Историја

ЗАКЛАНИ И СТРЕЛАНИ ВО СЕЛО ЦАКОНИ, ВОДЕНСКО, ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЦИЈА

Marija Vodenska 1

Marija Vodenska 1

Вангел Цакончев беше политички комесар на Пајко планина.

Овде во Р. Македонија го уништија со судење како

Информбировец, од бирократи и не учени прости превртливи аналфабети, а Вангел Цакончев беше инжењер по земјоделие, имаше завршено студии во Атина.

За време на Граѓанската војна, Сава Саракинлис- Делова го криеше во нашата куќа во Цакони, Воденско. Беше предаден од маџиринот Јанкули, негов соборец во Втората светска војна и во партизанското движење.

Јанкули го знаеше скривалиштето од Втората светска војна и го знаеше каналот, преку дупката под лежиштето на парализираниот дедо Ристо во нашата куќа.

Сава Делова беше одговорна и ангажирана да собира потреби за партизаните ( плетени чорапи, обувки, алишта, сол и други хранливи потреби) во пазарен ден во С`ботско од жените активистки од Мегленските села, а се` уште не беше откриена. Работеше илегално за партизаните во Мегленско. Насетила од жената на Јанкули, Пареса, која при еден премин меѓу селата, Пареса слободно можела да се движи, а тоа за Сава-(Елисавета Делиос), било енигматично, па му навестила на  Вангел, дека неуспешните акции на партизаните се предадени од Јанкули и затоа претрпуваат неуспеси. Вангел му верувал на Јанкули, иако во Штабот биле само тројцата: Јанкули и другар му Ѓели на Плијка, Македонец  од селото. Тие тројцата ги подготвуваат акциите на партизанското движење и само тие знаат за сите активности кои се превземаат против бурандарите.

Потоа е откриена и Сава Делова што е одговорна за Мегленско за собирање помош за партизаните.

Благодарение на нејзиниот вујко Апостол Торбешов од С`ботско, кој бил присутен во Општината и разбрал за прогонот на Сава и за нејзино апсење. Преку сигурен човек ја известил Сава во селото Костурни, кајшто биле избегани по наредба на монорхофашистите, бурандарите, односно кралската војска на кралот Павле и Фредерика.

Истата вечер заминавме од селото Костурни и ноќта ја поминавме во нашето лозје, кое беше меѓу селата Костурни и Цакони. Таа мартовска студена ноќ ја запаметив за цел живот.

Тогаш во лозјето дојде вујче ми Ѓели, и ни кажа дека се уапсени нивните татковци, дедо Гуши и дедо Лазо. За брат му Гоци дека е е фатен од бурандарите…Тивко шепотеа мајка и вујче и во разговорот и` рече на мајка, дека нема да  се предаде на бурандарите, иако преку мајка му, баба Лена, е пуштен абер и беше уценуван од фашистичката клика.

За  мајка ми немаше друг излез. Уште раното пред зори, преку Соколот на Ниџе планина, стигнавме до границата и останавме ноќта во Караулата, крај огништето да се потстоплиме а бевме мокри, гладни и премрзнати со сите дечиња собрани од Костурско, Воденско и Леринско.

Осамна денот на 25 во месец март 1948-та година, кога последен пат ја видовме мајка ми. Ние трите деца позаспани останавме во Караулата.

По наредба на Штабот, таа се врати назад во село Тресино во се` уште слободниот дел во Егејска Македонија и ја продолжи борбата со партизаните.

Од грчките бурандари на Караванѓелис на 10-ти март 1907 година, во селото Цакони, Воденско, се заклани: Јованче Саракинлис – Цакончев, Васил Балтаков, Христо Балтаков, Ѓорги Демишоров (внук на Васил Балтаков), Ито Марков и Симеон Михајлов, учителот од С`ботско, со уште двајца, кои дошле во селото на црква во „Света Петка“.

Во времето на Граѓанската војна во Грција беа фатени,  синовите на закланите татковци и малтретирани, мачени, тепани и најпосле стрелани во Бер во месец август 1948 година: Лазо

Јованчов Цакончев (55 год.), Ѓорги-Гуши Јованчов Саракиннлиев ( 50 год. ), Ѓорги-Гоци Балтаков, Ѓорги Пецов, Младен ПапаДимитриу и внукот на Васил Балтаков, Ѓорги Балтаков.

Во Градот Бер ( Вериа) е стрелан и младиот партизан бомбаш Атанас Марков, синот на Слобода и Костадин ( Бода и Дини) Маркови од село Цакони, Воденско, Егејска Македонија под Грција.

Фотографијата на Атанас Дини Марков е вметната заедно со родителите на споменикот, кајшто се погребани во Титов Валес, Р. Македонија.

Сакам да напоменам дека Грчката политика од времето на крволочникот Каравангелис, со фалсификувана историја до денес, со сите наследници во грчката политика е НЕ променета и  останува уништувачка.

Извори:

1.Според податоци од живи сведоци од селото Цакони, Воденско, Егејска Македонија под Грција.

2. Издвоено видео во Месинџер од 17 јули 2021 година, кај што  Крсте Нушков евоцира спомени за Вангел Цакончев, учесници во Граѓанската војна во Грција. 

Marija Vodenska

Марија Воденска

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top