Историја

Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија (6)

kiril-dobrusevski

ЧЕСНО И УСПЕШНО ЈА ИЗВРШУВАВМЕ НАШАТА ЗАДАЧА

kiril-dobrusevski
Кирил Добрушевски

-Одлуката на Министерството за просвета на НР Македонија за одење во Пиринска Македонија ја примив со голема радост, – вели Васка Антонова, која учителствуваше во една седмолетка во Горна Џумаја (Благоевград). Кога бев известена дека треба да заминам на работа во Пиринска Македонија, јас бев пресреќна, пред се, поради тоа што ми беше доверена толку значајна и благородна мисија и, конечно, да предавам македонски литературен јазик и македонска национална историја токму во Пиринска Македонија. Без многу размислување јас и го оставивив на мајками моето малечко дете на чување и заедно со мажми Арсо заминавме на работа во Горна Џумаја.

Нашата радост беше оправдано голема. Ние бевме импресионирани од пречекот на југословенско-бугарската граница. Тоа беше спонтан, средечен и топол пречек, израз на една голема љубов и бескрајна среќа што “бришењето” на границата меѓу нас и нашите браќа од Пиринскиот дел на Македонија беше на повидок. Насекаде бевме пречекувани со песни и ора, транспаренти и скандирања во знак на остварување на вековните мечти на мекедонскиот народ за обединување.

Јас бев распоредена во една горноџумајска седмолетка. Работата ја започнав со посебен ентузијазам, а односот на учениците кон предметите што ги предавав придонесуваше тој ентузијазам се повеќе да се разгорува. Нашата мисија како на просветни дејци, така и на оние од театарот, книжарницата и другите имаа извонредна поддршка кај населението. Токму затоа нивното значење за македонското дело е многу големо.

Кога веќе зборувам за изучувањето на македонскиот литературен јазик, должна сум да нагласам дека тоа изучување не беше од класичен тип. Ние во училиштата, како и на курсевите, предававме лекции по македонски литературен јазик, кој, од познати причини не можеше да биде изучуван во училиштата. Зашто, учениците зборуваа на свој јазик што го научиле во своите родителски домови кој беше одгледуван љубоморно со столетија од нашите луѓе во Пиринска Македонија. Мошне ме импресионира што моите ученици – Македончиња од Горна Џумаја, многу брзо ги сфаќаа законитостите на македонскиот литературен јазик, па можеа мошне чисто да зборуваат. Очигледно, причините за тоа беа мошне јасни: она што за нивните родители беше само сон, тие имаа среќа да го видат на јаве.

Голем интерес за македонските изданија на весници и книги

Покрај часовите во училиштето јас вршев и други работи. Бев задолжена за пласирање на списанијата и за Пионерскиот весник во цела Пиринска Македонија. Интересот на учениците за Пионерскиот весник беше зачудувачки голем: 7.000 примероци не беа доволно за да се обезбедат сите ученици!

Од ден на ден меѓу населението се повеќе растеше интересот за се што беше македонско. Така, сосема спонтано дојде и до организирање и на курсеви за возрасните. Јас во Горма Џумаја водев еден таков курс. Предавањата по македонски литературен јазик, главно, се состоеја од изучување на специфичностите на македонскиот јазик и разликите меѓу нашиот и бугарскиот јазик.

Македонците од Пиринска македонија во тоа време доживуваа вистинска ренесанса на просветен и на културен план. Среќна сум што заедно со нашите браќа од тој дел на Македонија можев, макар толку кус период, да ја делам радоста. Но, за жал, сето тоа многу кратко траеше. Сите соништа со објавувањето на Резолуцијата на Информбирото беа збришани, но нашето дело, ние чесно и успешно го извршувавме…

Искажувањата ги подготви Кирил Добрушевски

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top