Историја

Говор на Павле Раковски на II конгрес на НОФ

pavle-rakovski

Чување и зацврснување на македонското единство и на нашето борбено единство  со грчкиот народ- 26 март 1949 година.

pavle-rakovski

ЗАДАЧИТЕ НА НОФ

„… ДАГ е вооружената авангарда на народот, на грчкиот и на нашиот, која достојно ја брани нашата земја од дефинитивното поробување и катастрофа. Помасовното учество на нашиот народ во редовите на ДАГ и уште поголемата помош за неа, е основната задача на НОФ.

Нашето единство, македонското, како и понатаму борбеното единство со грчкиот народ, е неопходен предуслов за победата. Без нашето македонско единство и без понатаму борбено единство со грчкиот народ, ќе доживееме само катастрофи. Нашите непријатели го знаат тоа и затоа прават се што можат за да не расцепат. Но народот се има многу напатено од такви расцепи, тој има искуство и не се мами. Кој прави шу-шу со цел да го скрши нашето единство како Македонци, кој прави шу-шу-шу со цел да не раздели од борбениот грчки народ, од соборците…Тој работи во корист на непријателот и за нашата катастрофа. Целите на борбата на ДАГ, целите на ПДВ, целите на политичката линија на КПГ во врска со нашето македонско прашање се многу јасно формулирани во Резолуцијата на Вториот пленум на ЦК на КПГ.

Не треба да постои никакво сомневање дека како резултат на победата на ДАГ и на народната револуција, македонскиот народ ќе има свое полно востановување, такво какво што самиот сака, пролевајќи ја денес својата крв за да го извојува тоа. Тие се и нашите цели, целите на политиката на НОФ… Чувањето на македонското единство, чувањето и зацврстувањето на нашето борбено единство со грчкиот народ, чувањето на чистотата на политичката линија и нејзиното популаризирање е обврска на сите нас, на секој член на НОФ, на секој Македонец и секоја Македонка патриот…”

Извор:

ДАРМ, фонд: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, а/е 37/Б/49;

Архив на Македонија, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.VI, Скопје 1983, стр 147-148;

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top