Историја

Крушевскиот манифест

Vostanicki_shtab_vo_Krushevo

Vostanicki_shtab_vo_KrushevoБраќа земљаци и мили комшии!

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.

Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.

Ние не дигнафне пушка протиф вас – това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот – тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме – доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.

Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите – никому зијан не ќа сториме.

Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!

Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на “Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!

Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!…

Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо – а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!

Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!

Ура! За “Афтономна Македонија”!

ШТАБОТ НА КРУШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ГО ОБЈАВУВА ВОСТАНИЕТО

2 Август 1903 г.

Слобода или смрт!

Штаб на крушевските востаници
Но1219
Гората, 1903

До раководителот на Крушевскиот околиски револуционерен комитет и до началниците на грчките, влашките и албанските групи

Браќа

Брзаме да ви го честитаме востанието!Денеска цела Крушевска околија заедно со цела Македонија крена востание и вика:Долу тиранијата!Да живее слободата и рамноправноста меѓумакедонските народности! Камбаните насекаде бијат, народот со чудесна радост се прибира под знамето на слободата.Момите и невестите ги китат со цвеќиња главите и пушките на востаниците!До што турчин се најде по патиштата и селата, се фати и е пленик и залог.Насекаде пеење, радост и веселба.Гориме од нетрпеливост и ќекаме ноќ, за да дојдеме и да го заземеме Крушево, та заедно со целиот народ да ГО ИЗВИКАМЕ ПОБЕДОНОСНОТО МАКЕДОНСКО УРА!

Бог и правото се со нас!

Да живее Македонија!

Потпишале:

Питу Гули,
Иван Алабак,
Андреја Димов,Ѓурчин Наумов и Ташко Карев.

Штаб:

Никола Карев,
Томо Никлев,
Тодор Христов,
Антиноген Хаџов.

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top