Историја

ВИСТИНАТА ЗА ХОМЕР МАКЕДОНЕЦОТ И ДРЕВНИОТ ЈАЗИК

3456

3456

ХЕЛЕНСКИОТ ФАЛСИФИКАТ:  ВИСТИНАТА ЗА ХОМЕР МАКЕДОНЕЦОТ И ДРЕВНИОТ ЈАЗИК

Во 556 година пред нашата ера, атинскиот владетел и реформатор Пизистрат издал наредба делата на Хомер да бидат “преведени на атински јазик“ и да се запишат во официјална форма. Но, токму во таа одлука лежи едно од најголемите прашања на древната историја: Од кој јазик биле преведени делата на Хомер?

Историчарите од античко време запишале дека оригиналните песни биле напишани на “варварски јазик“. Зборот варварин во хеленскиот контекст не означувал “дивјак“, туку оној кој зборува неразбирлив јазик, јазик различен од хеленскиот. Тоа значи дека делата на Хомер не биле напишани на грчки, туку на јазик кој хелените не го разбирале и неможеле да го читаат и толкуваат.

Тука започнува фалсификатот на историјата. Со преведувањето на Илијада и Одисеја, хелените не само што го присвоиле авторството на делата, туку го присвоиле и целиот културен идентитет на народите што живееле пред нив: Пелазгите, Македонците и другите староседелски племиња на Балканот и Егејот.

Древните историчари како Херодот, Тукидид и Страбон пишуваат дека Пелазгите биле најстар народ на Егејот, кој живеел таму многу пред доаѓањето на Хелените. Херодот вели дека “Пелазгите зборувале јазик различен од хеленскиот“, а подоцна некои нивни племиња биле “хеленизирани“. Тоа значи дека Хелените се појавиле подоцна и врз темелите на постара цивилизација ја изградиле својата митологија и култура.

Токму од таа пелазгиско-македонска средина се издигнал и Омер (Хомер) Македонецот, авторот на најголемите епски спевови во човечката историја, “Илијада” и “Одисеја”. Во нив, не се чувствува дух на хеленска држава, туку дух на северниот, пелазгиски свет, на борбени племиња со силен култ кон сонцето, земјата и семејството, карактеристики типични за старите македонски и словенски народи.

Овој “варварски” јазик, кој Пизистрат го превел на атински, не бил ништо друго освен древниот македонско-пелазгиски јазик, старословенскиот корен на кој подоцна ќе се надоврзат многу европски народи.

Тој јазик бил богат со согласки, со сложени зборови и со карактеристична мелодика која била тешко разбирлива за Хелените. Затоа тие делата не можеле ниту да ги читаат, ниту да ги рецитираат, сè додека Пизистрат не наредил нивен превод и адаптација.

Со тоа, Хелените ја преземале културната круна на едно туѓо наследство. Преку времето, ова “преведување” станало присвојување, а потоа и бришење на вистинските автори и јазик.

Во вековите што следеле, античка Атина ја изградилa својата слика како “раѓалиште на цивилизацијата“, користејќи ги токму овие дела како темел на својата култура. Но вистината е поинаква: тие темели биле поставени од народи постари од Хелените, од Пелазгите и Македонците, чии потомци ќе го зачуваат тој дух и преку милениуми ќе го пренесат во современиот македонски народ.

Затоа, кога денес ќе го спомнеме Хомер, треба да се сетиме дека тој не бил само поет, туку глас на древната Македонија, на времето кога јазикот, културата и духовноста на нашите предци биле носители на првите европски епопеи.

Преводот на Пизистрат не бил само книжевен чин, тој бил почеток на една идеолошка и културна узурпација.

Од тој момент, делата на Омер (Хомер) Македонецот биле препишани на хеленски, а вистинските творци, избришани од историјата.

Но вистината, иако потисната, секогаш излегува на виделина. И денес, кога археологијата, јазикот и митологијата повторно се читаат со отворен ум, станува сè појасно дека корените на европската култура не се хеленски, туку македонско-пелазгиски.

Или јада или бог на сонцето и ада земја

Илијада = Сончева земја = Македонија

11-MN copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top