќе од дваесетина македонски интелектуалци, најмногу во Париз и тоа со писатели, со историчари од Институтот за национална историја, со журналисти, со лекари и со други стручни профили. На прашањата зашто сум се сретнувал со овие луѓе, реков дека до средбите доаѓало исклучително по моја иницијатива, дека нив јас сум ги барал и пронајдувал, за да агитирам за делото на Македонија, да ги запознам со идеологијата и работата на ДООМ, да им дадам пропаганден материјал. На прашањето што ми одговориле тие одговорив дека во основа тие со симпатии гледаат на работата на ДООМ, само ми советуваа да не ја напаѓам толку Југославија, зашто таа сепак му дала слобода на македонскиот народ.

– Лажеш дека сите тоа ти советувале – рече Никола Илиевски – ние знаеме дека некои од нив ти биле вистински советници како да ја заостриш политиката во однос на Југославија.

– Велиш дека ти советувале да не ја напаѓаш Југославија – рече Гогов – при толку совети како ти не послуша ниту еден од нив?

– Мојата цел беше јас да извршам политичко влијание врз нив, а не тие врз мене – одговорив.

– Значи се правеше поумен од универзитетски професори и од други наши врвни интелектуалци – рече Никола Илиевски.

– Тука не се работи за интелигентност, за академски дипломи – реков – туку се работеше за оданоста кон ослободителната кауза на Македонија.

– Денеска попладне и следните неколку дена ќе пишуваш за секого поединечно од луѓето што си ги сретнал и што признаваш дека си ги сретнал. За оние што не признаваш дека си ги сретнал, ќе зборуваме подоцна.

Пишувањето за моите средби со интелектуалците од СРМ траеше десетина дена, ако не и полни две недели. Во воспоставениот ред во попладневијата пишував, а во предпладневијата бев воден во “ловечката соба“ да давам дополнителни обавестувања пред моите удбашки иследувачи. Меѓутоа и во опишувањето и на дополните сослушувања строго внимавав со моите искази да не наштетам или напакостам на некого од овие македонски интелектуалци. За сите велев дека се покажале лојални граѓани кон Југославија, дека ме советувале да не ја напаѓам Југославија и посебно Тито. Дека ова што сега го тврдам е живата вистина, покажува и самиот факт што ниту еден од овие македонски интелектуалци не настрада поради мене. И кога после десет години и седум месеци излегов од занданата, со многумина од овие македонски интелектуалци се видов. Средбата со нив беше мошне срдечна, сите ми ја кажуваа нивната благодарност што сум молчел во истрагата, што не сум ги предал. Инаку тие биле мошне исплашени за себеси кога во февруари 1979 година преку средствата за јавно информирање разбрале дека сум затворен и осуден во Скопје. И имале зошто да се стравуваат некои од овие луѓе зашто јас под разни псевдоними бев објавил во “Македонска Нација“ и нивни материјали. Ако ова нешто го бев признал, тие ќе одговараа не само за непријателска пропаганда туку и антидржавна дејност, што немаше да им фали најмалку десет години затвор, а да не зборуваме дека тоа ќе беше и крај на нивната професионална кариера.

Друг беше случај со интелектуалците кои веќе беа мртви, за нив немаше причина да не ја кажам вистината ни пред удбашите. Тоа го правев за да им докажам на удбашите дека во СРМ има врвни интелектуалци кои земаат одговорни политички а и други општествени функции кои не се задоволни од титовистичкото “решение“ на македонското прашање и дека ја одобруваат политиката на ДООМ. Ваков беше случајот со починатите Кирил Миљовски, ректор на Скопскиот универзитет и универзитетскиот професор Киро Ќамилов. Кирил Миљовски освен функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја вршеше и функцијата првиот шев на ОЗНА во Македонија, и амбасадор во Бугарија и Данска, а Киро Ќамилов беше познат со своето учество во интернационалистичките бригади во Шпанската граѓанска војна.

