Историја

Ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци

ivan-shishmanov

ivan-shishmanov

Бугарскиот министер Иван Шишманов во разговор со францускиот публицист Гастон Рутие во 1903г.

Постојат историски сведоштва за изјава на бугарскиот министер Иван Шишманов во разговор со францускиот публицист Гастон Рутие, автор на книгата La Question Macèdonienne во 1903 г.

Во 1903 година, во еден разговор што денес звучи речиси пророчки како да ја кажал Нострадамус. 

Бугарскиот министер Иван Шишманов му вели на Рутие:

„По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци – ќе постојат само Македонци,…“

Оваа реченица не ја изговорил македонски револуционер, ниту „пропагандист“, туку бугарски министер, интелектуалец и државник и тоа во 1903 година.

Токму затоа таа и денес боли. Не затоа што е навредлива, туку затоа што е точна. Шишманов јасно ја разбирал непријатната вистина:

-Автономна Македонија значи крај на туѓите национални проекции.

-Значи крај на бугарскиот, српскиот и грчкиот инженеринг,

-Значи раѓање на нешто што веќе постои,

-Македонски народ со сопствени интереси, економија, политика и визија за иднината на Македонија. Ете затоа Македонија никогаш не смееше да биде автономна.

Парадоксот е суров. Уште на почетокот на XX век, дел од бугарската политичка елита знаела дека македонскиот идентитет не е вештачки производ, туку природен историски исход.

Знаела дека, ако на луѓето им се даде простор да дишат без туторство, тие нема да се нарекуваат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, туку Македонци.

И токму тоа сознание ја објаснува жестокоста со која македонскиот идентитет подоцна се негираше и сè уште се негира, ден денес, во летото господово 2026.

Историјата понекогаш е цинична. Тие што најрано ја препознаа македонската посебност, денес се најгласни во нејзиното оспорување.

Од Шишманов до современите политички ултиматуми, линијата е јасна: стравот не е од минатото, туку од иднината. Стравот дека Македонија, ако конечно биде оставена на мир, ќе престане да биде „прашање“ и ќе стане одговор.

Денес, повеќе од еден век подоцна, Македонија, на дел од својата територија е држава, но суштински сè уште се третира како експеримент. Како проект што постојано треба да се докажува, да се преименува, да се објаснува и да се коригира.

Како да не е доволно тоа што уште во 1903 година еден бугарски министер јасно кажал што ќе се случи ако Македонците добијат шанса.

И ете се случи!

Постоењето на македонскиот народ не е историска грешка, туку историска неминовност. Проблемот не е што Македонија постои, туку што предолго беше спречувана да ја биде!

А изјавата на Шишманов останува нем, но моќен сведок дека вистината за Македонија одамна е позната, само не им одговара на сите.

А кога вистината не им одговара на моќните, тогаш таа најчесто се нарекува „спор“.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top