Историја

Македонците предводени од Александар го задушуваат бунтот во Теба и ги покоруваат останатите грчки полиси

AlexanderConquestThebesTrans

Д-р  Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

(од праисторијата до почетокот на 21 век)

AlexanderConquestThebesTrans

Кога слушна за настаните во Теба (бунтот во Теба против Александар и Македонците, н.б.), Александар сметаше дека треба да се разберат сериозно, зашто одамна се сомневаше во Атинскиот полис и беше многу загрижен за обидот на Тебанците; бунтот можеше да се прошири и кај Лакедајмонците и кај некои други на Пелопонез и пред сеж кај Ајтолците. Заради тоа  за седум дена  стаса во Тесалија. Оттаму за шест дена влезе во Бојотија, додека не пристигна во Онхест со целата војска.

…Следниот ден Александар стаса до Теба… Таму се залогори, давајќи им можност на Тебанците да се предомислат и да испратат пратеници кај него. Тие пак беа далеку од тоа да покажат некаква понизност… Така, излегувајќи од државата, коњаниците и голем број лесно вооружени војници се упатија против логорот и стрелаа врз предни-те стражи, а и убија неколкумина Македонци. И Александар испрати лесно вооружени војници и стрелци за да го одбие нивниот напад… Следниот ден тој (Александар, н..б.) ја покрена целата војска и ги опкружи портите што водеа во Елевтера и во Атика. Александар пак, сметајќи дека повеќе доаѓа како пријател кај Тебанците одошто како непријател, чекаше залогорен близу Кадмеја…

…Потоа Пердика беше погоден и тешко беше излечен од раната. Неговите луѓе, придружувајќи им се на Александровите стрелци, ги притиснаа Тебанците и ги следеа Тебанците додека не се повелкоа кон Хераклејон. Но кога Тебанците повторно се вратија со боев вик, Македонците се дадоа во бегствто. Штом Александар разбра дека неговите војски се во бегство, а дека Тебанците при гонењето се со растурен боев ред, им ја спротивстави фалангата во боев ред. Тебанците беа притиснати внатре во портите и толку многу се разбегаа, што при бегањето кон градот не успеаја да ги затворат портите. Така, Македонците што ги гонеа влегоа со нив во ѕидините…

Бидејќи Македонците ги притискаа од сите страни и Александар се појавуваше де од една, де од друга страна, тебанската коњица се втурна кон полето, а пешадинците се спасуваа кому како ќе му се згодеше. Потоа,  во бесот, не само Македонците, туку и Фокидците и Платајците и останатите Беотијци, иако не се бореа Тебанците, ги убиваа без каков и да е ред…

Овој грчки пораз и според големината на загубениот полис и според острината на дејството и општо земено, не помалку заради неочекуваноста на настанот и за по-бедителите и за победените, онолку колку ги уплаши самите учесници во настанот, ги уплаши и сите други Хелени. Сикелискиот пораз на Атинците, иако според многубројноста на убиените му донесе не помалку беда на полисот, сепак бидејќи војската им беше униш-тена далеку од домот, а мноштвото од неа беше составен од сојузници наместо од домашни војници и им остана полисот, па и подоцна се бореа со Лакедајмонците, со сојузниците и со великиот крал (се мисли на Персија, н.б.)…

Од друга страна, кај Тебанците востанието беше кренато набрзина и необмислено и до заземањето дојде без мака за освојувачите и со многуброен колеж,како што се случува за сродни народи заради стара омраза. Целосното поробување на по-лисот, којшто беше меѓу првите по сила и воена надмоќност во Хеленија, сосема природно беше доведувано во врска со божески бес: дека Тебанците на долго и на широко го отплаќаат пре-давството на грчката цел во Персиските војни…

Александар реши да им ја довери Теба на сојузниците што учествуваа во нападот: да се распоредат во Кадмеја, а полисот да го срамнат со земјата, територијата да се раздели меѓу сојузниците, а да се сочуваат светилиштата; децата, жените и преживеаните Тебанци да се поробат, освен свештениците и свеш-теничките и оние што им биле пријатели на Филип или на Александар, или пак домаќини на Македонците…

Штом останатите Хелени разбраа за судбината на Тебанците, Ајтолците испратија пратеници, племе по племе за да добијат прошка. Атинците избраа 10 пратеници од сите Атинци, луѓе познати по пријателските односи со Александар, и ги ис-пратија кај него да му ги пренесат ненавремените честитки од граѓаните на Атина, што се вратил безбедно од походот на Илирите и Трибалите и што ги казнил Тебанците за востанието. Александар претежно со пријателски тон му одговори на прате-ништвото, но напиша едно писмо, во кое ги бара Демостен и Ликург, Хиперејда и Полиеукт и Харит, зашто нив ги обвинува за поразот кај Хајронеја и за грешките  што подоцна се направени при Филиповата смрт, против него и Филип. Тој исто така им покажа дека се виновни за тебанското востание не помалку од самите Тебанци востаници. Атинците не ги предадоа овие луѓе, туку испратија второ пратеништво кај Александар, молејќи го да го смали бесот кон оние што ги побара. Алексан-дар постапи така, можеби  заради почитта кон полисот, или за-ради тоа што брзаше за походот против Азија и зад себе си не сакаше да остави меѓу Хелените ништо, на што не можеше да му верува.

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top