И двајцата починати овие македонски интелектуалци останаа во моето сеќавање како добри и искрени македонски патриоти. Би можел да напишам цела книга од разговорите што сум ги имал со нив. Кирил Миљовски во 1944 година на слободната територија ја формирал македонската ОЗНа “Орган за заштита на народот“, но кога видел дека треба да работи исклучително на директивите на Александар Ранковќ и Белград, со големи маки, и под изговор дека сака да студира економија, успеал да се ослободи од ознашката положба, “Во сите полиции на светот седат само најглупавите луѓе“ – ми велеше Кирил Миљовски – затоа не сакав да останам во таа служба. Инаку Кирил Миљовски пред војната имаше завршено ветеринарен факултет во Загреб и беше еден од оснивачите на МАНАПО (Македонски Национален Покрет) во Загреб. За својата измината политичка дејност Миљовски велеше дека таква била ситуацијата во Македонија и на Балканот и така морал да се бори. Да сум сега на Вашето место јас би бил со Вас во ДООМ. Но како ректор на Скопскиот универзитет јас создавам македонски интелектуални кадрови и така вршам една корисна за Македонија и за нејзината кауза работа.

Професорот Киро Ќамилов беше дојден во Париз да ги оперира очите, скоро беше полуслеп. Тој самиот побара на препорака на еден негов пријател, исто така универзитетски професор од Скопје. Тој беше човек со бурен револуционерен живот и занесено се впушташе во евоцирање на своите спомени. Во Шпанската револуција учествувал не како комунист, туку како анархист, за комунистите го имаше најлошото мислење што може да се има. Во 1948 година го затвориле и тортурирала ОЗНа како божем во спорот меѓу Тито и Сталин дека се изјаснил за последниов, иако тој Сталина го еднакво мразел како што го мразел и Тита. Бил испратен на Голи Оток и таму ја минал голготата што титовистичкиот комунизам му заприредил. Сожалуваше што е толку стар и толку слеп, за да не може да се вклучи во редовите на ДООМ.

Тука треба да ги спомнам и моите маки што ги имав заради еден професор на Скопскиот Универзитет и научен соработник на Институтот за национална историја на Македонија. На списокот него не го одбележав дека сум се состанувал со него. Удбашите не ми веруваа и ми велеа дека не ја зборувам вистината и дека имам специјална причина што не сакам да признам дека сум имал било каква врска со него. Удбашите ме тераа да пишувам и за него но јас одбив и велев дека за него нема што да пишувам бидејќи никогаш не сум го видел или сретнал. Јас и навистина не бев го сретнал овој македонски историчар, но додека беше во научна-истражувачка работа за една источноевропска земја му пишав едно писмо. Јас знаев дека овој македонски историчар беше нападнат во режимскиот печат како македонски националист., и сеуште беше третиран од режимот како неблагонадежен. И писмото што му го испратив во источноевропската земја не го спомнаа. Меѓутоа, неколку месеци после сослушувањата за моите средби со македонските интелектуалци, удбашите пак бараа од мене да признам дека сум се среќавал со историчарот, но јас одбив да признам. Тогаш Никола Илиевски од една папка го извади писмото што му го имав пишувано на историчарот и ми рече: “Еве доказ дека лажеш. Погледни го ова писмо па кажи ни твое или не е!“. Го раздиплив писмото и го погледнав. Беше моето писмо. Реков: “Јас со стотици луѓе се имам допишувано, така да повеќе не се сеќавам со кого сум се допишувал. Ако не ми го покажевте писмово можевте да ме заколите но немаше да признам дека сум го пишувал“.

– А се сеќаваш ли се сега што ти одговори историчарот? – праша Никола Илиевски.

– Не се сеќавам ни дали ми одговори – реков, но удбашите продолжија да веруваат дека не сакам да признам.

Фактот што моето писмо до историчарот се наоѓаше во рацете на удбашите ме тераше да сомневам дека историчарот станал човек на СДБ. Предавајќи ѝ го моето писмо тој сакал да ја потврди својата лојалност кон југословенскиот режим. Меѓутоа, тоа не штимуваше со нападите во режимскиот печат со кои се обвинуваше македонскиот историчар за македонски националист. Затоа, си мислев дека постои и друга можност, дека моето писмо било фатено од цензурата на источно-европската земја и полицијата на таа земја писмото го предале на југословенската полиција. Денеска, судејќи по држењето на македонскиот историчар по македонското прашање, склон сум да верувам во втората алтернатива, а имено, дека моето писмо ѝ било предадено на СДБ од полицијата на источноевропската земја…“

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top