Историја

Вториот Илинден на македонскиот народ

asnom

asnom

Во текот Втората светска војна воените и политичките успеси на ослободителното движење во Македонија го забрзаа развитокот на органите на народната власт. Во 1943 година целата територија на Македонија беше опфатена со народноослободителни одбори, а на слободните територии започна формирањето и на повисоки органи на народната власт (околиски и обласни НО одбори).

Во такви услови се пристапи кон подготовките за создавање на антифашистичкото народноослободително собрание (АСНОМ). За таа цел во есента на 1943 година беше формиран Иницијативниот одбор, кој во март 1944 година донесе одлука за избор на градски, селски, околиски и окружни одбори, како и за изборот на делегати за Првото заседание на АСНОМ.

Во пролетта и летото 1944 година се одржаа селски, градски и окружни конференции во повеќе од 500 НО. Во најголемиот дел на Македонија беа избрани раководствата на органите на народната власт и 116 делегати за Првото заседание на АСНОМ.

На 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински започна Првото заседание на АСНОМ, на кое присуствуваат избраните делегати и повеќе делегации меѓу кои и шефовите на Американската и Англиската воена мисија, акредитирани при Главниот штаб на Македонија мајорот Дикенсон и капетанот Лемби

Точно во 5,15 часот попладне, најстариот по години член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител од Велес, го отвора заседанието со следните зборови:

„Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински” и на овој историски ден ИЛИНДЕН, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници, многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци на Гоце Делчев и денешните Илинденци, младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи, слободна, обединена Македонија.

Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчание). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија!

Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена, 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но, разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија, Крушовската република, го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство.

Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи.. се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба, на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал.

…Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки… Да е жива нашата мила македонска.. држава!…”

Првото заседание на АСНОМ претставува државно конституирање на македонскиот народ. На него се донесоа повеќе решенија меѓу кои: конституирање на АСНОМ во Врховно законодавно и исполнително тело на Македонија; за оддавање благодарност на Главниот штаб и на борците на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија; за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава; декларацијата за основните права на граѓаните во демократска Македонија и др.

На Заседанието е избран Президиум во состав: претседател (Методија Андонов-Ченто), двајца потпретседатели (Панко Брашнаров и Мане Чучков) и 18 членови (од кои два секретара: Љупчо Арсов и Владо Полежина), како и повеќе помошни тела на Президиумот.

Во прокламацијата до македонскиот народ, која е објавена од заседанието на АСНОМ се вели: „Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денеска Првото народно собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет”…

Меѓутоа, ако со Крушевската  Република се поставија темелите на македонската држава, со Вториот Илинден македонскиот народ се стекна само со ограничен суверенитет. Дури со почетокот на Третиот Илинден (8 септември 1991) македонскиот народ доби целосен суверенитет. Но, Третиот Илинден сеуште не е завршен, тој сеуште трае и ќе трае се додека македонската држава не се обедини и македонскиот народ не заживее онаков среќен живот каков го заслужува по сите претрпени ропски маки.

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top