Историја

ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НИЗ ДЕТСКИ СВЕДОШТВА (втор дел)

4 copy copy copy copy

4 copy copy copy copy

Ана Франк (12 јули, 1929 – 1945)

Ана Франк е меѓународно најпознато девојче автор на дневник. Родена е 1929 г. во Франкфурт, Германија, во еврејска фамилија. Умира на 15 години, 1945 г. во нацистичкиот логор во Германија Берген-Белзен, од тифус, компликации на кожата и глад. Живее со фамилијата и пријателите пријатели, во скривалиште во Амстердам (1942-1944). Ги пишува дневниците како имигрант, гледајки од камуфлиран прозорец додека фашистичката Германија војува против одредени раси, вери и за експанзија во Европа.

Од својата 13-та година, Ана ги документира детските набљудувања. Дневникот и’ е таен пријател, и’ помага против отсуството на приватност, недоразирања со мајка и’, и љубомора на сестра и’ Маргот. Размислувањата на Ана за бог, за брак, за правата на жената и нејзината професионална ориентација, се приближуваат до зрел наратив изразен на едноставен јазик.  

Втората светска војна постанува пандемска, како и првата, но Ана Франк не пишува за надворешното лудување на војната. Таа бележи свои лични лекции, сценарија за преживување и  мотивација за иднината без војна. Ана е протагонист на психолошка само-заштита, сокриена зад полицата со книги, во соба каде работел татко и’ Ото Франк, бизнисмен и иден уредник на нејзините пост-хумно издадени дневници.  

Реалноста за Ана се менува кога Гестапо ги пронаоѓа и апси. Концентрационите логори се почеток на трагичниот крај на Ана. Прво Аушвиц, па Берген-Белзен се средина во кој Ана и сестра и’ престануваат да се судираат како во домашната скривница. Таму започнуваат нивните беспомошни војни за гол опстанок. Ана умира 1945 година, неколку месеци по затворањето во Берген-Белзен.

44 copy

Нејзиниот татко Ото е единствениот преживеан од фамилија. Тој игра клучна улога во популаризација на писменото сведоштво на Ана за Холокаустот. По војната се враќа во Амстердам. Таму неговата секретарка го чува дневникот на Ана, напишан на холандски. Ото го објавува 1947.

Во 1952 година книгата се преведува на англиски јазик, со наслов „Дневникот на една млада девојка“ (The Diary of a Young Girl), а подоцна и на повеќе од 60 јазици.

Едукатори, писатели, новинари и политичари се изјаснувале за зрелите толкувања на Ана за теми од животот и војната, споредувајќи ги со сопствени случаи. Нелсон Мандела ги споредува нејзините страдања во војната со својата борба против aпартхејдот. Вацлав Хавел смета дека дневниците треба да се читаат за подобро да се разберат политичките и општествените потреби во образованието на Источниот блок.

Популарноста на дневниците на Ана зема замав особено по нивното вклучување во школските програми на САД. До крајот на 1950те години, Америка и Јапонија постануваат најголеми читатели на Ана Франк. Велика Британија тогаш е најмалку заинтересирана за нив. Популарноста на дневниците експлодира кога светската Еврејска заедница ја зема Ана за свој заштитен знак во меморијата за Холокаустот.

Заснована на дневниците, драма за Ана Франк е добитник на Пулицерова награда. Авторите Frances Goodrich и Albert Hackett слават премиера во Њујорк, на 5 октомври, 1955. И филмот „Дневниците на Ана Франк“, постанува комерцијален  и уметнички успех во 1959. Најреалистично мислење, ослободено од политика, изразува секретарката на Ото Франк која лично ја познава Ана, и се бори да ги побие сомнежите за оригиналноста на дневниците.  Таа изјавува:

„Ана не може, и не треба, да го претставува мноштвото поединци на кои нацизмот им ги одземал животите. Но нејзините верувања ни’ помагаат да ја сфатиме огромната загуба што светот ја доживеа во Холокаустот.“

Во дневниците, Ана пишува: „Сакам да бидам корисна, да донесам радост на сите, дури и на оние кои никогаш не сум ги сретнала. Сакам да продолжам да живеам и по смртта. Затоа сум му толку благодарна на бог што ми го подарил талентот со кој можам да се развијам и да го изразам она што е во мене. Кога пишувам си ги оттргнувам сите грижи. Тагата ми исчезнува, духот ми оживува. Но, еве го и големото прашање, дали некогаш ќе можам да напишам нешто големо, дали воопшто ќе постанам новинар или писател.“

Магазинот Time, јуни 1999, одлучува додатно да го зголеми портретот на Ана Франк, во димензија поголема од животот. Во посебното издание „Time 100“, најпознатите личности на 20 век ја вклучуваат и Ана Франк, една од неговите „херои и икони“. Уредникот Roger Rosenblatt пишува за мисијата на Ана:

„Страстите кои ги разгорува оваа книга сугерираат дека Ана Франк му припаѓа секому, дека таа се има издигнато над Холокаустот, Јудаизмот, девојчинството, дури и над добрината,  и има постанато тотемска фигура која инсистира на правото да се постои и да се прашува и да се има надеж за иднината на човечкото суштество, во еден модерен свет во кој владее машинерија на уништување.“  Розенблат додава дека прагматизмот и храброста на Ана се за восхит, но и дека најзначајна компонента во тоа е нејзината самоанализа. „Причината за нејзината бесмртност е во суштина литературната вредност. Таа беше вонредно добар писател, за секоја возраст, а квалитетот на нејзинатото дело веројатно е резултат на непоштедно чесниот однос.“    

Дел 2 (од 3)

1Marija Kukubajska copy copy copy copy copy copy

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска   

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top