Историја

Јас светот го освојувам за Македонците

Alexander_the_Great

Alexander_the_Great
Замислата да создаде ново светско општествено уредување, каде сите народи, раси, религии и култури ќе се испреплетат во рамките на големото Македонско Царство со нов главен административен, културен, трговски, економски, верски град, според тврдењето на Хераклит и раскажувањето на Александријците, “…по плановите на своите архитекти” и, “…себеси на спомен основал голем многунаселен град… и му го даде своето име, – вели Плутарх.

Александрија помеѓу езерото Марсот и островот Фар била со архитектонско – градоградителска композиција во вид на македонска хламида, според планот на македонскиот архитект Дејнократ Родоски и под раководство на градењето на Клеомен од Навкратис новата светска македонска престолнина почнала да се гради при крајот на 332 и во почетокот на 331 г.п.н.е. и до изградбата на Константинопол Александрија во Египет била најважниот центар на Средоземното Море, во неа била изградена најголемата библиотека на античкиот свет, чиј директор во III век п.н.е. бил славниот македонски научник Ератостен.

alexander-portraitОколу I век населението на Александрија броело околу 1.000.000 жители, а нејзината површина околу 100 г.п.н.е. достигнала 891 хектар. Филип II Македонски (359-336 г.п.н.е.) – татко на Александар III Македонски Александар III Македонски во седуммилионскиот Египет бил единствениот што ги имал добиено сите божји почести изразени во три ранга и тоа: како Хорус бил бог, како “син на Ра” бил син на Господ и како “сакан од Амон” тој бил миленик на боговите, односно избран од Ра. По освојувањето на Египет и неговото прогласување за фараон на Египет, успеал да ги освои сите четири престолнини на Персиското Царство: Вавилон, Суза, Персепол и Екбатана. Во Суза го зароби големото богатство на Дариј III Кодоман во износ од околу 50.000 таланти во злато и сребро, а уште со поголемо богатство се здобил во Персепол и Расаргада. Во 331 г.п.н.е. таканаречените Елини од Спарта со помош на персиски “дарики” дигнале востание против македонското владеење, но искусниот и одлучниот Филипов генерал Антипатар го задуши востанието со победата над Спартанците кај Мегалопол со што му овозможил на Александар III Македонски да го продолжи својот победоносен од кон североисточните покраини на Дариевото Царство. Во 330 г.п.н.е. Дариј III Кодоман се засолнил во Медија, но успеал да присобере само 6.000 пешадијци и 3.000 коњаници, па затоа отстапил од Ербакана кон Бактрија и во 330 г.п.н.е. бил убиен од неговиот сатрап Бес, кој бегајќи од македонската коњаница и македонската непобедлива фаланга се упатил кон Исток. Во 329 г.п.н.е. македонската војска ја минала реката Парапамис и влегла во Бактрија, а потоа ја минала и Окс (Аму – Дарја), каде Александар III Македонски го фатил и го погубил Бес, а потоа избил до Јаксарт (Сир – Дарја) на североисточната граница на некогашното Персиско Царство каде останал се до пролетта 327 г.п.н.е. Откажаната послушност Оставајќи силна војска во Бактрија, летото 327 г.п.н.е. Александар III Македонски повторно ја поминал реката Парапамис со околу 40.000 луѓе, меѓу кои имало и нови поданици, а во пролетта 326 г.п.н.е. го преминал Инд и кај реката Хидаспа го победил индијскиот крал Пор.

Во периодот на тропски дождови Александар III Македонски го продолжил своето освојување и истражување на Пенџап, стигнал до реката Хифаса, меѓутоа исцрпената Македонска војска за првпат му откажала послушност на македонскиот цар со пасивно однесување, кое се заканувало да се претвори во отворен бунт, затоа наредил повлекување назад кон Татковината. Со новоизградената Македонска флота македонскиот цар Александар III Македонски и македонскиот адмирал Неарх со еден дел од Македонската војска се спуштиле 1.600 км. по реката Инд се до нејзиниот влив во Индискиот Океан, каде стигнале во 325 г.п.н.е., а другиот дел на Македонската војска под водство на македонскиот војсководец Кратер го следеле по копно. Оттаму Кратер со дел од војската бил испратен преку Арахозија кон Вавилон, а првиот македонски адмирал Неарх со Македонската флота бил испратен на научна експедиција покрај брегот на Персискиот Залив, додека Александар Македонски со главнината на Македонската војска тргнал преку пустинските предели на Гедрозија и стигнал до Пура, оставајќи три четвртини од својата војска во суровите пустински предели на Гедрозија, а во декември 325 г.п.н.е. се состанал со Кратер кај Пасаргада и веднаш се упатил кај Суза каде стигнал во февруари 324 г.п.н.е. Воспоставувајќи го својот авторитет со преземање енергични мерки, Александар III Македонски пристапил кон огромни подготовки за поход на Арабија со цел да ги поврзе своите најбогати покраини, Вавилон и Египет. Војската и флотата веќе биле подготвени за поход, но, според едни извори, на 10 јуни, а, според други извори, на 13 јуни 323 г.п.н.е. Александар III Македонски умрел во Вавилон, како последица на болест или на постепено труење.
falanga4
Импозантното дело на Александар III Македонски е создадено благодарејќи на неговата исклучителна интелектуална и генијална воена способност, благодарејќи на надмоќноста на непобедливата Македонска војска која ја воделе исклучително надарени македонски генерали во походот за освојување на светот и во најголемата научна експедиција за запознавање на светот. Александар III Македонски е заслужен за ширење на македонска и македонистичка култура по источните земји со цел преку огромното Македонско Царство со територија од 3,8 милиони квадратни километри од Македонија (Македонскиот Полуостров) и Средоземното Море до Инд и од Нил до Јаксарт (Сир – Дарја) да ги обедини мноштвото народи, раси и култури. Тој создал нова ера за историјата на човештвото, обидувајќи се да ја обедини Западната, т.е. Македонската култура со Источната култура, создавајќи нова епоха на македонство и македонизам, каде духовното и интелектуалното наследство на Македонија, како митолошка, предисториска, историска и предбиблиска земја, на Македонците, како најстар цивилизиран народ на светот, на македонството, како супстрат на најстара писмена и друга традиција на светот, и на македонизмот, како најпрогресивно светско движење со филозофијата на македонскиот синкретизам како “поле за културен натпревар на народите”, навлегло, ги соживеало и надживеало сите облици на римскиот живот и култура поставувајќи ги темелите не само на новата Западна цивилизација, туку и на целиот цивилизиран свет.

Клаудија Лутовска
(Од истражубањата на Васил Иљов)

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top