Историја

Второто Илинденско востание

todor-aleksandrov

todor-aleksandrov

Една многу интересна работа која не е позната многу во македонската историја, а е забранета во бугарската историја, имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров, бугарскиот цар да го исполни своето ветување кое го дава на македонските револуционери за време на Првата Светска Војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел, Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владат и бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот.

Царот и премиерот бугарски во паника го признаваат македонското малцинство и од страв на делување на Тодор Александров против државата се зближува со Сандански кој формира партија и пушта свои луѓе во бугарскиот парламент, тврдејќи дека само на демократски начин Бугарија ќе ја признае Автономна Македонија, но Александров кога дознал за тоа ги подигнал на оружје сите македонски комити кои биле распоредени во Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) – во еден натпис во весникот „Илинден“ оваа општа мобилизација се опишува како второто Илинденско востание, но било и повеќе од тоа.

Александров вооружал и ставил на готовс 150 000 македонски комити низ цела Македонија кои биле спремни на повикот „Слобода или Смрт“ да го дадат својот живот за Војводата Александров. Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за Македонја.

За четири дена го завзел Ќустендил, ги разоружал бугарските полицајци и војска и ја осигурал границата на месноста Мал Завој кој гледал на Крива Паланка, Ќустендил го држел под власт цели 24 дена за кое време планирал напад и влез во Вардарска Македонија, чекајќи над 100 000 македонски комити од цела Македонија.

Првите 35 000 комити ги распоредил околу градовите Паланка, Кратово и Куманово и се подготвил за вооружена пресметка со српската војска. 5 000 македонски комити оставил во Ќустендил, а другите 12.000 од 17.000 кои го зазеле Ќустендил ги повел во битка, но на излезот од Ќустендил, кај селото Ѓуешево, бугарската војска координирана со српската, која чекала од другата страна на границата, го сопрела на преговори.

Тодор Александров, чекајќи ги 100.000 комити од Егејска и Вардарска Македонија увидел дека е надброен и се сложил на преговори. Бугарската војска го оставила да се повлече од Ќустендил и да ги разоружа македонските комити со цел да се почнат преговори за Автономна Обединета Македонија.

Неколку месеци по оваа акција, Тодор Александров е убиен од предавници.

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top