Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Ние не сакавме да отстапиме од идејата за обединета и независна македонска држава “ (22)

1XL5

1fon6

На барање на иследниците на СДБ, Драган Богдановски  пишува извештаи за своите врски со српската, хрватската, бугарската и албанската емиграција. Во својот дневник, Богдановски пренесува делови од овие извештаи. Во минатат среда, пренесовме делови од неговиот дневник во кои говори за првите контакти со српската емиграција. Во нив, откако на читателот му ги опишува средбите со кралската и четничка организација во грчкиот логор Лаврион во 1951 година, говори и за врските со српската емиграција за време на студирањето во Париз, како и за обидите во 60 и 70 – тите години на минатиот век да ги натера српските организации да ја признаат посебноста на македонскиот народ.

Драган Богдановски потоа продолжува да ги опишува своите контакти со втората српска политичка група, како и за контактите  со хрватската емиграција.  За овие контакти тој во продолжение на дневникот ќе напише:

„Втората српска политичка група во емиграција со која водев политички преговори – Беше српската секција од така наречениот Југословенски демократски сојуз, со седиште во Минхен, кој се заземаше за една демократска Југославија, реорганизирана на конфедеративни услови како Сојуз на слободни југословенски држави. Јужнословенскиот демократски сојуз го сочинуваа група српски и хрватски интелектуалци, кои некогаш му припаѓале на југословенското фашистичко движение “Збор“ на Димитрија Лотиќ, но сега се откажале и од фашистичката идеологија на Лотиќ и од унитаристичка и федеративна Југославија и заговараа една трета, конфедеративна Југославија. На чело на Јужнословенскиот сојуз стоеше хрватскиот политичар Розо Калеб. Сојузот издаваше свој весник. Хрватскиот демократски сојуз ја издаваше “Хрватска Зора“ а српскиот демократски сојуз ги издаваше “Српски дици“.

Јужнословенскиот сојуз по однос на македонското прашање се беше покажал далеку пореалистичен и по правичен отколку тоа што беше Југословенскиот одбор од Лондон и Српската задруга “Ослобоѓење“. Тој јавно и отворено му ја беше признал на македонскиот народ неговата национална индивидуалност и својот статут го беше печателе и на македонски јазик. Заради своето признавање на македонската национална индивидуалност, Србите во Југословенскиот демократски сојуз беа напаѓани од српската четничка емиграција како српски национални предавници.

Врски со Јужнословенскиот демократски сојуз беа воспоставени во текот на 1959 и 1960 година поради кое Пеев и јас одвоено патувавме за Минхен. И на двајцата ни беше направен срдечен пречек, тогаш се запознавме со раководителите на Јужнословенскиот демократски сојуз, тогаш беа воспоставени и конкретни облици за соработка, меѓутоа, се се заврши како и со Југословенскиот одбор од Лондон. Јужнословенскиот демократски сојуз бараше ние како македонска група да создадеме Македонски демократски сојуз во рамките на Јужнословенскиот демократски сојуз и заедно со Хрватите, Србите и Словенците да работиме за создавање на една идна Југословенска Конфедерација или Сојуз на слободни јужнословенски држави. Ние не сакавме да отстапиме од идејата за обединета и независна македонска држава, па според тоа и соработката со Јужнословенскиот демократски сојуз пропадна.

Ете тоа беше сиот мој контакт со српската емиграција – завршив во моето пишување – и пак напомнав дека тој контакт беше инспириран од силната желба српската емиграција да му ја признае на нашиот народ неговата национална самобитност. Заради моето работење на тој план јас неколку пати бев напаѓан во печатот на српската емиграција, во весниците “Српска Борба“, “Искра“ и други.

На ова мое пишување моите удбашки иследници велеа: “А бре ти добро си ја играше твојата улога на македонист, особено во 50-тите и 60-тите години. Ти остави неизбришливи спомени од твојата дејност. Се ќе беше добро и убаво ако тој твој македонизам не го свртеше против легалното раководство на македонската држава, на СРМ. Ти не знаеше да се запреш во твоите дејанија, ти немаше кочници, и беше како некоја крава која при молзењето даваше полно ведро млеко, но штом го наполни, ритна со ногата и го истури. Ти ја дотера работата дотаму што твојот македонизам стана штетен за интересите на македонската нација. Затоа и моравме да дејствуваме, да те запреме, да те замолчиме…“.

– Вие ме спречивте да го остварувам најбитното што е за нашата нација – реков – така вие ѝ наштетивте, не е помагате.

Моето пишување за мојата врска со хрватската емиграција не беше долга зошто до некаков сојуз со хрватското усташко движење не дојде. Наведов дека ДООМ како нова и млада организација, настана по Втората светска воја, не сакаше да се врзува со хрватското усташко движење зашто ова беше во текот на војната компромитирано како фашистичко движење и беше обвинувано дека извршило геноцид. Наведов дека од усташка страна имаше обид ДООМ да работи заедно со усташите против Југославија, тоа беше сторено преку водачот на Хрватскиот Народен Одбор на Бранко Јелиќ. Со овој стар хрватски политичар се сретнав неколкупати во Германија, и меѓу нас се воспоставија пријателски меѓучовечки односи, но до сојузување не дојде. Ние не сакавме да се компромитираме како фашистичка организација, зашто со кого си, – народот вели дека и таков си.

Друга причина за да бидеме настрана од усташкото движење беше тоа, што ова движење верно на својот стар сојуз со Ванчо Михајлов, папагалски ја повторуваше тезата на Ванчо Михајлов дека Македонците биле Бугари, дека македонската нација била исмислена од србо-комунистите. Против ваквата антимакедонска политика што ја развиваа усташите јас протестирав кај повеќе усташки водачи: кај генералот Дрињанин, кај Мате Фрковиќ, кај Степан Буќ и други усташки скрибенти. Дури и отворено ги нападнав усташите како “пандури на Европа“ во “Македонска Нација“. Сега пандури на големобугаризмот.

– Ти си бил сојузник на усташите, тоа не можеш да го одрече – ми рече удбашот иследник Никола Илиевски. – Вистина не дошло до соработка на ниво на организациите, но ти си бил соработник на усташите кога било во прашање рушењето на Југославија. Ние имаме магнетофонска трака од еден твој говор на усташката прослава на 10 април, денот на прогласувањето на НДХ во Карлсруе, каде пред две илјади Хрвати ти одржа говор против Југославија каков што не можеле да одржат и старите усташи. Се сеќаваш ли каков аплауз доби тогаш?

– Се сеќавам – реков. – Доколку се сеќаваш во мојот говор реков дека Југославија е вештачка криминална творба, која треба да ја разрушат народите кои живеат во неа, зошто се додека таа држава постои во неа за ниту еден народ нема да има слобода и демократија…“

(продолжува)

1Tiho3 Поготвил: Т.К.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top