Историја

Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија (2)

kiril-dobrusevski

УЧЕНИЦИТЕ ПИШУВАА ЛИЕТАРТУРНИ ТВОРБИ НА МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

kiril-dobrusevski
Кирил Добрушевски

-Во Горна Џумаја (денешен Благоевград) пристигнавме на самиот почеток на 1948 година, – започна да раскажува Менка Димнитровска. Ни беше приреден многу средечен пречек што доликува на еден толку голем и значаен настан за нашите Македонци во Пиринска Македонија. Јас и моите две другарки (Љубица Антевска од Куманово и Невена … од Кавадарци) бевме импресионирани, малку збунети, но солидно подготвени за ивршување на доверената задача.

По краткиот престој во Горна Џумаја, јас бев распоредена во убавото село, раштркано на падините на славната и опеана Рила, Бистрица. Во ова село, кое инаку, месното население во шега го викаше и Мал Лондон (се простираше во пречник од 20 километри), бев мошне добро применба.

Во седмолетката каде што работев веднаш воспоставив контакт со колешките и колегите. Особено се спријателивме со колешката по бугарски јазик –Автономка Николова, која многу ми помогна при сместувањето.

Ѕидниот весник – огледало на расположението на учениците

Кога ги започнав предавањата по македонски литературен јазик и македонска национална историја, кај учениците забележав голема возбуда. Тоа за мене беше сосема нормално, зашто тие деца, конечно, добија можност да го изучуваат својот јазик и историја. Она што за нивните родители беше само мечта, тие навистина го добија (барем тогаш).

Учениците со задоволство ги следеа часовите по овие два, за нив од историско значење, предмети. Впрочем, огледало на нивната расположаб беа литературните творби што ги пишуваа и објавуваа на ѕидниот весник што јас го уредува. Љубовта кон македонскиот јазик, македонската национална историја и кон слободата, учениците ги изразуваа во своите литературни творби напишани на македонски литертурен јазик. Ѕидниот весник, од ден на ден, стануваше се побогат и се поинтересен. Учениците се натпреваруваа кој ќе напише поубава литературна творба. Очигледно, тоа ја поттикнуваше љубомората кај моите колешки. Директорот често им префрлаше на колешките зошто тие не издаваат весник на бугарски јазик.

Мојата активност беше одбележана и во горноџумајскиот весник “Пиринско дело”

Покрај предавањата во училиштето јас имав организирано и курсеви по македонски литературен јазик и македонка национална историја за бригадирите што работеа на изградбата на патот Бистрица – Горна Џумаја и за бригадирите што ја градеа фармата. Првите беа, главно, интелектуалци – студенти, а вторите беа претежно од работничка младина. Со бригадирите подготвивме мошне солидна културно-уметничка програма која покрај во бригадирската населба ја дадовме и во горноџумајскиот театар.

Раководејќи се од љубовта на учениците кон македонската книга успеав да отворам во Бистрица библиотека со македонска литература. Мојата активност беше мошне позитивно оценувана, па затоа беше одбележана во “Пиринско дело”.

Многу ми е жал што моментно не можам да го пронајдам весникот “Пиринско дело”, а уште повеќе што не можам да ви најдам и примероци од ѕидниот весник со литературните творби на учениците. Ако ги пронајдам ќе ви ги дадам да ги објавите и да се уверите во љубовта на тие деца кон сопственото македонско национално битие…

За Резолуцијата на Информбирото дознав по неколку дена

Сите работевме со голема љубов и залагање. Токму затоа резултатите беа се подобри.  Работевме без да мислиме дека еден ден некој нашето дело ќе го пресече. Ваква надеж ми влеваа учениците и населението со кое доаѓав во контакт. Но, дојде и тој трагичен крај кога моравме да се разделиме со учениците и со пријателите.

Во времето кога дојде до објавувањето на Резолуцијата над Бистрица паѓаа силни дождови. Реката Бистрица толку многу надојде што го однесе и мостот. Така, кога јас се обидов да одам на предавање кај бригадирите бев приморана да се вратам зашто реката не се преминуваше. Така, за Резолуцијата разбрав по неколку дена од нејзиното објавување, кога дојдов во Горна Џумаја и ја посетив книжарницата на “Македонска книга”. Таму ме запознаа со ситуацијата и ми рекоа веднаш да се вратам во НР Македонија.

(Продолжува)

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top