Историја

Пожарот не ја изгоре вистината, оригиналниот Абецедар е во Скопје

abecedar
abecedarВангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер, му го подарил букварот на Архивот на Македонија пред триесетина години.
Во Република Македонија има само еден зачуван примерок од оригиналното издание на „Абецедар“, првиот буквар за македонските деца отпечатен пред 81 година во Грција. Книгата се чува во посебно депо во Архивот на Македонија и најверојатно тој примерок е еден од трите зачувани при уништувањето на целиот тираж во 1925 година. Учебникот е зачуван благодарение на грижата на Вангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер од Егејска Македонија, кој му го подарил букварот на Архивот пред триесетина години.
Ајановски ја добил книгата при крајот на Втората светска војна од еден македонски учител од Егејска Македонија, кој успеал да ја спаси од уништувањето. Кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век тој решил да и’ ја подари целата своја лична архива на државната институција, откако повеќе од четири децении ја чувал во своето семејство. Ајановски беше создавач на Македонската антифашистичка организација (МАО) и на Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО) во Воденско во текот и по Втората светска војна.
Другите два примерока на букварот, како што дознаваме, се во Градската библиотека на Виена, Австрија, односно во Националната библиотека во Атина, Грција. Оригиналниот примерок од Атина беше искористен од Македонците од Грција за да се направи копијата на „Абецедар“ чија промоција неодамна беше одржана во грчката престолнина. Букварот, наменет за описменување на македонските деца, претставува еден од најзначајните докази за постоењето на Македонците во Грција, кое грчките власти упорно го негираат.
Книгата беше отпечатена во Атина, во 1925 година како резултат на барањето на Друштвото на народите за да се обезбеди заштита на македонското малцинство во Грција. На 10 август 1920 година Грција потпиша договор пред Друштвото на народите за давање малцински права на граѓаните во Грција што не се етнички Грци. Договорот е потпишан во францускиот град Севр и во него пишува дека во Грција живеат припадници на повеќе народи, на кои грчката влада се обврзува да им ги даде основните национални права.
Но, судбината на букварот „Абецедар“ беше трагична – целиот печатен тираж бил запален и уништен во исцениран напад на возот со кој бил пренесуван кон местата во Грција каде што живеат Македонци.
Георги Ајановски, познат македонски новинар, посочува дека неговиот татко Вангел сосема случајно го добил букварот „Абацедар“.
– Тоа се случи во 1944 или во 1945 година, при една негова средба со еден од учителите што предаваше во македонските училишта. Татко ми ми раскажа дека желбата на учителот била букварот да послужи за описменување на најмладите македонски генерации и во другите краишта на Македонија. Познато е дека во тие години немаше никаков учебник од кој децата можеле да се описменуваат – вели Ајановски.
Тој додава дека овој примерок на букварот најверојатно го спасиле луѓето што први пристигнале до запалениот воз во чии вагони се наоѓал целиот тираж на изданието.
Европското биро за помалку употребуваните јазици, (ЕБПУЈ), Комитетот во Грција на ЕБПУЈ и Европската слободна алијанса – „Виножито” на 12.Октомври 2006 ја објавија книгата „Буквар-абецедар” на македонски јазик.
Книгата има два дела. Првиот дел е егзактна копија на Абецедарот од 1925 година, книга која беше наменета за македонското население во северна Грција. Тогаш европските држави преку Друштвото на народите ја притиснаа Грција да отпечати абецедар-буквар за учење македонски. Абецедарот, за жал, никогаш не стигна до македонските деца и беше конфискуван и уништен веднаш по отпечатувањето од грчките власти.
Покрај тоа, книгата го содржи историјатот на Абецедарот од 1925 година, поздравниот текст на претседателката на ЕБПУЈ и на преседателот на грчкиот комитет и благодарноста на членовите на „Виножито” до грчката влада, бидејќи книгата е отпечатена со пари од грчкиот буџет. Имено, дел од средствата што ги доби „Виножито” од Грција по осудувачката одлука на Европскиот суд за човекови права во Стразбур против Грција и во корист на „Виножито” околу истакнувањето на двојазичната табла во Лерин 1995 година се искористија токму за печатењето на ова книга.
Вториот ден на книгата е современ буквар на македонски јазик како што тој се изучува денес во целиот свет.
Книгата е отпечатена на три јазици: грчки, англиски и македонски, веќе се дистрибуира во Грција и предвидено е да се промовира во ноември во Атина, Солун и поголемите градови во северна Грција, каде што живее македонско население.

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top