Историја

ВМРО-СДРМА и идејата за „Македонија 51-та ѕвезда на американското знаме“

Makedonija 51 zvezda na USA zname2

Makedonija 51 zvezda na USA zname2

ВМРО-СДРМА – Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка – претставува период кога македонската слобода се бараше надвор од Балканот. 

Во време кога Македонија повторно се соочува со уцени, условувања и негирања на сопствениот идентитет, вреди да се потсетиме на идејата за Македонија како протекторат на Соединетите Американски Држави, симболично претставена како „Македонија 51-та ѕвезда на американското знаме“.

Оваа идеја не беше плод на фантазија или политичка наивност. Таа се роди од болка, репресија и длабоко разочарување во балканските и европските решенија, кои со децении ја решаваа Македонија без да го прашаат македонскиот народ.

По завршувањето на Втората светска војна, наместо мир и правда, македонскиот народ се соочи со нова неправда. Под изговор на „колективизација“ и „задругарство“, по селата започна масовна конфискација на имот, добиток, жито и земјоделска механизација. Немиот и намачен народ, кој со векови ја обработувал земјата за да го прехрани големото македонско семејство, повторно беше казнето – овојпат од сопствената власт.

Во такви услови, кај дел од македонската младина созреа радикална, но логична мисла: Македонија нема иднина во комунистичкиот балкански кафез. Решението мора да се бара надвор од балканските рамки. Така се раѓа идејата за Македонија како протекторат на Соединетите Американски Држави.

Епицентарот на овие случувања бил Прилеп, од каде што мрежата се ширела кон Битола, преку селото Цер, па сè до Кичево.

Во истиот историски контекст мора да се спомене и судбината на Методија Андонов Ченто, кој беше осуден затоа што се спротивстави на ставовите на Темпо и на тогашниот партиски врв – Видое Смилески Бато, Вера Ацева и Страхил Гигов. Ченто, како и овие млади луѓе, ја плати цената за идејата за самостојна и обединета Македонија.

Од март 1946 до пролетта 1947 година, во Прилеп се формира македонска револуционерна организација со јасна политичка цел – крајно политичко обединување на Македонија под покровителство на САД. Оттаму и името: ВМРО-СДРМА – Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка.

Во текот на летото 1947 година, организацијата зема сериозен замав и се проширува низ повеќе делови од Македонија. Но, како и многу други обиди за слобода во тоа време, и овој беше брутално задушен. УДБА реагираше со апсења и строги пресуди.

Глигор Крстевски, главниот организатор, беше осуден на три години затвор. Благој Рампов доби една година и шест месеци, а Благоја Мрмевски – десет години затвор. Сите пресуди беа донесени „во името на народот“, со образложение за наводна соработка со ВМРО на Ванчо Михајлов и обид за отцепување на НР Македонија од ФНРЈ.

Особено трагична е судбината на Вецко Стаматоски од село Цер, кој по осуда на осум години затвор беше убиен во затворот во Идризово. На судењето, Стаматоски јасно и достоинствено изјавил: „На американското знаме ќе додадеме уште една звезда–Македонија. Така, ние нема да одиме таму, туку Америка ќе дојде тука.“

Во тие зборови е содржана целата саможртва за самостојна и обединета Македонија.

За овој „проект“ е напишано малку. Освен сведоштвата на Глигор Крстевски, темата ја обработува и германскиот историчар Стефан Троебст од Универзитетот во Лајпциг, кој детално го анализира македонското прашање, улогата на ВМРО и различните визии за Македонија како „Швајцарија на Балканот“.

Идејата за „51-та ѕвезда“ никогаш не значела буквално приклучување кон САД. Таа била симбол, крик и апел – верување дека само надвор од европските и балканските договори, притисоци и наметнати решенија може да се најде правично решение за Македонија.

Денес, речиси осум децении подоцна, оваа тема повторно добива актуелност. Прашањето не е дали Македонија треба да биде 51-та ѕвезда на американското знаме, туку зошто, по толку години државност, македонскиот народ сè уште чувствува потреба да бара заштита и правда надвор од сопствената држава.

„51-та ѕвезда“ никогаш не се појави на американското знаме, но остана впишана во историјата како сведоштво за една генерација Македонци што се одбиле да се помират со негацијата.

Македонија денес треба да биде цврста ѕвезда на сопственото државно небо. А за тоа е потребно истото она што го имаа младите македонски патриоти во 1947 година – јасна свест за сопствената вредност и храброст да се каже „НЕ“ кога од нас се бара да се откажеме од самите себе.

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top