Историја

Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија (5)

kiril-dobrusevski

НАСЕЛЕНИЕ СО ВИСОКА МАКЕДОНСКА НАИОНАЛНА СВЕСТ

kiril-dobrusevski
Кирил Добрушевски

– За Пиринска Македонија заминав со првата група која броеше 50-мина учители од НР Македонија. Во Горна Џумаја ни беше приреден величенствен пречек кој се приредува на луѓе кои долго, многу долго биле очекувани во таа средина, -вели Љубинка Граматикова, сега Петкова.

По импресивните свечености што ни беа приредени во Горна Џумаја, јас заминав за Светиврачко, во селото Горна Белица. Ова село се наоѓа на едно возвиешение, а во тоа време броеше околу 300 куќи. Во седмолетката во којашто предавав македонски литературен јазик и македонска национална историја имаше близу 300 ученици. Директорот на училиштето беше од Горна Белица, мошне добар македонски патриот. Поголемиот број на учителите, исто така, беа Македонци, но имаше некои учители од Северна Бугарија.

Во оваа седмолетка беше навистина прекрасно да се работи. Имав работа со ученици коишто беа толку многу внимателни на предавањата, ученици кои со невиден ентузијазам беа посветени на се што беше поврзано со изучувањето на македонски литературен јазик и македонска национална историја. Како да сакаа што побрзо да ги “истресат” од себе влијанијата на големобугарската пропаганда. Тие многу се радуваа на можноста да се наобразуваат на својот мајчин јазик зашто никогаш не помислуваа дека некој, некогаш врз нив ќе врши насилство да се декларираат она што, всушност, не беа и не можат да бидат. Присоединувањето на Пиринска Македонија кон НР Македонија за нив и за нивните родители, како и за пиринските Македонци беше, речиси, остварена мечта…

Јас, како и моите колешки и колеги, бевме многу млади, можам да речам и недоволно искусни. Но, нашата готовност и желбата успешно да ја извршиме мисијата, вродуваа плодови. Ако населението и учениците не ја имаа онаа високо изразена македонска национална свест и гордост, можеби немаше толку успешно да ги извршуваме доверените задачи. Но, тие со нивната желба да го присвојат своето и да не дозволуваат во тоа никој да им попречи, го распламтуваа нашиот ентузијазам. Насекаде каде што ќе се најдевме, ние бевме удостојувани, помагани и најискрено сакани и ценети учители. Тоа ги лутеше учителите – Бугари, но, тие остануваа немоќни пред љубовта и волјата на населението и учениците.

И мојата активност, како и активноста на другите мои колешки и колеги, не завршуваше во училиштето. Јас, заедно со моите колеги од Пиринска Македонија, често организиравме приредби, таканаречени “македонски вечери”. На тие приредби ечеа македонски песни, ора и стихотворби. Тоа беа прекрасни настани, незаборавни доживувања и за мене, а уште повеќе за месното население.

Нашите пирински браќа и сестри беа задоволни со она што го направи Георги Димитров за нив, а и за нас. Тие често велеа: “Ние сме Македонци, исто како и вие, па тогаш зошто да не сме заедно, во иста држава?”

Никој од нив, како и од нас што бевме појдени во Пиринска Македонија за да ја шириме просветата и културата на македонски литературен јазик, не можеше ниту да помисли дека еден ден ќе дојде до она што дојде! Но, за жал, дојде до она најнесаканото, најлошото…

Јас и некои мои колеги како да претчувствуваме дека нешто ќе се случи: пред да биде објавена Резолуцијата на Информбирото, бевме веќе заминале дома. По завршувањето на летниот одмор, јас се надевав дека одново ќе заминам за Белица. Но, уследи онаа сурова стварност и тоа не беше можно, зашто во Пиринска Македонија одново почна големобугарската пропаганда да врши пресија врз Македонците да се откажат од својот идентитет. Но, сметам дека тоа е невозможно, иако се случува сето она што не требаше ниту да се помисли. Силата и колку да е голема не може да го откорни од серцата македонското чувство.

Продолжува

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top