Историја

Бугарија во 1947 година признала дека Самоиловата држава не била бугарска, а сега Македонија го прифаќа спротивното

90781

90781

90782

Поетот, писател и поранешен советник во Министерството за надворешни работи, Стево Симски, на својот фејсбук профил потсети на еден, можеби заборавен, но мошне значаен податок. А, тоа е дека во 1947 година, исто како и денес, постоела и работела македонско-бугарска историска комисија.

И во тој контекст, Симски потсетува дека на 22 ноември 1947 година македонско-бугарската историска комисија постигнала договор за бугарските погледи на историјата на Македонија и оти за тоа потпишала договор. Со Договорот се направени исправки во историските учебници во Бугарија. Договорот потврдува дека исправките се со цел да се спречи големо-бугарскиот шовинизам, а се однесуваат на различни историски периоди.

Во документите на историската комисија е запишано:

Самоиловата држава не е западно бугарска држава, туку феудална држава во која доминантно население се македонските Словени.

Истакнато е дека бугарската историја треба да ја пишува вистината:

Климент Охридски и Наум Охридски се сесловенски просветители: – Кнежеството на Пребонд е првиот обид на македонските Словени да создадат независна држава, а браќата Миладиновци дека се македонски просветители. (с.с Историска белешка).

Пишувањето на Симски може да му послужи на новоформираниот секретаријат, што ќе им помага на членовите на македонскиот дел од заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, особено и во подготовката на преземената обврска од наша страна, во период од една година да подготвиме лекција за Цар Самоил, која натаму ќе треба да ја учат нашите деца.

Но, тоа што паѓа в очи е формулацијата, што се користи за целта на промените во бугарските учебници по историја-да се спречи големо-бугарскиот шовинизам. Значи, бугарската власт и држава отворено го признале постоењето на бугарскиот шовинизам во односот кон Македонија и Македонците и тоа во различни историски периоди.

И сега што прави Република Македонија преку прифаќање на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка и двата усвоени меѓувладини протоколи, кои се веќе составен дел од преговарачкиот процес за членство во ЕУ? Прифаќа одново формирање на македонско-бугарска историска комисија која овојпат ќе треба целосно rевизионистички да го прифати бугарскиот, односно европскиот предлог за враќање на бугарскиот шовинизам во македонските учебници!?

90782

Бугарската страна времето на Георги Димитров не го прифаќа, зашто му припаѓа на комунизмот, и го оценува како најголемо предавство на националните интереси. Но, за неа не претставува предавство времето на вечниот комунистички вожд Тодор Живков, кој беше согласен и бараше Република Бугарија и официјално да стане 16-та република на некогаш моќниот СССР!? Двојниот аршин на официјалната бугарска политика во поглед на Република Македонија лежи во фактот дека Живков само го обнови и рециклира бугарскиот шовинизам и хегемонизам, што сега толку здушно успеа да им ги продаде на земјите членки на ЕУ, а на нас да ни стави јамка околу вратот на патот кон членството.

Истата формулација, пак, дека Самоиловата држава не е западно бугарска држава, туку феудална држава во која доминантно население се македонските Словени е содржана и во неодамна објавената карта од Историскиот атлас на германскиот историчар Јохан Густав Дројзен. Во атласот објавен во 1886 година, во легендата на картата на Самоиловото царство од 993 до 1018 година јасно стои и се гледа дека Самоиловото царство на територијата на денешна Република Македонија е именувано како Македонско царство на Словените.

907823

Нашите членови на историската комисија со своите бугарски колеги постигнаа согласност за заедничко чествување на Цар Самоил со следната содржина:

Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави Република Македонија и Република Бугарија.

Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство.

Превземено од Лидер

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top